Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Реторичките прашања на премиерот

Александра М. Митевска

Прашање на кое не се очекува одговор, бидејќи одговорот е очигледен или се подразбира сам по себе. Така се дефинира поимот „реторичко прашање“, за кој во учебниците пишува и дека се користи во литературата за ги засили чувствата на читателот.

Во актуелните политички процеси во Македонија има многу динамика и пресврти, така што тие лесно би се сместиле во некој литературен жанр. Можеби и затоа лидерот на тие процеси деновиве поставува многу реторички прашања, во обид да ги засили чувствата на аудиториумот.

Премиерот Никола Груевски се обидува да претвори во лична победа уште една изгубена битка за земјава на патот кон Брисел. И да се претстави како главен чувар на името и на идентитетот во ситуација кога нема кој да ги зачува од заборав евроатлантските перспективи на државата. Еднаш тоа му успеа - во 2008 година кога ветото за Македонија во Букурешт произведе голема изборна победа за ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, овој пат, се чини, нови предвремени избори не се опција - барем не засега. Власта знае дека во меѓувреме граѓаните отрпнаа на честите падови на меѓународна сцена и дека значително се сменија околностите на домашниот политички терен. Но, тоа не го спречува Груевски значително да користи предизборна реторика во интермецото меѓу уште една лоша вест од ЕУ и уште една нова надеж за НАТО-иднината на државата.

Јавноста се' уште не знае која е црвената линија во спорот за името на актуелната владејачка гарнитура. Но, актуелниот премиер смета дека јавноста треба да знае која е црвената линија на опозицијата. Еден политички ветеран од опозициските редови деновиве излезе со сомнежи дека се водат тајни преговори меѓу властите во Скопје и Атина. За таквите наводи немаше одговор од премиерскиот кабинет. Затоа, пак, премиерот побара одговор од опозицискиот лидер дали нешто договорил или договара со Грција. Подолго од две години спорот со името се комплицира и се усложнува, а премиерот ги прашува „медиумските јастреби на СДСМ“ дали се свесни колкава штета предизвикале со тоа што го прифаќале секој предлог на Грција .

Груевски знае дека компромисот не зависи од опозицијата, уште помалку од медиумите. Да беше така приказната, можеби ќе се развиваше поинаку. Како тогаш да се сфатат неговите реторички прашања? Дали како намера да му ја отстапи власта на Бранко Црвенковски? Или како преуранет сигнал дека и ноемврискиот самит на НАТО нема да донесе ништо ново за интеграциите на Македонија?

Првата дилема можеби е предимензионирана. Но, втората лесно би можела да стане реалност ако и во наредните пет месеци продолжи политиката на поделба на предавници и на патриоти, на тактизирање со антиката, на поигрување со соживотот, на очекување Грците да попуштат...

Многумина го посочуваат ноемврискиот самит на НАТО како последна шанса на подолг рок за деблокирање на евроатлантските перспективи на Македонија. Ако шансата навистина е последна и ако таа навистина се пропушти, тогаш власта можеби повторно ќе се обиде да го сврти вниманието кон опозицијата и медиумите, можеби ќе се потпише уште некоја декларација за евроатлантска Македонија, ама на крајот соочувањето со граѓаните ќе стане неизбежно. Тогаш тие ќе треба да се прашаат дали се согласуваат земјата и натаму да се движи во иста насока. И тоа прашање нема да биде реторичко!

Тогаш изборите ќе станат реалност. Не затоа што така велат Црвенковски, Бошкоски, Тачи или Георгиевски..., туку поради логиката на нештата. Поради загрозеноста на стратегиските приоритети на државата. И поради потребата да се дефинира натамошната меѓународна политика на државата.


#
Статијата е прочитана 1648 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 22.06.2010 00:07:10
Gruevski e vo pravo! I mene mi se cini deka Branko pregovara zad negoviot greb. Makedonija ne e karikatura na drzava tuku karikatura na karikatura. Taa e edinstvena drzava vo svetot kade sto opozicijata pregovara vo ime na drzavata a vlasta gleda seir i go kritikuva vladeenjeto na opozicija. Nekoi tvrdat deka Branko vece go smenil imeto, ne se vikame FYROM tuku nekako poinaku. Ama ne sakaat da ni kazat. Zatoa vo Sovetot na Evropa se podigravaat so Milososki koga toj se sepuri so negoviot badj "FYROM".
Од: zoran
Датум: 22.06.2010 00:38:02
Bla, bla, bla nema da ima izbori ni vo noemvri, a i da ima pak ke izgubite. No dobro e sto se aktivni oligarsite trosat pari i ja pomagaat ekonomijata, ha ha ha.
Од: Трпе
Датум: 22.06.2010 00:48:06
Нашиот мистер мр Рејтинг,веке 4 години опстојува на власт не поради некои обеќани резултати.Тој цели 4 години 24/7 е во предизборен маркетинг.Со народ кој нешто има чуено за учењето дека било моќ или сила а ништо не разбрал , доволно се само обеќања ЌЕ,Ќе,ќе,ќе.....
Од: debrestanec
Датум: 22.06.2010 01:03:42
Za da imas monopol na nestoto,treba celosno da go poseduvas a ako go imas delimicno treba da baras kompromis kako vo sovremeniot brak. p.s Sekoj po malku dodava ili na sekoj po nesto mu se odzema,zavisno kolku imal na vagata.
Од: Mira
Датум: 22.06.2010 02:42:05
"Власта знае дека во меѓувреме граѓаните отрпнаа на честите падови на меѓународна сцена и дека значително се сменија околностите на домашниот политички терен"...e dechki tuka ste zgreshile, ja znaete onaa "i korenja ke jademe!"...ne vi pali ova, ne se davame.Zaboravate na Brankovite "morame, sakame i mozeme" svetoto trojstvo na Brane, koe ama bash nikogash ne go kazal iskreno? Komunistichkata retorika, "eve drugari JAS prv ke ja snosam odgovornosta!"...Ajde bre Branko! Sno si ja, idi u zatvor! i vie shto nemate druga opcija osven Brankota ...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 22.06.2010 06:31:58
Во текстот провејува една точна и една неточна констатација.Имено точната констатација е да зависело од опозицијата и од медиумите (не сите) одамна би се решил спорот.Тоа го препознавме ние граѓаните и го испорачавме преку анкетата на Дневник што мислиме за вакви однесувања. Неточно е да Букурешт допринел до страотната победа на власта.Се работи за опозиција која е никаква,очајна и со гумарабика рбет.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 22.06.2010 08:14:41
Премиерот таков каков е некадарен мора да измислува внатрешен и надворешен непријател, велеп��едавници,и конспиративни заговори.И јас еве би преговарал?Можно е? Се разбира дека верификување и преговарање може да има само преставникот на една со претставникот на друга власт ( влада).А ова конспирации и слично е уште еден обид за влечење на народот за нос, демек некој друг е виновен што премиерот не го бива?
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.tel.20 41 586
Датум: 22.06.2010 09:01:50
Za kakvi porazi zboruvame!? Za kakvi izgubeni bitki, za kakvi propusteni sansi!!?? Citam katadnevno od nasite "kolumnisti" samo crnila,samo pesimizam, samosebe ponizuvanje. Porazot ,katastrofata ja doziveavme so FYROM i seto otogas navamu e pobeda niz izgubeni bitki!! Paradoks,a!! Setete se na Lisabonskata deklaracija,setete se na embargoto,sto bea tie,porazi so pobedi!! Kade ni e duhot,kade ni e realnosta za EUdemokratijata.Zosto se samoponizuvame i se plukame megusbno po vesnicite za nekoi mali pari!? Koj toa siri strav deka nema da ne bide po noemvri!!?? Glavata gore ,vratete go svoeto dostoinstvo,ne nasednuvajte na politickite igri na penzionerot sto ne saka da bide penzioner,na premierot sto mislese deka se se pravi so rabota! Sto rekol Cercil : Hrabrost e da odis napred niz porazi!
Од: atanasija
Датум: 22.06.2010 09:23:06
Dnive odnovo ja citav "Ana Karenjina".I vo ovaa prekrasna kniga spomnato e predanieto za Varijagite.Tie vlat:"Upravuvajte i vladajte so nas.Nie radosno vetuvamepotpolna pokornost.Siot trud,site ponizuvanjaq,site zrtvi gi primame na sebe;no ne sudime i ne resavame" Makedonskiot narod "sudenjeto i resavanjeto i go prepusti na aktuelnata vlast,a premierot ja povikuva opozicijata da mu kaze sto da pravi,ili barem sto taa bi napravila.A taa mu poraca:ili vladej-toa pravo ti go dade narodot,ili begar,kako sto begas od odgovornosta da doneses resenie za dobroto nanarodot. I sto e tuka "retoricko prasanje"?So opozicijata ne moze da smeta EU i NATO tie baraat resenie od onie koivladeat,od vlasta
Од: Карокан-гамбит
Датум: 22.06.2010 09:25:52
До Мира: Си го погрешила редоследот на употребата на кирилицата и латиницата во текстот. Латиницата требало да ја употребиш во цитатот,а латиницата во твоетто видување и објаснување на истиот.Така полесно ќе те разбереа на тие што им се обраќаш.Цитатот добар дел од нив и не ќе можеа да го прочитаат, бидејки е латиничен,а со кириличното објаснување ќе им ги напумпаше градите со очигледно испумпаната злоба од твоите. Во таков случај не е ни чудно твоето повикување на одговорност и самоиницијативно заминување во затвор без било какво откривање криминал,пријава и судење. Туку,ми текна!!!!!! Ќе му речам на татко ми нека го остави кравите врзани и нека открие криминални однесувања на "твојот" негативец, да поднесе кривична пријава и веднаш да го процесуира случајот и експресно го спроведе судењето (да не изгладнуваат кравите) и го спроведе во затвор.Така градите повторно ќе ти се напумпаат,овој пат од ќеф!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: ace
Датум: 22.06.2010 09:31:12
neznam zosto sekogas go mesate branko,kako toj da e na vlast ,nema logika,i kako moze premierot da si dozvoli drug da mu kaze resenie ,ako ne go biva zosto ne maci site ,pozzz
Од: Nikola-Germanija
Датум: 22.06.2010 09:56:28
GOTOV E!Najkasno za prolet v godina ke ima izbori i do togas rejtingot na samonareceniot spasitel na Makedonistinata ke dozivee vrtoglavo pagjanje.Makedonskiot narod saka povisok zivoten standard vo Drzava,koja ima prijatelski i uredeni odnosi so megjunarodnata zaednica,pogotovo so sosedite.Gruevski ni ednoto,ni drugoto ne e vo sostojba da ga isporaca kako rezultat na negovoto samobendisano vladeenje.Keski Branko da pregovarase so GR;dosega,da preteruvam,MK ke pretsedavase i so EU!!!
Од: Boshko
Датум: 22.06.2010 10:21:28
Na site im e jasno shto se sluchuva vo Makedonija ,i site dobro znaeme deka bez dodavka na imeto nema vlez vo nikaoja org.Ni E U ni NATO E znaeme deka Gligorov akashe Makedonija da bide zapisana kako Makedonija no OON ne dozvoli znaeme zoshto i sega e problem.Do kolku e dojdena Kosa do nosa shto velat Gadjovci togash ako mora da ima dodavka neka bide Republika Makedonija (Vardarska)Site znaerme deka nashata Makedonija e Vardarskiot del od celata Makedonija.A ako ja barame celata s(starata)Makedonija togash beljata si ja barame i Grcite do eden ke umrat i Toj del nema da go dadat.No Nie treba da vlezeme vo EU i togash ke se otvorat granicite i ete ti ja cela Makedonija zaedno.
Од: no name
Датум: 22.06.2010 10:29:25
Премиерот е како децата.. Ако добие слаба оцена професорот е крив.. Ако другарите му се налутат , тие се криви... Ако направи некоја беља дома, родителите се криви... Секогаш некој друг, никогаш тој самиот... Арно ама децата ќе пораснат и ќе научат и разберат некои работи и ќе станат одговорни за своите постапки... А дали премиерот ќе порасне? Дали и понатаму сите други, тој никогаш, ќе бидат одговорни? Дали некој, тој не, ќе ја понесе вината за ова што се случува со економија, здравство, правда, надворешна или внатрешна политика????
Од: uvereni
Датум: 22.06.2010 12:54:30
И бидете уверени: Македонија ќе биде МАЌЕДОНИЈА или нема да ја има, П.С. Само еден стоеден
Од: До Зоран
Датум: 22.06.2010 15:00:31
Еееее Зоране, жива патетико. Па да не се парите од олигарсите ќе умреш од глад, оти како што гледам само тие пари фигурираат у целава економнија. На другите пари, тие твоите им го најдоа крајот. Ама што разбираш ти, и тебе ти го испрале мозокот (и тој што малку си го имал). Ве жалам сите бедни душички.

Најди! во Утрински
Едиторијал