Лондон – „Блокадата на евроатлантските аспирации на Македонија поради наметнатиот спор околу името на државата може да ги влоши меѓуетничките односи во државата“, пишува лондонски „Фајненшел тајмс“.
Земјата која се' уште официјално е „поранешна југословенска република“ и од 2005 година има статус на земја-кандидат за Европската унија, според овој весник, изгледа растресена како никогаш досега по воените судирања во 2001 година..
„Интеграцијата на земјата во европските и во евроатлантските асоцијации, што беше главниот морков по судирањата од пред девет години за да се убедат етничките Албанци да го остават оружјето, веќе го загуби својот моментум. Грција и спорот за името што го има поведено прво ја блокира земјата да стане членка на НАТО, а потоа и го запре процесот за почнување на преговорите за полноправно членство во ЕУ“, забележува „Фајненшел тајмс“, кој им приговара на Унијата и на Брисел зошто во регионот на Западен Балкан целиот свој интерес го имаат насочено само кон случувањата во Босна и Херцеговина и во Косово.
Пред конференцијата во Сараево, на која се расправаше за иднината на целиот регион и за натамошното проширување, шпанското претседателство со ЕУ повеќе се занимаваше со тоа како да ги смести во иста просторија делегациите на Белград и на Приштина отколку за уште еден проблематичен случај, како што ја оквалификува весникот македонската меѓуетничка ситуација каде што блокадите на евроатлантските процеси го покренаа македонскиот национализам и ја зголемија фрустрацијата кај бројната албанска заедница.
Весникот ја пофалува македонската Влада и вели дека таа може да се смета себе си за проевропски настроена, затоа што Македонија е единствената од сите поранешни југословенски републики која ги има средено сите гранични прашања со своите соседи. Последна беше уредена и обележана границата со Косово, но „Фајненшел тајмс“ тврди дека во тој реон одново има проблеми, при што командантот Хоџа од судирањата во 2001 година и некогашен пратеник во македонскиот парламент Џезаир Шакири пак е со оружје в рака, инсистирајќи дека делот околу неговата куќа е „република Танушевци“ во која македонската полиција не смее да дојде.
Во разговор за лондонскиот весник, тој вели дека неговите луѓе пукале кон хеликоптер на македонск��та полиција, пред две недели и се пофалил со митралезот поставен пред селското училиште каде што била неговата „канцеларија“. (МИА)
Ovoj Britanski vesnik sekogas si pisuva kako ke mu tekne, i opstojuva na "stara slava". Ako pogledame nanazad 5-6 godini,pa i podolgo, ke vidite deka za mnogu nesta sto pisuvale a i predviduvale ,se e totalen promasaj, a nekoj natpisi im se duri daleku i od vistina i od logika.
Од: borce
Датум: 04.06.2010 01:29:35
Do koga nekoj od nadvor ce ni kazuvaat chto kocho ni se slucuva vo drzavata.mesto vlasta i policijata da e kontroliraat celata teritorija tie ne ubeduvaat deka se e vo red. Kako e vo red aku prvo lugeto od chumskoto od bezbednosni pricini ne si e obavuvaat svojata rabota.Drugo chumite na delot kade chto ziveat Albanci nekontrolirano se unichtuvaat se secat i se prodavaat drva na divo.
Од: Pluc pljuc pljuc
Датум: 04.06.2010 06:45:18
Drugi falat domashni - prodolzuvaat so pljukanje kon sémakedonsko, pojava koja e ocekuvana.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 04.06.2010 09:04:53
Дури на крајот од текстот некако како низ стиснати заби се п��оцедува односно напишува да истиот весник кој предвидува ,,црни сценарија,, ја фали владата за европско настроение.Што се случува во нормалниот свет кога некој самоволно прогласува република или територија за своја.Како се справува САД на пример кога некој прогласи независен Тексас,или случувањата на отцепениот ранч со верски фанатаци.Тука одма албанскиот политички блок ќе најде алиби а истите странци ќе одмолчат.
Од: tomo
Датум: 04.06.2010 09:13:27
Tesktot e naracan za da se zaplasat Makedoncite.
Од: Alien from Space
Датум: 04.06.2010 09:36:30
Текстот е платена реклама за „нашата“блада!Ако ги има на Си-Ен-Ен,за „нив“не е проблем да ги има и во „Фајненшел Тајмс“!Демек,ете и другите го мислат истото,што и ние!Проблемот со Терористите-пр(л)атеници е еден од методите за постигнување на целта-Сеењето страв меѓу народот,во стилот „ако не биде вака,ќе има војна“, „никако поинаку,само вака,како ние кажуваме“!Постојано се прашувам Кому му се згрозени правата во МК?Дали на Неписмените,кои ги сместија своите дебели задници во државните канцеларии,парламентарните фотелји?На оние вработените во „јавната администрација“што сè уште остваруваат право на социјална помош?!Дали на оние чија фирма работи со полна пареа,во куќи со џакузи-клади и плазма ТВ,а не плаќаат никакви порези?На Оние кои работат државно,а постојано вадат боледувања за сеидба-жнеење-садење,или за довршување на приватниот Бизнис,препишан на синови и ќерки?Или,на Политички Неопределените,работливи мравки,кои со години чекаат за вработување,без нивче,бизнис,станче,имот...?
Од: Cudonevideno
Датум: 04.06.2010 11:12:20
Covek ne moze da ve razbere vas .nie sne predavnici koi sakame da se resi problemot so imeto a vie ste patrioti koi sakate da odite vo Evropa bez da se resi prasanjetto so imeto. Na sekade vo svetot se vikame FYROM a vie seuste sakate da ne se resi imeto.Cela makeedonija e vo kolaps i vie sakate da izigravate nekoi patrioti ilil zastitnici na Alexandar golemiot . Abre luge zar ne gledate deka i toa sto go imame ke go izgubime ili treba nekoj drug da vi go kaze toa . Evropa treba da go moli Nilkola (taka idat rabotive) za da bidem so niv . Sto stana so vas dali imate vie familii mislite li na vasta idnina ili sakate da se prodolzi tragedijata na makedonecot. Pa vie gi napravivte site predavnici posto nejket istomislenici-KOJ NE SAKA DA ZIVEE DOBRO DENES ?????