|
Хороскоп
Овен
Кај вас ништо не се знае - тоа е сознание што страшно го привлекува вашиот партнер. На моменти сте мирни и меки како памук, а на моменти избувнувате и поради најмали ситници. Моментално сте во негативна фаза. Размислувате црно, а постапките на партнерот ве излудуваат.
Бик
Ситуацијата бара сериоз��н пристап и добра концентрација, а нив ги имате во изобилство. Иако ќе направите се што е во ваша моќ, па дури и повеќе од тоа, сепак, нема да бидете задоволни. Интуитивно чувствувате дека некој кој ви е важен се однесува неискрено спрема вас, а вие страдате поради тоа.
Близнаци
Работите вредно, темелни сте и сериозни. Проблемот се јавува во вид на ситничарење и желба за перфекција во работите што ви се важни. Полека ви се враќа сигурноста и поддршката, така што имате убаво мислење за себе, а тоа е причина повеќе да владеете со ситуацијата.
Рак
Обидете се да најдете внатрешен мир. Не очекувајте од другите да ги исполнуваат вашите желби и да ги читаат вашите мисли. Не сте задоволни, но дали преземате нешто конкретно за да го решите проблемот? Засега само го премотувате филмот и не правите ништо.
Лав
Се наоѓате во фаза на очекување пријатни и возбудливи настани. Планирате патување од кое многу очекувате. Бевте преангажирани изминатиов период, така што одморот одлично ќе ви дојде. Влеговте во поволен период, придружен со конкретни успеси.
Девица
Препорачливо е да земете пасивен одмор. Дружењата не се идеално решение, зашто не сте добри ни за вас ни за другите. Размислете колку бевте посветени на себеси изминатите денови, а колку време минавте во водење грижа за другите. Несебично се давате.
Терезија
Уметничките склоности се изразени, така што во се гледате убавина. Она што не ви одговара - обидете се да не го забележувате. Сите денешни постапки се на место, а вие сте повеќе од задоволни. На момент ќе ви светне мисла дека патот до среќата е едноставен!
Скорпија
Непланираните настани може да ви ги одвлечат мислите од болестите и од другите проблеми. Токму денеска некој кој умее да ве релаксира ќе ви предложи интересна идеја, а тоа ќе ве натера да размислувате во позитивна насока.
Стрелец
Наклонетоста кон настинки е изразена. Можеби тоа е причината поради која се чувствувате омалаксано? Сите постапки се во согласност со моменталната состојба. Расправиите, навредите и помирувањата се само вентил за исфрлање на насобраната напнатост.
Јарец
Влијаете магнетски привлечно врз околината. Одлично заведувате или барем се обидувате да се претставите во такво светло. Не сте задоволни од развојот на љубовните, односно на брачните односи. Конфликтите со спротивниот пол имаат длабоки корени.
Водолија
Конфузни сте. Не преземајте ништо за да излезете од хаосот, зашто така само ќе ја влошите ситуацијата. Можни се финансиски загуби, емотивни незадоволства и болести врзани со собирањето течности во организмот. Не ги обвинувајте другите за вашите слабости.
Риби
И понатаму се вртите во круг. На суво сте, па се обидувате да се вратите во вода. Додека го правите тоа, размислете за сопствените грешки. Обидете се да промените нешто кај себе. Малкумина од вас знаат што сакаат - повеќето лутаат и ги повторуваат истите грешки.
|
#
|
|
|