|
|
|
|
|
|
Поглед
Вардар во конфузија
Наум Котевски
Скопските градски власти деновиве го презедоа управувањето со Вардар, но се' уште не седнати во фотелјата на државното милениче промовираа брилијантна идеја - да се направи фузија со новиот прволигаш Миравци и така „црвено-црните“ да останат меѓу „елитата“, а клубот од селото од јужниот дел ��а Македонија практично да се избрише.
Оваа конфузија на градот докажува дека со текот на времето глупостите стануваат нескршливи. Тогаш, што би рекол Мирослав Крлежа во „На работ на паметта“, глупоста почнува да се заљубува сама во себе.
А кои глупости се најголеми? Токму овие од ваков тип, кога се претставуваат како мудрост.
Сега со евтин правен трик новите газди сакаат неквалитетот да ни го претстават како вечен квалитет и клубот што треба да биде еднаков со другите лажно да го прикажат како светост, како божество. Патем, демонстрирајќи ги својата сила и моќ, како легитимна и пожелна методологија на решавање на работите, удрија на масата и вриснаа дека сега е момент урбаното да го победи руралното. И точно. Вардар е Вардар. Тој не е Јувентус или Њукасл, па да може да игра фудбал во Втора лига. А, селаните? Нив кој ги врти. Па, тие можат и без фудбал.
„Сите ме прашуваат зар повеќе нема да постои Миравци, зарем сега треба да одиме во Скопје. Што да им кажам. Јас не можам да одлучам“, жално е да се слушне крикот на претседателот на Миравци, Васе Штерјов, кој како ранет зајак се тетерави во шумата на моќните ловџии. Тешко и дека ќе успее да избега затоа што е под непрекинат рафал.
Нам, во оваа мизерија во која да живееме, значи да ја изгубиш основата под нозете, ни останува само да се надеваме дека Миравци ќе издржи распнат меѓу фер борбата базирана на спортските принципи благодарејќи на што заслужено стана херој и расипаноста, простаклакот, неморалот, бесчувствителноста, посеани од метрополата.
|
#
|
Статијата е прочитана 1400 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Citatel od Skopje |
Датум: 18.06.2011 00:25:09 |
|
Poddrska na avtorot ( napreduva )
Za mene ako ova se sluci so Vardar i Miravci e najgolemada beda i mizerija vo Makedonskiot fudabal od pamtivek do denes.Kakov nemoral bezobrazie. Lugeto i navivacite od Miravci,a posekako zasluznite fudbaleri od Miravci treba da stapat na scena i da se organiziraat.Od mene podrskata.
Jas go sakam Vardar ama ovoj pat rakovodstvoto i fudbalerite treba da ja naucat lekcijata isto kako vo stranskite ligi |
|
|
|
|
|
|
Од: usa |
Датум: 18.06.2011 01:30:34 |
|
slicno nesto se sluci pred mnoguuu godini so fk "tikves" i fk "bor" vo kavadarci, togas mnogu mladi koi imaa ambicii i zelba za fudbal se otkazaa od ljubovta so ja imaa zatoa sto mocnicite vo toa vreme go promoviraa samo fk tikves i mladite fudbaleri na bor izvisija..., neka mu e so sreca na miravci i da si prodolzi so uspesite. cestitki i so sreca |
|
|
|
|
|
|
Од: Igor |
Датум: 18.06.2011 08:16:56 |
|
Vardar treba cesno vo vtora liga! |
|
|
|
|
|
|
Од: saso |
Датум: 18.06.2011 10:03:32 |
|
bez razlika sto sum golem fan na Vardar, mislam deka treba da igra vo vtora liga, neka vidat onie sminkeri kako e da te zbrkaat u nekoe selo i neka si go zarabotat mestoto vo prvata liga. Ako tolku gi biva mozat bez problem kupot da go zemat i ete ti gi na evropska scena za investitorite da si gi vratat parite. Tragiscno e sto ispadna vo vtora iga i sto od den na den propaga klubot megutoa so poklon nema da se vrati na starite pateki. Golema poddrska za Miravci koj posteno si go zarabotija mestoto u prvata liga i na koj ocigledno tamu im e i mestoto |
|
|
|
|
|
|
Од: zoran bitola |
Датум: 18.06.2011 17:21:29 |
|
podrska za Miravci od cela Bitola,da izdrza vo borbata so fudbalskata mafija.pozz |
|
|
|
|
|
|
Од: Читател |
Датум: 19.06.2011 10:07:17 |
|
Абре каков Миравци. Тие нема да добијат лиценца од ФФМ за настап во прва лига. Луѓе, стадионот е без тирибни, соблекувални...не ги задоволува критериумите за ПРВА ЛИГА. Божем ќе играле во Валандово....Селска лига ли сакате!? |
|
|
|
|
|
|
|
|