Што прават денеска
Ненад Секирарски
моден креатор
Како жртва на нерасчистените улици со снег (пред неколку дена паднав и ја скршив ногата), денешниов ден и наредните денови ми се ограничени што се однесува до работата, онолку кол��у што ми дозволува скршеницата. Целата среќа во несреќа е што сега сите ме галат и ме чуваат, па целосно уживам во вниманието што го добивам од драги луѓе.
Данило Брестовац
ракометен тренер
По завршувањето на кариерата како ракометен голман на Вардар про и Металург, секој ден, па и денешниов ми е исполнет со ракомет. Работам професионално со сите голмани во Металург, почнувајќи од сениорската и младинска екипа, со најталентираните кај пионерите, па се' до голманите од женската екипа на Металург. Новата работа ме исполнува со големо задоволство.
Панчо Шорти
диџеј
Денеска е понеделник, но во превод тоа за мене значи недела. Моите работни денови се од четврток до недела, па така денешниов ден ми е посветен буквално на себе и на најблиските. Станувам околу 12 ч., по извршените утрински ритуали одам на трчање или возам статичен велосипед, во зависност од временските услови, па туш, јадење и остатокот од денот го користам за релаксација во добро друштво и луѓе што ме исполнуваат. |