Број 3464  четврток, 23 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Хроника

Европа лепи казни за неисчистен снег од возилата

МВР засега само препорачува да се тргне на пат со чисто возило, додека Хрватска дебело ја казнува непослушноста

Горан Адамовски


Исчистете го автомобилот од снег пред да тргнете на пат. Ќе имате подобра прегледност, побезбедно е за вас, но и за другите учесници во сообраќајот, кои подoбро ќе ве забележуваат, а и нема да има опасност снегот да им се истресе пред ветробранското стакло. Ова, засега, е препорака од нашата полиција. Но, ако се следат примерите од Хрватска и од поразвиените европски земји, оваа препорака лесно ќе премине во наредба, бидејќи за непoслушните што нема да го истресат снегот од возилата, полицијата ќе им удри по џебот со казни!

Чистењето снег од возилата не е новина во западноевропските земји. Во Велика Британија казната за овој прекршок е 60 фунти и три негативни поени. Несовесните возачи во Хрватска, пак, за овој прекршок плаќаат 700 куни (околу 5.600 денари). Тамошните промени во Законот за сообраќај, кои стапија во сила од први декември годинава, ги изненади возачите, кои малку знаеја за оваа новина. Затоа, полицијата во првите денови беше пофлексибилна и само ги предупредуваше, но веќе од овој викенд се најавува доследна примена за законот. Возачите ќе мораат убаво да ги исчеткаат кровот и деловите од возилото каде што се наталожил снегот.

Како што пишуваат хрватските новинари, Законот не предвидел колку сантиметри снег е дозволено да остане на возилата, така што „полицајците ќе ги казнуваат возачите, кои поради непрегледност предизвикана од неисчистениот снег, ќе ги загрозат останатите учесници во сообраќајот“.

„Кај нас чистењето снег од возилата пред да тргнат во движење е само препорака. Казни нема, но во интерес на возачите е да ја применат препораката“, велат во македонското МВР.

Интересно, Хрватите се обидоа, но не успеаа да протнат уште една законска измена, да ги казнуваат возачите што им блиндираат на колегите што им наидуваат, со што ги предупредуваат дека во близина ги чека полиција.

Надлежните потсетуваат дека неповолните временски услови, односно слабата видливост и лизгавиот коловоз, бараат од возачите поголема внимателност зад воланот, возење со намалена брзина приспособена кон условите од патот, како и добра подготовка на возилата за зимски услови за возење. Апсолутно не се препорачува возење доколку сте уморни, ненаспани, под дејство на алкохол, дрога или некаква терапија што може да влијае врз смалување на концентрацијата.

„Во зимски временски услови треба да се обезбеди адекватно миење на ветробранското стакло, па затоа место вода, треба да се стави посебна течност што не мрзне на ниски температури“, велат надлежните.

Зимските гуми се препорачливи. „Не е лошо да се понесат и лопата, малку песок, метла за чистење стакло, спреј против замрзнување стакло, спреј за брави, кабли за стартување и стругалка за мраз“, стои во препораките од автомото друштвата.

Во услови на снег и мраз на коловозот, се советува избегнување нагли промени на правецот на движење и нагло кочење. Ако автомобилот почне да „шлајфува“, треба да се обидете со движење наназад, а ако и тоа не успее, под тркалата ставете песок, гранки, крпи и сл.


#
Статијата е прочитана 1212 пати.

Испрати коментар

Од: Goran-Skopje
Датум: 23.12.2010 20:18:37
Steta sto nema kaj nas sneg , ke soberea malku pari za budzetot !?!

Најди! во Утрински
Хроника
Нема абер од вештачењето за хеликоптерот
Приведени Велија Рамковски и управители на фирми од „Перо Наков“ бб
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks