Совозач загина во сообраќајка
Арачиновката С.П. (23) загина во сообраќајна несреќа што се случи во средата на регионалниот пат меѓу Скопје и Тетово. Според МВР, околу 18,50 часот дошло до судир меѓу „голф“, управуван од Ј.Б. (28) од Арачиново, и „шкода“ со италијански регистарски таблички, управувана од С.Р. (42) од селото Копаница. Сопатничката во „голфот“ С.П. (23) починала на пат кон болница, додека двајцата возачи и тројца сопатници во „шкодата“ се здобиле со повреди и се пренесени во Ургентниот центар. (Г.А.) |