Брoj 2791  петок, 19 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Дневен хороскоп



Овен

Сите активности денес тапкаат во место. Се надевате дека набрзо ќе ги решите сите проблеми, но се лажете. Мора да бидете трпеливи, толерантни и дисциплинирани. Насочете се кон семејството и партнерот и надевајте се на промени кон подобро.



Бик

Чувствувате потреба да изразите љубов, но на индиректен начин. Бидејќи претходните денови ви се случија многу неочекувани работи, се' ќе ви оди тешко. Важно е да сакате да ги подобрите односите со блиските и ќе успеете во тоа.



Близнаци

Денот е идеален за комуникација, а долго време го посакувавте тоа. Правете планови за дружење колку што можете повеќе. Потрудете се да избегнувате расправии со извесно лице. Се советуваат позитивни потези, бидејќи многу работи ви излегуваат од контрола.



Рак

Полни сте со елан. Брзате и сакате да завршите што повеќе заостанати работи. Постои период кога ништо не ви поаѓа од рака, но и период како овој кога едноставно и лесно постигнувате резултати. Бидете брзи и одговорни на работното место.



Лав

Физички сте исцрпени, бидејќи работите многу. Доколку сакате да си го зачувате здравјето, потрудете се да ги намалите активностите. Немојте подоцна да се жалите ако се префорсирате и ако ги прецените своите можности. Нервниот систем е на удар.



Девица

Каде и да се наоѓате, одлично се чувствувате. Во елемент сте. Планетите ви испраќаат само позитивно влијание. Доколку не го искористите тоа, никој не е виновен. Зошто да лутате кога се' е така едноставно, барем денес. Дружете се со истомисленици.



Терезија

Успешен ден. За да го подобрите расположението морате да пронајдете внатрешна хармонија. На мистериозен начин ги совладувате проблемите од финансиска природа. Кога подобро ќе размислите, ќе сфатите дека беспотребно се нервиравте.



Скорпија

Во прв план ви е љубовта. Избегнувајте екцесни ситуации, бидејќи лесно може да дојде до прекин на и онака разнишаната врска. Бидете дипломати и попуштајте доколку околностите го побараат тоа од вас. Личноста покрај вас некогаш ви пречи, но не можете без неа.



Стрелец

Партнерот ве излудува, бидејќи сте сосема различни. Тој се труди да ви угоди, но нема да му успее. Колку повеќе вложува напор толку сте посигурни дека прави погрешни работи. Но, не нервирајте се, ситуацијата ќе се промени во ваша корист.



Јарец

Ви годи осаменоста, и тоа поради уметничката наклонетост. Станавте свесни за проблемите и контактите со околината. Размислувајте за разочарувањето од некого во кого верувавте. Сакате да ја прекинете врската.



Водолија

Убавите моменти брзо поминаа, па мора да се соочите со сопствените слабости. Не ви е лесно, но затоа имате пријатели кои ве поддржуваат и расположуваат. Тие ќе ве разгалат и ќе ви го подобрат расположението. Дружете се.



Риби

Голем дел од припадниците на знакот мора да совладаат многу предизвици. Додека седите и медитирате, времето поминува, а проблемите растат. Вака веќе не оди. Кажете јасно и гласно што сакате и почнете нешто да работите.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ