Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
3425

Кој ќе ќари пет млн. евра од ЈУ-лотото

Поранешните ЈУ-држави утре и задутре во Загреб ќе го прецизираат договорот за заедничка лотарија

Маја Томиќ

Се интензивираат подготовките за заедничката лотарија меѓу поранешните југословенски држави. Директорите на државните лотарии на Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и на Словенија утре и задутре во Загреб ќе се состанат за да го разгледаат пречистениот текст на договорот што ги содржи заедничките правила за лото-игрите, а ќе можат да дадат и свои дополнителни забелешки. Според директорот на „Државна лотарија“, Јован Силјановски, следниот чекор потоа е секоја држава одделно преку владите и другите институции да даде зелено светло на тој договор, по што ќе се оди на негово потпишување. Кај нас документот треба да го одобри министерот за финансии.

„Договорено е дека нема потреба секоја држава однапред да вложи одредена сума во фондот за лото-премијата, која, како што претходно се размислуваше, треба да зависи од бројот на жителите. Утврдено е главната лото-добивка да изнесува 5 милиони евра, а тие средства да се обезбедат од вкупните уплатите што ќе се реализираат во сите држави, учеснички во проектот. Се претпоставува дека таа сума ќе се зголемува со тек на време, бидејќи ќе има 20 до 30 милиони потенцијални играчи “, изјави Силјановски за „Утрински“. Тој додаде дека се очекува сите технички подготовки да бидат завршени најдоцна до март наредната година кога треба да стартува ЈУ-лотото, како и дека останува претходната одлука заедничкото извлекувањето да биде во Љубљана. Од љубљанското студио со директен линк ќе се пренесува извлекувањето до останатите лотарии, а тие, секоја одделно, може да организираат програма со свој водител.

Според досега договореното, лотото ќе се извлекува еднаш неделно, за освојување на главната премија ќе треба да се погодат 5 од 50 броја, со дополнителен избор на еден или на два броја, џек-потот ќе изнесува два милиона евра, уплатата на една комбинација ќе биде 1 евро како и дека добивка ќе носи и погодок од само два броја. Овој погодок ќе изнесува фиксно 1 евро, а погодени три броја, пак, ќе носат добивка од 5 евра. Можно е овие претходно договорени работи да претрпат измени во наредниот период.

Идејата за обновувањето на југословенското лото се роди уште во 2007 година, а од почетокот на оваа година некако доби на интензитет. За оваа иницијатива се разговараше летово на заедничката средба во Сараево меѓу претставниците на националните лотарии на поранешните ЈУ-државите, каде што сите изразија желба и спремност за учество. Засега не е сигурно дали и како Косово ќе биде вклучено во ЈУ-лотаријата, бидејќи се' уште нема своја државна лотарија. Сепак, претставници од Косово изразиле подготвеност за дополнително вклучување во проектот.

Инаку, лото-треската во земјава дојде по долга пауза од три и пол години откако Владата ја укина поранешна „Лотарија на Македонија“ и формира „Државна лотарија“ во пролетта 2009 година. Првото извлекување на “Државната лотарија“ беше на 3 мај годинава, а уплатата изнесуваше скромни 17 илјади евра. А, главната премија од загарантираните 100 илјади евра се' уште го чека среќниот добитник. (М.Т.)

Лото ќе играме двапати неделно

Од наредната недела лотото ќе се извлекува двапати неделно наместо како досега еднаш секој понеделник. Според директорот на државната „Лотарија“, Јован Силјановски, отсега извлекување 7 од 34 броја, ќе има секој понеделник и четврток, а новиот начин стартува веќе од наредната недела. Значи, ќе има извлекување на 8 и на 11 ноември. За разлика од досегашната организација на лотото, отсега уплатите ќе можат да се вршат до 18 часот наместо до 18,30, а извлекувањето ќе биде во 19 часот, наместо во 20 часот, исто така, на телевизија Сител.

„Истовремено ќе се зголеми и загарантираната сума за премија за седумката, од досегашните 100 илјади евра, на 130 илјади евра“, додава Силјановски. Вели дека со овие новини се очекува да се зголемува и фондот на неделната уплата, која досега изнесуваше околу 25.000 евра, како и дека ваквиот начин на организирање на лото-игрите е практика во повеќе земји.

Инаку, од Државната лотарија најавуваат дека се при крај со подготовките за новата игра бинго, која треба да стартува во почетокот на декември годинава. Наскоро ќе биде пуштена во промет и новата грепка „Калинка“. „Освен што е во тек постапката за зголемување на бројот на продажните места на лото-тикетите и на грепките, во процедура е и реализацијата на добивање дозволи за улична продажба на тикети“, изјави Силјановски. (М.Т)


#
Статијата е прочитана 2247 пати.

Испрати коментар

Од: Прилепчанец
Датум: 02.11.2010 12:23:35
А да поработиме малку, а!

Најди! во Утрински
Македонска верзија
ЕДИТОРИЈАЛ
Мирче Јовановски
Македонски состојби
Манчо Митевски
Поглед
Билјана Јовановска
Мислења
Филип Петровски
Мислења
Јошка Фишер
Интервју
Јован Илиевски, прв човек на специјализираното Обвинителство за организиран криминал

Свадбени ѕвона
Која е избраничката на Златко Калеников?

Шерил Кол
Потпиша договор за шест милиони фунти






Commission to give green light to Montenegro's EU candidacy
Albania criticised by EU for lack of political dialogue
EU enlargement reports reveal mixed progress for Balkan states