Број 2785  петок, 12 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Македонијо, ви благодариме

Раководството на холандската репрезентација и навивачите задоволни од престојот во Скопје

Миодраг Мицковиќ

Фудбалерите на Холандија и нивните навивачи го напуштија Скопје задоволни од минималната победа против Македонија но и од престојот во нашата држава. Беше навистина прекрасна слика на скопскиот аеродром кога речиси поголема група на навивачи од Холандија беа облечени во дресовите на нашата репрезентација, со шалчиња на кои пишуваше „Македонија“. Дводневниот престој во Скопје ќе им остане во сеќавање не само поради тешката победа на нивната репрезентација туку и од пречекот во нашиот град. Беа сместени во хотелот „Карпош“, се прошетаа по градот, по кејот, и тие како и шкотските навивачи испија стотици кригли пиво. Со еден збор, се вратија во Холандија со многу поинаква слика за нашата земја отколку што ја имаа до мечот со Македонија.

Според зборовите на познатиот менаџер, инаку скаут на клубот Херенвен, скопјанецот Драган Путевски - Пап кој повеќе од дваесеттина години живее во Холандија, благодарност од приемот, од коректната игра на нашите фудбалери до раководството на Фудбалската федерација на Македонија упати и претседателот на Холандската федерација Мишел Ван Праг.

-Холандија со тешка мака дојде до победата. Знаевме дека Македонија игра добар фудбал, но да бидам искрен, се намаливме за овие три бода. Морам да кажам, му благодариме и на Господ што победивме во Скопје. Последните дваесетина минути беа мошне тешки за нашите фудбалери, и јас стравував дека Македонија може да израмни што немаше да биде незаслужено. Атмосферата на стадионот беше прекрасна, се беше на ниво. Бев многу среќен кога по завршувањето на натпреварот слушнав долготраен аплауз од трибините упатен до фудбалерите на Македонија и Холандија. Тоа и го заслужија бидејќи видоа навистина еден добар меч. тоа беа зборовите на претседателот на Фудбалската федерација на Холандија Мишел Ван Праг.


Статијата е прочитана 1338 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Поразени, но со кренати глави
Среќко Катанец
Слатка одмазда на Англичаните против Хрватска
Србија солидна против Франција, но недоволно за бод
Полска на хоризонтот по гостувањето во Талин
Бродолом на кошаркарките
Грабулоски го исфрли првиот носител во Стара Загора!
Ѓорчепетровки го декласираа Крим
Семинар во Скопје со инструктор на ИХФ
Ставрев ќе го суди мечот Баник - Спартак (М)