Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Оптимизам за една употреба

Слободанка Јовановска

Малку и' требаше на јавноста во Македонија да падне во нова еуфорија околу јунскиот самит на Европската унија на кој, ако буквално се читаат зборовите на шпанскиот шеф на дипломатијата, Анхел Мигуел Моратинос, ќе има добра вест за нашата држава. Одеднаш се отворија повторно дебатите за некакви можни дискретни преговори, за некакви можни формули (БЈРМ, условни преговори...), за некаков суштински предлог на Метју Нимиц во март, па во април, па во мај, или воопшто за некакви фантастични пробиви што ќе се случат за четириесетина денови, до новата одлука на Брисел околу препораката за преговори.

Ваков филм веќе сме гледале пред самитот на НАТО пред две години, гледавме и пред самитот на ЕУ во декември, а сега го гледаме повторно, иако и од авион се гледа дека меѓу Македонија и Грција во моментов нема суштински преговори и оти двете страни се закопани во своите позиции, па се тактизира и околу дозволата за прелетување на премиерот.

Ако внимателно се читаа зборовите на Моратинос лесно ќе се препознаеше дека добрата вест што ни ја најави беше лошата вест од самитот на НАТО, односно дека ќе добиеме датум, ама ако го решиме спорот за името со Грција во наредните триесет денови. Добрата вест на Моратинос беше иста што и моментумот на Оли Рен, кој никогаш не се оствари, како и прозорецот на можности на Карл Билд, кој отиде во заборав заедно со неговото претседателствување.

Добрата вест на Моратинос, всушност, не беше подобра од добрата вест на Јоргос Шацимаркакис, кој среде Скопје рече дека сме дале предлог за решение и оти тоа е на дофат, откако неколку месеци претходно буквално изјави дека спорот е решен, дека името се знае и треба само да се договорат деталите.

По толку оптимизам и добри вести не е ни чудно што не разликуваме лоша вест, односно што не правиме разлика од тоа кога Брисел сака да не' охрабри, кога сака да не' притисне, кога сака да ја мотивира јавноста да ја притисне Владата и кога навистина има што да соопшти.

Она што јасно го кажа Моратинос во Скопје пред пратениците е дека Шпанија ќе направи се' за да добиеме датум за време на нејзиното претседателство, но тоа ќе се случи ако се најде решение за името. Дека Македонија и Грција се тие што треба да го решат проблемот, а негова улога е да охрабри, да создаде атмосфера и да им даде финален поттик на преговорите.

Со неколку зборови, едното е фактографија, а другото е прашање на политички стил, а по неговата посета фактите не се сменија, туку само условот за преговорите Моратинос ни го испорача со панделка. Мора да се признае дека Моратинос излезе поголем дипломат од Билд, Рен и Стефан Филе, бидејќи целта очигледно ја постигна, односно ги зголеми до недоглед очекувањата, а со тоа и притисокот врз Владата, која ќе се најде во ситуацијата уште еднаш тешко да ја разочара јавноста.

„Песимизмот е болест и го избегнувам. Сега сум поголем оптимист отколку порано“, изјави шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд на неговата последна прес-конференција како претседавач со ЕУ, откако сфати дека не успеа да го реши спорот меѓу Македонија и Грција.

Неговата изјава е најдобро толкување на настапот на Моратинос во Македонија, кој тврди дека Мадрид ги ангажирал сите капацитети околу спорот меѓу Македонија и Грција, а никој не го гледа тоа. Ќе биде голема среќа ако се покаже дека оптимизмот на Моратинос ќе не' доведе навистина до преговори со Европската унија, но ќе биде голема илузија ако некој поверува дека само со оптимизмот на Брисел ќе се тргне проблемот што го има Македонија.

Претседавачот во Брисел по дефиниција е оптимист, бидејќи во ЕУ важи паролата дека политичар што не верува во позитивен исход веднаш треба да си оди, зашто нема што да понуди.


#
Статијата е прочитана 1187 пати.

Испрати коментар

Од: Ambasador vo penzija
Датум: 23.04.2010 00:11:39
Samo po sudski proces vo Hag (MSP) mozhe da se raschisti multilateralen problem so IMETO! Se drugo e mlatenje prazna slama. Ako sega ne reagirame so baranje vo OON za Sovetodavnoto za nelegalnite uslovi, pokasno ke treba da barame Mislenje od MSP za legalitet na rezolucijata so koja se nametnuva slozenoto ime od strana na Sovetot za bezbedost na OON!! Ovaa situacija ke bide mnogu poteshka odkolku sega da pocneme akcija za procenka na legalitet na uslovite vo segashniot status na RM vo ON!
Од: nick hill
Датум: 23.04.2010 00:38:24
koj laze?
Од: nacional-patriot
Датум: 23.04.2010 01:11:51
Odbrana na imeto na drzavata,javnosta ja raduva,a ne ja razocaruva.Gi razocaruva samo onie so svitkani kicmi,t.e.predavnicite.O novinarke,kade zivees?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 23.04.2010 11:42:41
Можеме само да замислиме ако небеше шпанскиот министер оптимистички расположен а да имаше критики какви канонади од писанија ќе имавме.Се од типот да уште еден доказ за неспособната влада,да не сме кооперативни(читај гумарабика рбет) и се така по ред просветлени написи.А сега види неважно па и неточно опсервирана влада,ние тука знаеме каква е а не некој од страна да ни кажува.Комика невидена од испревртени ставови.
Од: valerija
Датум: 23.04.2010 12:51:16
koj uste nasednuva na optimizmot znaejki gi nasive...nikoj ama bas nikoj go gledame toj film veke podolgo vreme taka da kucinjata si laat karavanot si vrvi itn

Најди! во Утрински
Едиторијал