Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Хороскоп
Хороскоп



ОВЕН

За разлика од претходните денови, комуникацијата со колегите и со членовите на семејството е отежната. Финансиската ситуација е солидна иако, можеби, ќе има помали трошоци. Можни се здравствени тегоби.



БИК

Денес ќе бидете малку безволни. Одморете се и подгответе се за акцијата што ви претстои. Финансиите се добри. Во семејството нема проблеми, само повремено се разминувате во ставовите. Здравјето е чувствително.



БЛИЗНАЦИ

Постои можност да добиете известување што нема да биде поволно, а се однесува за пари. Не дозволувајте тоа да ве депримира. Парите ќе ги добиете, но не денеска. Ви се чини дека се' ви зависи од парите, а не е така.



РАК

Ова ќе биде еден од деновите кога имате впечаток дека за што и да размислувате, не е како што треба. Расеаноста и површноста ќе бидат нагласени. На работа се' е како и досега. Финансиите се солидни.



ЛАВ

На деловен план завршувате со една фаза, а се подготвувате за друга. Имате мали трошоци. Можно е да дојдете до некаков вид судир со пријателите, нешто поради пари, а нешто поради различни интереси.



ДЕВИЦА

Нетрпеливоста во работата со другите може да ја отежне работата. Во финансиите нема промени. Во семејството е релативно добро, но можна е помала расправа со женско лице. На емотивен план - страсно.



ТЕРЕЗИЈА

И денес ќе размислувате за патување што е извесно. Освен финансиите, постои уште еден проблем, а тоа е работата. Уште кратко време ќе морате да работите, а потоа следува заслужениот одмор.



СК��РПИЈА

Најмногу сте сконцентрирани на љубовниот живот. Ситуацијата е се' постабилна, но партнерот понекогаш ви црпи најмногу енергија. Финансиите се исти - проблематични. На деловен план ништо ново. Здравјето е солидно.



СТРЕЛЕЦ

Без оглед на тоа што работата тргна на подобро, чувствувате незадоволство. Финансиската ситуација е солидна. Во семејството е весело. Можна е љубовна средба со некој со кој работите, но надвор од работното место.



ЈАРЕЦ

Денес планиравте да одите кај некого во посета, но планот ќе ви се изјалови. Ќе бидете спречени поради обврски. Во семејството е променливо. Партнерот ќе биде мрморлив и малку здодевен со забелешките.



ВОДОЛИЈА

Денеска сте здравствено чувствителни, па одморајте се повеќе. Работете само толку колку што е неопходно. Финансиите се се' подобри. Изворите на приходи ги криете од другите. Доколку имате деца, можни се проблеми.



РИБИ

На работа е стабилно. Финансиската ситуација е непроменета. Ако сте во долга врска, со партнерот доаѓа до разминување во мислењето околу изборот на местото за живеење. Проблемот брзо ќе го решите. Здравјето е добро.
















































































































































#
Најди! во Утрински

"""