Број 3343  вторник, 27 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Транспортен кошмар во Грција

Наместо „добро утро“, Грција се разбуди со парализиран авионски сообраќај и огромни редици пред бензинските пумпи поради штрајковите на контролорите на летање, но и на превозниците и сопственици на камиони и цистерни. Превозниците во знак на протест блокираа и цела лента од автопатот од Солун кон Атина.

Штрајкот на контролорите на летови им создаде главоболки на патниците, бидејќи летовите доцнеа од 15 минути до два или четири часа. Најголеми проблеми имаа патниците на аеродромот „Елефтерос Венизелос“ во Атина каде што повеќе од 120 лета беа задоцнети, додека помал број беа откажани. Сепак, работите не го дочекаа најцрното сценарио на целосно откажување на сите летови, бидејќи раководството на синдикатот на грчките контролори на летање одлучи стриктно да ги почитува меѓународните правила за воздушна пловидба, дозволувајќи опслужување на определен број летови на секој час.

Од неделата вечерта, пак, не престануваат редовите на грчките бензински. Камионите и цистерните се со крената рачна, нема да пренесуваат ништо, вклучително ни бензин за бродовите, што може да предизвика дополнителни проблеми. Граѓаните во ред чекаа да наполнат резервоари во страв дека од четврток може да пресушат бензинските, што го потврдуваат некои од сопствениците на станиците, а дел од кои уште од вчера поставија знаци „нема повеќе бензин“. Се стравува и дека доколку штрајкот се одолжи, може да дојде до недостиг од основни прехранбени продукти, бидејќи ќе нема кој да ги пренесе од товарните бродови до маркетите.

Како сол на рана за ситуацијата да биде уште покомплицирана, е и најавата за штрајк на Здружението на сопственици на бензински пумпи. (М.П.)


#
Статијата е прочитана 1120 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Економија
Дискретниот шарм на невработеноста
Ќе пропадне ли и петтиот обид за продажба на загубарите?