Што прават денеска
Владимир Дади Ангеловски
актер
По 44 години, 10 месеци и 7 дена, на сцената и актерска дејност од пред неколку дена живеам пензионерски. Неодамна и официјално заминав во пензија, но тоа не значи дека го напуштам актерскиот живот. Ако не друго, не отстапувам од мојата навика неколку часа во денот да минам во бифето на Драмски театар. Инаку МРТВ ја обнови емисијата „Хихирику“, па сега со Иван Карадак ја преформатираме емисијата.
Климент Србиновски-Кербер
рапер
Денеска завршуваме со снимањето на новиот спот за песната „Дојди вечерва“ што ја изведувам со Викторија Апостолова. Текстот на песната и приказната во спотот се засновани врз вистински случка од животот. Верувам дека ќе завршиме навреме, па ќе можам да повежбам во теретана, а и да се занимавам со бизнисот.
Хакан Менга
менаџ. на бутик „Кобалт“
Деновиве во бутикот „Кобалт“ во „Рамстор“ ни пристигнува новата брендирана колекција на кошули, врски и манжетни, па приемот ми го ангажира речиси целото работно време. Сепак, попладнето ми е неизбежно наменето за моите најблиски, а вечер веројатно ќе имам некое дружење со пријателите. |