Запленети 108 килограми свинско месо

Инспектори од Одделението за истраги во четвртокот во возило што се движело по автопатот Куманово - Скопје пронашле и заплениле 108 килограми свинско месо. Како што потврдуваат од Царинската управа, инспекторите свинското месо било спакувано во четири пластични вреќи.
Според изјавата на возачот, тој го презел месото од свој роднина, кој претходно со камион–ладилник го внел месото во државава.
За двете лица ќе
следува барање за поведување прекршочна постапка. (Љ.С.) |