Брoj 2724  понеделник, 30 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Никој не сака да го уреди влезот во чаршијата пред „Спридер“

И Градот Скопје и општините Центар и Чаир се прогласуваат за ненадлежни

Сања Наумовска

Платото пред стоковната куќа „Спридер“, на влезот во Старата скопска чаршија е целосно уништено. Травертинските плочи се искршени, огромни дупки зјаат насекаде, а косите рампи за влез со возила се кршат од страна. Иако е наменет само за пешаци, овој влез во чаршијата масовно се користи за автомобили, оти нема никаква рампа. Возилата влегуваат во текот на целиот ден, бидејќи никој не ги санкционира.

Во Градот Скопје и во Општина Чаир велат дека тој дел и' припаѓа на Општина Центар. Градската власт се занимава само со проекти за развој и промоција на чаршијата, а нема надлежност за градежни работи, ниту за осветление. Во Чаир, пак, велат дека нивната општина почнува од првата улица со калдрма, додека општинарите во Центар измериле дека границата е кај скалите пред платото пред стоковната. Градоначалничката на Центар, Виолета Аларова, изјави дека неодамна кога решила да го уреди тој дел, всушност, открила дека не е во нејзина надлежност. Во меѓувреме, додека надлежните се договорат, влезот во чаршијата е целосно нагрден, а истовремено и опасен за минувачите.

Проблемот со кршењето на плочите е едноставен, тие се премногу меки за да издржат возила, велат во Градскиот конзерваторски центар, затоа и се поставени тука, бидејќи се претпоставува дека само пешаци ќе поминуваат по нив. Заради тоа, најавуваат во Општина Чаир, наскоро на влезот за автомобили, каде што е направена новата порта, ќе биде истакнато времето кога ќе биде дозволен дотур на стока во дуќаните. Ќе се дозволи влез само на лесни возила, два часа во текот на денот, најверојатно наутро. Заради тоа косите рампи кај „Спридер“ можат целосно да бидат затворени, сметаат во општината.

„Истото се случува и пред црквата ’Свети Спас‘, каде што има плато од ист материјал. Плочите се менувани често, но секогаш се случува истото. Единствено решение е да се постават рампи и да се ограничи движењето на автомобилите“, вели Јани Антониев, директор на Конзерваторскиот центар. Тој објаснува дека досега никој од надлежните не се обратил до нив за да најави реконструкција на влезот во чаршијата.

Иако овој дел не спаѓа во заштитеното подрачје на чаршијата, сепак, за промена на плочите треба да се добие одобрение од Управата за заштита на спомениците, а Конзерваторскиот центар ќе изврши контрола дали ќе се вгради истиот материјал како и претходно.


Статијата е прочитана 233 пати.

Испрати коментар

Од: esnaf
Датум: 30.06.2008 18:42:31
sto vi lugw bozji, kakva carsija, taa veke odaman e mrtva. Osobeno sega koga ja prevzemaa uckite nme se znae kionj jade konj pie. Taa e avtopat i parkiraliste a ne carsija. stavija porta a od site drugi strani vleguvaat so vozila, ke te izgazat. Za policijata da ne zboram, beter e od site, se vozi so djipovite po kaldrmata i gajle nema, vo najgolemat frekvencijana luge. Pozadi muzejot na makedonija uckite gi raskopaa skalite i sega pominuvaat ogromni kamioni sto nosat gradezen materijal za da ja napravat carsijata po nova i po ubava, sto ke ni se kepencite, pa tie izgradija ogromni zgradi koi licat na onie od djepcishte . zatoa ic ne se kosite za carsijata, taa veke ja nema

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Скопјани се разладуваа во водите на Треска
Мултифункционален објект ќе ги замени старите бараки на ОУ „Димо Хаџи Димов“
Кирил Псалтиров член на ВМРО-Македонска
„Топлификација“ ги реконструира секундарните водови
Бесплатни курсеви за странски јазици