Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Анализа

Си велам

Газиместан на скопскиот плоштад

Ерол Ризаов

Македонската Влада официјално треба да побара од хрватската влада најмување на Голи Оток за едно 30 години

Никола Груевски е против името „Република Северна Македонија“ за севкупна употреба. На референдум за тоа име ќе каже „не“. Како Милошевиќ што му кажа „не“ на светот. Така мисли Груевски гласно на Сител попладне како граѓанин, а што мисли Груевски претпладне како премиер ќе дознаеме подоцна, кога ќе дојде време. Поточно во јуни кога Газиместан ќе се пресели на скопскиот плоштад и кога милион Македонци ќе дојдат на импозантен митинг да го поздрават вождот и да му дадат поддршка. Сега знаеме што не сака Груевски, а потоа ќе дознаеме што сака. Дали Груевски е против промената на уставното име, исто како што се против над 90 отсто од Македонците и големо мнозинство од сите граѓани на Република Македонија. Не верувам. Скриената порака на Груевски е дека, всушност, тој е против промената на името само од Табановце до Гевгелија. Но, тоа сега не смее да се изусти, бидејќи носи негативни поени за рејтингот на водачот и на власта.

Додека Груевски ужива во својот триумф и голема популарност, особено по историското „не“, предлагам македонската Влада официјално да побара од хрватската влада најмување на Голи Оток за едно 30 години. Таму да ги сместиме сите што се непријатели на Македонија и се согласуваат на предавнички компромис. Нешто побезболно решение би било целата опозиција да прогласи како велепредавство каква било промена на името. Народот е против. Политичките елити се против. Оној мал грст јадници ќе ги сместиме на Голи Оток и Македонија може мирно да плови во светла иднина. По македонскиот Газиместан кога светот ќе чуе што не прифаќаме, исто како што слушна од големиот солунски шовинистички митинг против скопските варвари, ќе одиме на избори и голема преродбеничка победа. А потоа ќе видиме што прифаќа Груевски и што ќе ни донесе втората голема преродба во последните сто години.

Ако Македонија и нејзините граѓани одлучат да го задржат уставното име нема сила која може да ги присили да го променат. Ова е изјавата на Лоренс Иглбергер, поранешен американски амбасадор во Југославија кои многумина како наш најголем пријател го нарекуваа Лоренс од Македонија. Па, каде е тогаш проблемот и зошто се така силни тензиите во Македонија и во соседна Грција. Зошто се постојани делбите на непријатели и патриоти, предавници и херои, на тие што сакаат да го сменат името и тие што не сакаат кога веќе огромно мнозинство е да се зачува уставното име на државата.

Од каде тогаш овие драматични поделби и омраза во расправиите без грам политичка и општа култура. Тоа е затоа што не се гледа вториот дел од мислењето на Игелбергер и светот: Ако не сте подготвени за компромис, во тој случај треба да се понуди алтернатива каде ќе оди Македонија, без НАТО и ЕУ. Македонските политички елити и водачи не понудија други излези освен НАТО и Европската унија. И денес тие тврдо стојат на овој став. Велат, други решенија нема. Кога би се понудиле други реални можности, доколку постојат, беспредметен станува спорот со соседна Грција.

При немање друга алтернатива, заштитата на уставното име стана главно мерило за политички пресметки во освојување на власта. Сите се за тоа да не се гиба во националниот идентитет, јазик и уставното име, но поделбата оди по линија на тие што се подготвени за извесен компромис за заедничко прифатливо решение во делот за меѓународна употреба на името каде што сега се употребува референцата БЈРМ, и тие што не се подготвени.

Ако Америка, ЕУ, НАТО и ОБСЕ ни кажуваат јасно дека не е можно членството во НАТО, во ЕУ и во ОН со уставно име, иако притоа дома не се нуди друг правец за развој и просперитет за зачувување на територијалниот интегритет на државата и ако нема гаранција за иднината на нејзините граѓани, тогаш наметнатиот спор не е дали е некој за промена на уставното име, туку дали Македонија може да прифати промени во делот на опсегот на употребата на име со географска одредница. На пример, дали може да се употребува „Република Северна Македонија“, против кое е огромното мнозинство граѓани, онаму каде што сега се употребува кратенката ПЈРМ. И ништо повеќе.

Тоа би требало да биде македонскиот последен компромис во односите со Грција. Под тоа не може да се оди. Значи, толерантниот, пред се', прагматичен став, сосема свесен и со умисла на помал број македонски граѓани, за членство во ЕУ и НАТО, не е предавство на државата и проблематизирање на националниот идентитет и јазик. Доколку, пак, Македонија не сака да менува ништо во своето име за домашна и за меѓународна употреба, тогаш македонските политички елити ќе мора да ја замрзнат кандидатурата за ЕУ и за НАТО и да најдат други решенија за иднината на Македонија се' додека светот не ја осознае својата заблуда и не ја преиспита срамната поддршка на Грција. Тоа, се разбира, може да трае десет, триесет или сто години. Одговорноста на македонските водачи и политички елити е да кажат што ќе правиме дотогаш, дали можат да обезбедат развој, пристоен живот и европска иднина на Република Македонија, да гарантираат слобода, демократија, безбедност на граѓаните и да го зачуваат интегритетот на Македонија.

Поучени од кипарските негативни искуства во односите меѓу Грција и Турција, мора секогаш да се има предвид еден факт. Македонија не смее да преговара парче по парче, дел по дел и отстапка по отстапка. Досега се направија големи отстапки од македонска страна. Грција постојано бара нови и нови отстапки. Сменет е нашиот Устав под грчки и меѓународен притисок. Го сменивме знамето. Прифативме привремено име во Обединетите нации. А, Грција досега не направи ниту една отстапка и ништо кај себе не смени. Тоа што ни дозволуваат во географската одредница да се содржи зборот Македонија е типичен византиски цинизам. Единствена држава во светот што го носи името Република Македонија е нашата. Единствен жив јазик што го носи името македонски е нашиот јазик.

Сите изјаснувања за национална припадност Македонец е на Македонците од Македонија. Други пописи со изјаснување како Македонци нема. Па, каде е тука грчката отстапка. Конечниот потпис за каква било нова прифатлива отстапка на Македонија треба да уследи на денот на приемот на Македонија во НАТО и во Европската унија. Се' дотогаш Грција ќе ги погазува сво��те ветувања и ќе ги проблематизира евроатлантските интеграции на Македонија.

Таа е византиската политика на која нашите политичари немаат одговор што може да ја разбере и поддржи светската јавност.


#
Статијата е прочитана 3610 пати.

Испрати коментар

Од: vistinski makedonski komunist
Датум: 30.04.2010 00:07:24
Da i Tito mu rekol ne na Staljin, a vo himnata ni stoi "neka razberat kletite fassisti makedosnko ime nema da zagine". i toa nema nikakva vrska so Gazimestan i so Milossevich. Politikata na Grcija e politika na ssovinizam i na Milossevich. Sporedbite vi se lossi, a celat so toa da go ocrnite Gruevski nema da ja postignete. Mavajte po ekonomijata i drugite nessta. Po ova ne ccepkajte.
Од: Mite
Датум: 30.04.2010 00:20:39
a sto bi mdobile od EU, za Nato da ne zboruvam, izgubena rabota , Ukraina gi nogira a i Srbija, Crna Gora so rakavici... Pa ne sme ni vlegle vo EU a poradi vrzuvanjeto so Evroto i EU pazar ke izgubime mnogu pari poradi krizite vo Grcija i sekade vo EU... a da si bevme trgovski povrzani so Kina, Indija i malite drzavi od 3-ot svet nema da mislevme za grckite bankroti..
Од: Миле - Охрид
Датум: 30.04.2010 00:31:15
Цинично, деструктивно, пиромански., бестрамно. Сепак не заслужуваш повеќе човек да те коментира. Остани здрав и жив со својата злоба и омраза. Не заслужуваш повеќе да се троши време на потхранување на твоите ниски страсти. Нема повеќе да ти го пружам задоволството да уживаш во страдањата кои ги доживувам од ефектите на твојата отворена подршка на шовинистичките барања на Грција за уништување на македонскиот народ. Збогум.
Од: Milion na plostad !!!
Датум: 30.04.2010 00:36:20
Sto se cudite za milion prisutni na mitingot na DPMNE na plostad? Pa prevoznicite koi gi "izvozija" site onie ucesnici na akcijata Denot na Drvoto, treba da odrabotat nesto. A i koj ne bi sakal besplaten izlet do Skopje so sendvic i Coca-Cola, za dvocasovno mafkanje so znameto so dvoopasestiot lav? A koj znae, mozebi vo seto toa mafkanje ke mu padne ednata opaska na lavot ?!?!?!
Од: МК
Датум: 30.04.2010 01:17:20
Неможам да поверувам што прочитав. Турчинов, Ерол Риэаов ќе го менувал јавното мислење на Македонците эа да се откажат од се, и да се самоубијат. А, Голи Оток би бил премал эа Ерол и компанија.
Од: nekoj
Датум: 30.04.2010 01:23:50
Jas mislam deka najdobro sozrevanje na licnosta e ona koga taa go odbira poteskiot pat. Ostavete go narodot da sozree. Mislam deka toa e naj fer. Ke stradaat i onaj mal procent na umni luge, no toa e toa, mnozinstvoto pobeduva. Ostavete gi da im pomine ludiloto za bibliska Makedonija..a posle site fino lepo ke gi prasame: I STO POTOA? Spored ona sto go gledam i citam mozam da kazam edno: vie NE STE ZA vo Evropa. A Evropa treba da gi vi zapre site fondovi i pari. So sreka.
Од: Vangel
Датум: 30.04.2010 01:35:21
Ako pisuvas ova od srce G-ne Rizaov, sekoja cest. Ama ako pisuvas preku grckite dolgovi, sto drugata strana priznava deka "perata" se plateni. togas... bidi zdrav i ziv, a za Gazimestan ce sonuvas.
Од: nacional-patriot
Датум: 30.04.2010 02:43:25
Askolsum Erole.Vo ovaa kolumna ja napisa vistinata deka narodot e protiv dodavka na imeto na drzavata.I toa protiv sevkupna i protiv ogranicena upotreba na bilo kakva dodavka.Bidi siguren deka i vlasta gi ima ovie stavovi.Ti Erole pred nekolku meseci napisa deka sega vo april ke ima kompromis,no togas jas ti napisav da ne ocekuvas kompromis nitu vo 2011,nitu vo 2012,nitu vo 2015 godina,nitu posle tvoeto penzioniranje.Sto se odnesuva do referencata BJRM,taa deka e toa se upotrebuva ograniceno i treba Erole da se zalagas referencata da bide zameneta so imeto Macedonia,a ne referencata da se zameni so nekoe drugo ime.Nemoj nitu ironicno da baras predavnicite da odat na goli otok.Dovolno e da prestanat da baraat dodavka na imeto,da ne rabotat za neprijatelite i da si gi ispravat kicmite.
Од: mitko ne moze da stoi zatoa sto postojano paga
Датум: 30.04.2010 03:56:06
Bas se prasuvam dali nekogas vo SDSM ke zastanete zad svojot narod koj ocigledno ima namera da ne si go menuva imeto i identitetot, duri ni po cena na vlosena ekonomska i bezbednosna sostojba vo drzavata? Zarem uste ne vi e jasno deka nema nikogas da se vratite na vlast ako toa ne go napravite? Zarem eden Grujo treba da ni objasnuva deka Grcite vo osnova ne sakaat dogovor? Mislis deka sme glupi? Barem pocna da go upotrebuvas praviot zbor za nivniot stil na pregovori - "vizantizam". Ama go koristis na pogresni mesta. Da ti objasnam Grcite ne sakaat dogovor, tie ne sakaat da postoi ovaa drzava i narod i zatoa "vizantiski" pregovaraat za nekoja banalna tema (imeto) zatoa sto nemaat pravi zabeleski za nasete postoenje (ne im e zagrozena bezbednosta). Ako e do niv tie nema nikogas da ne pustat vo EU i NATO, no ima i drugi faktori i zemji. Vazno e Grcija sto poveke da propadne, pa ke vidime.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 30.04.2010 09:26:58
Немој те да го споменувате Милошевиќ ќе ви се налутат виножитните трговци во времето на ембаргото кон Србија.Инаку станува досадно да некого убедуваш да нее добро да си ,,чергиче за бришење нозе,,.Ај што премиерот го рече тоа што го рече ами огромен број граѓани мислат како него преку 65%.Зарем и тие се против ,,просперитетот на чергичето,,и тие не гледаат ,,бенефит,, кој го гледаат за среќа мал број просветлени безидејни апологети на исто така безидејната опозиција.Сешто доаѓа од Брисел нее секогаш добро за земјава а посебно нивните извртени идеи за промена името.
Од: Makeodnski Gazimestan
Датум: 30.04.2010 09:29:58
Abre crni Mitko,ami koj te nauci da pisuvas??Trebalo Erol da zastane pozadi "svojot narod"!!Se prasuvam sto podrazbiras pod "svojot narod"??Pravoslavnio covek koj zivee vo Makedonija!!Najverojatno toa go podrazbiras,siguren sum deka ne podrazbiras drugi nacionalnosti koi ziveat vo Makedonija za svoj narod.E sega po tvoe, treba da go branime"svojot-tvojot narod",a koga se deli budjetot togas ke se deli :pet mene,niedno za tebe".Toa ti odgovara moj crni Mitko,primitivno,nacisticko k...e. A za imeto,imeto Gruevski veke go smeni,i ke bide prinuden da go smeni,ili pak Makedonija nema da ja ima na karta.Lesno e za takvite kako vas,preku nok ke se transformirate vo drugi nacionalnosti,da ne kazuvam koi,jasno vi e, neli?I uste ke barate penzii deka ste ucestvuvale vo rusenjeto na Makedonija.Erol ima pravo,ova lici na Milosevik i Gazimestan,sam protiv cel svet...i posle...ajj ne sakam da mislam poveke..
Од: Трпе
Датум: 30.04.2010 09:35:33
Оф,мајко мила ,зошто си не родила ,во време кое го живееме а не знаеме што сме и каде живееме.Се плашам,случајно на гаволот свеки да не сме палеле.Па да живееме во ваква неизвесност.Се некој сака да го лаже обичниот народ и да му се заканува.Ако не си со власта ,тогаш си против власта.А како да бидеш со ова власт,кога од ден на ден се шповеќе те закопува.Титовото не и ова не на Глујо немат врска.Ова првото Не било кажано од човек со цврст карактер кој знаел каде сака да го води својот народ,во подобра иднина.Овој вториот што глуми е со многу слаб карактер,причината е во тоа што многу се грижи само за свој личен интерес и за сопствениот рејтинг.Да имаше изградено некој став сигурно ке имаше некое решение.Но се е прекриено со лажен патриотизам.А цехот(сметките) ке го плака обичниот граганин.
Од: Do Nacionalisticki Patriot
Датум: 30.04.2010 09:35:42
Si se fatil za nepromena na imeto kako pijan za stap. Vistinata e deka Makedonkta drzava egzistira od 1944 godina, pred toa imalo teritorija koja poznata kao Makedonija vo koja ziveele lugje so nacionalna svest na Bugari ili srbi.
Од: nekojsi
Датум: 30.04.2010 09:37:34
Dodeka nasiot Vozd ne bombardira so patriotizam, ekonomijata,a so toa i naseto dostoinstvo tonat se poveke, i toa ne zaradi Grcija. Podobro mesto patriotsko mackanje oci, vvlasta neka ponudi super kvaliteten i odrzliv ekonomski plan za razvoj, kako alternativa na NATO i EU. Site onie koi vo minatoto bea protiv Evropa i ZA istokot, vidovme kako zavrsija ( Albanija so Kina, Jugoslavija so nevrzanite..) I zrem nekoj misli deka USA ke ne ostavat da bideme rusko-kineska kolonija vo srceto na Evropa ??
Од: Od Prijatel
Датум: 30.04.2010 09:52:16
E stvarno treba hotel na gol otok za neprijatelite i platenicite pozdrav do Grojo i Prijatelite na Makedonija...
Од: Касандра
Датум: 30.04.2010 10:08:08
Алтернативата не е менување на името или не, туку дали Македонија ќе опстане како независна држава. Без договор за името со Грција самостојна Македонија ке исчезне. Тоа треба да им е јасно на сите, а највеќе на т.н. патриоти. Алтернативата е: или единствена Македонија или нејзино понатамошно распарчување!
Од: Moris
Датум: 30.04.2010 10:10:56
Ke ima li sednica na vlada vo sabota na prvi maj zbog zaradi rejtingot na Grujo ili ke nema..... Da sedam doma ne zaradi drugo...
Од: kirilica-латиница
Датум: 30.04.2010 10:22:28
Секогаш тешко се наоѓа решение кога сакате да направите симбиоза меѓу она што е внатре под земјата со она што е над неа.Особено кога временската дистанца е во обратна пропорционалност со "моментот на вистината".Во време кога некој сака да сочува се,од палетата на вредности,а некому,кој само заради тоа што одбарл да ја стави на прво место,му се потиска.Нели е тоа упад ,во демократското право,за хиерарското избирање на вредностите,како универзално.На крајот на краиштата никој во светот не мора по тој критериум,како нашиов да постапува.Нема таква сила која би го принудила да редефинира историја и да врши декласификација на вредности.Навистина,ако Европа и светот,се сметаат за сериозни,време е експериментот да гио привршат,оти доста успешно финишира.Во моментов,светот треба добро да размисли какви критериуми наметнува.Дали овој концепт,или проект,ако се примени на светско ниво,целата земја ќе ја испреврти,повеќе него судниот ден.
Од: mene
Датум: 30.04.2010 10:52:43
Za mene dobra analiza megjutoa mislam da ne treba da se prifatat ultimatumite od Grcija i od bilo koj zatoa sto takvi uslovuvanja i negiranja na makedoncite ke ima od site strani.Makedoncite se spremni da istrpat se za da ostanat toa sto se.
Од: odite na izlet !
Датум: 30.04.2010 11:13:47
Erol,sam si se prassuvas:Зошто се постојани делбите на непријатели и патриоти,предавници и херои,на тие што сакаат да го сменат името и тие што не сакаат...I potoa sam si odgovarass:Го сменивме знамето.Прифативме привремено име во Обединетите нации..Tie sto prifatija drugo ime i zname za Makedonija imaat ime i prezime i do sega trebasse da bidat staveni za stolbot na sramot od javnosta i mediumite.Ama za "novinari" kako tebe ne e bitno kako ke se vika Makedonija.Za tebe e bitno da si dobro nakrkan i prossetan na tugja smetka. Pisuvas:На пример, дали може да се употребува „Република Северна Македонија“..Тоа би требало да биде македонскиот последен компромис во односите со Грција. Под тоа не може да се оди.Значи, толерантниот,пред се',прагматичен став,сосема свесен и со умисла на помал број македонски граѓани,за членство во ЕУ и НАТО,не е предавство на државата и проблематизирање на националниот идентитет и јазик. Toa ne prgamtizam tuku predavstvo !!!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 30.04.2010 11:46:55
Повторно небулозна и сосема непотребна споредбена глорификација на Γρούιος и неговото ναί со Не-то на С.Милошевиќ! Неодмерена е и споредбата на Газиместан, Местото на Косовскиот Бој, со плоштадот во Скопје,каде Шерифот McLaboud,решил да дојде во посета на Монументалните Урнатини!Се надевам дека нема да доцни,како оној „нашиот“Бок-Се`рРр со портокалова вратоврска,кој задоцни Цела 41минута и 02 секунди на Рандевуто во Театарот,како некоја Заспана Баба!
Од: мирјанка
Датум: 30.04.2010 13:29:48
браво бе ерол ја знаеш скриената порака на Груевски само си ја заборавил јавната порака на другите за референдумот за територијалната поделба на Македонија. Македонија и Македонците не изумреле ни во Турско а и до сега не беа во НАТО иЕУ па се уште се Живи затоа што не се уплашија од таквите како тебе што пропагираа дека ке не снема ако се одделеме од Југославија .Што сака те вие Малцинството што дадовте се што посакаа грците во времето кога бевте на власт и сега кога народот ве неќе пак да владеете и се уште да и наштеувате на Македонија. Сега и сами гледате дека тоа малку по тешко ви оди оти оваа влада на чело со НИКОЛА ГРУЕВСКИ а не како што вие го викате си го сака народот и државата , си ги исполнува обеќавањата и за никакви пари не ги продава и предава.Ако сме можеле 500години под Турско да опстанеме зошто Турците се НАРОД со еснафлк тогаш можеме да почекаме уште малку па една никаква Грција да ги потроши сите кредити во ЕУ и НАТО па и гласот и името да не и се знае .
Од: perica
Датум: 30.04.2010 14:32:39
Ne Lorens od Makedonija,Lorens od Jugoslavija. A jugoslavija veke ne postoi, celta na Lorens e istoto da stane i so Makedonija.
Од: Gox
Датум: 30.04.2010 16:11:17
Klosar,samo ako naletam nekogas na tebe,nekade slucajno..ke nenas prilika za pisuvanje kolumni poveke !!!
Од: Goten
Датум: 30.04.2010 16:53:44
Samo se vie zanesuvajte i slusajte gi izjavite na Iglberger,toj istiot sto bese prijatel i na Jugoslavija i za nea davase isti izjavi,a kako diplomat rabotese na nejzinoto rasturanje i uspea,a dali ce se setat nasite nacional patrioti i ce razberat koj kakvi poraki ni praca ili dava izjavi ce se vidi naskoro. Gazimestan i usce bea pogubni za severniot sosed da veruvame vo Boga da ne ne snajde nesto slicno.Na narodot sekako mu trebaat proslavi islavenja,na koi ce dobe po sendvic i kokakola ,arakija ce si ponesat sami za da bidat pohrabri.Srecno
Од: Do MK
Датум: 30.04.2010 16:54:15
ЕР одличен новинар! Според јазикот еден од најдобрите македонисти и македонци. Но ТУРЧИН ???! Да, ако беше РИЗАОГЛУ, РЗА... Ова според презимето ми личи на некој од Варна, Петрич... како и голен дел источно од Вардар. Но коментарот на МК ми личи на нешто што на југозапад од Вардар го велат М`KA (или во превод МАКА(. Аирлија нека биде!
Од: od toni
Датум: 30.04.2010 18:06:25
Otkako ne uspea so firerot, hitler sega so milosevik. Primitivizam od neviden rang. Bravo za VMRO-DPMNE i Gruevski.
Од: LAZAR
Датум: 30.04.2010 22:42:30
erol ako nekoj trebe da go izajmi GOLI OTOK od hrvatite togas toa bi trebalo da bide JERMENIJA i da ja smesti cela muslimanska turska za zlostorstvata sto gi napravija nad HRISTIJANSKITE ERMENCI vo pocetokot na 19 vek.
Од: ne davam ime
Датум: 30.04.2010 23:26:07
Zoshto sporedba so Gazimestan? Zoshto ne so Termopili, Hastings, Agincourt, Trafalgar, Waterloo, Lexington, Gettysburgh, Kursk, Stalingrad, Normandija? Zoshto Makedonskiot narod ni ednash ne smee da pomisli za nekakva, makar i minimalna, politichka "pobeda"? Zoshto nie mora sekogash da sme luzeri? Predviduvanjata na Erol dosega niednash ne se obistinija. Toa znachi deka kako analitichar ama epten ne go biva. No toa i ne e negovata dolzhnost. Negovata dolzhnost e konstantno da go podriva moralot na Makedonskiot narod, i da ne potsekja kako nie istoriski sme predodredeni da bideme luzeri. Da ne sme se sluchajno "opiele od zanes", pa negovite kolonijalni gazdi da ne mozhe da ne drzhat "mirni" i "pod kontrola".
Од: Tode
Датум: 01.05.2010 05:47:17
Erole, Vie ste car, legenda, silen na peroto, no nekoi vregjaat, neznaat da cenat i pocituvaat. Mnogu pati sum daval komentari okolu promena na imeto.Neznam kakvi otstapki uste treba Ma- kedonija da pravi?Juzniot sosed postojana bara, i samo bara, samo novi i novi otstapki. Nie smenavme zname, Prifativme privremeno ime, a toa evropsko galenice(neznam do koga)nema nisto napraveno za nas. Da se zaprat pregovorite i da se stavi tocka. I na krajot mozam da recam deka edinstveno ime na planetava sto se vika Republika Makedonija e nasata zemja.Na kogo mu preci toa ime???
Од: Реган
Датум: 01.05.2010 08:57:01
Ероле,тотално откачи!Зарем Ти се согласуваш да се промени иметома Македонија само за добивање на ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ?!?!?А што потоа?Колку уште отстапки ќе треба за да се добие ратификација на приемот во тие организации?Цинично,деструктивно!Преполно со омраза писание:Срамно!
Од: TRETA SILA-GARDIJAN
Датум: 01.05.2010 15:33:53
Na zvezdenite migovi na sdsm-fasizmot na plostadot im e staven kraj 1998 od strana na DPMNE na Ljubco Georgievski i toa nikakvi ekstremni vosklici za verska etnicka ili socijalna radikalizacija nema da gi povrati. Nikoj ne e tolkav mufluz za da ja jade gnasnata propaganda koja so navredlivo potcenuvanje mu se imputira.Kolku izborni porazi i neformalni referendumi treba da zagubat za da ja sfatat realnosta. Edna takva gnasna propaganda e i tezata za t.n. neuspesen referendum. Imeno, uspesnosta se gleda vo sposobnosta da se organizira a ne vo ishodot. Ako ima samo eden ishod togas toa i ne e referendum tuku ednoumna demokratura. I konecno namesto potsetuvanje na somnitelniot ishod na eden 'bojkotiran" referendum-potsetuvanjeto deka vo Makedonija ima i Treta sila. I sosema na krajot izgleda pri kraj e vestackata stega na makedonskata demokratija-t.n.ramkoven dogovor koj od velikoalbanski pozicii gi zadusuva drugite gragani na Makedonija.
Од: Џани
Датум: 02.05.2010 00:33:55
Првин за големиот Македонец кој се преставува како МК од познати причини.Му смета што Ерол бил Турчин. Биди убеден дека тој како турчин ќе се бори и залага повеќе од тебе за зачувување на името и идентитетот на македонската нација.Но ти кој во џебот имаш бугарски пасош прв ќе се откажеш од тоа. Што се однесува до Gox таквите булаши како тебе ѓи видовме во 2001 година.едни бегаа за Србија друѓи за Бугарија а трети се криеја дома да бидат мобилизирани. Се правите големи херои како не ви е срам изгубивте 2 тенка во Липковскиот крај од страв од полуобучени милитанти. На крајотдо сите „патриоти„ една порака..Бидете сигурни дека никој не сака да го промени името под притисок на Грција. А најмалку Турците кои ионака се на ратна нога сто би се рекло со Грците. Но вие големи патриоти прашајте се зошто ова ви го прават само вам.Нема друг сличен пример во светот. Сега Македонија во сите меѓунар. институц. е ословена како БЈРМ што Грујо не успева тоа прво да до измени да се викаме РМ

Најди! во Утрински
Анализа