Број 3651  вторник, 09 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
На прво место

Рамковниот не ги отвори вратите за сите

Од 719 институции, во повеќе од 500 нема вработено ниту еден Бошњак и Ром, во повеќе од 400 нема ниту еден Влав, Турчин или Србин

Жаклина Ѓорѓевиќ

Се претерува ли со нови вработувања по етничка линија, согласно со Охридскиот рамковен договор. Поминаа десет години од Договорот што предвидува правична застапеност на заедниците во сите централни и локални јави тела, а се' уште не стивнуваат критиките дека со овој принцип се фаворизира исклучиво албанската за сметка на другите етнички заедници. Дури и во извештаите на институциите што го следат спроведувањето на Договорот се констатира запоставување на помалите етнички заедници, кои јавно го изразија своето негодување во врска со ова прашање.

И од странците стигнаа критики дека јавната администрација се пумпа само за да се испочитува правичната застапеност, што не е добро, бидејќи би требало да има отворен натпревар меѓу сите кандидати на огласите. Нивните забелешки се дека најмногу оштетени со вработувањата се Ромите и Турците, иако забелешки има и од другите помали заедници.

Бројките кажуваат дека во повеќето институции најмногу е зголемен процентот на нововработените припадници од албанската етничка заедница. Од околу четири проценти Албанци во јавниот сектор до 2001 година, сега овој бројката е 17,2 отсто, велат во канцеларијата на народниот правобранител, кој ги следи вработувањата според правичната застапеност. Зголемувањето на бројката на нововработени од албанската заедница ја потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред извесно време.

„Не може да се каже дека не е напреднат или изменет политичко-правниот статус на Албанците. Во оваа земја до 2001 година имаше 170 полицајци. Денес тој број е приближно 3.000. Повеќе од 20 илјади Албанци досега се вработени во јавните институции врз основа на Рамковниот договор“.

Ахмети го оценува Охридскиот договор како „еден од најважните документи и скапоцености во историјата на албанскиот народ, што предвидува еднаквост и гарантира суверенитет на албанската нација“.

Во последниот извештај на Европската комисија за 2010 година се потенцира: „Застапеноста на помалите заедници, особено турската и ромската, во државната администрација се' уште останува мала. Продолжи практиката на вработување голем број државни службеници од немнозинските заедници без оглед на потребите на јавната администрација. Наводно, некои од овие државни службеници не успеале да ги исполнат критериумите за избор, додека на други не им биле обезбедени канцеларии и опрема“. Во него се наведува и дека Агенцијата за заштита на правата на заедниците претставени со помалку од 20 отсто од населението се' уште не е функционална и дека во отсуство на јасни надлежности и буџет не презела иницијатива да ги брани интересите на помалите заедници.

Во 2005, на пример, како што се наведува во тогашниот извештај на правобранителот добиен од информациите од институциите, процентот на Албанците вработени во јавниот сектор изнесувал 7,42 отсто, додека кај другите заедници се движел околу еден процент. Сега бројките кажуваат дека кај Албанците е зголемен процентот, во споредба помалите заедници, каде што застапеноста се движи околу еден или нешто над еден процент.

Во најновиот извештај на Народниот правобранител за 2010 година се констатира дека „се' уште не е постигнато потребното ниво на застапеност, особено кај припадниците на помалите етнички заедници, иако постои напредок во спроведувањето на начелото на соодветна и правична застапеност. Од друга страна, ова начело не се применува доследно кај раководните работни места“. Во извештајот се препорачува доследно почитување и имплементација на принципот на соодветна и правична застапеност на припадниците на сите заедници, особено од страна на јавните претпријатија и кај раководниот кадар во органите на државната управа.

Сепак, извештајот на оваа институција не содржи целосни бројки од сите институции. Од 719 институции (од вкупно 816) кои доставиле информации, во 567 од нив нема вработено ниту еден Бошњак, во 506 ниту еден Ром, во 497 ниту еден Влав, во 457 ниту еден Турчин, додека во 418 нема ниту еден Србин, во 335 ниту еден Албанец, а во 20 ниту еден Македонец.

„Нашите извештаи покажуваат дека застапеноста на припадниците на заедниците во јавниот сектор во контунитет бележи пораст. Сепак, има и бројни јавни институции што воопшто не го почитуваат овој принцип. Овде, пред се' станува збор за јавните претпријатија и другите институции од сферата на културата, образованието и локалните власти“ вели Мемети.

Тој е убеден дека целта на овој принцип не е да се достигне само процентот, туку многу повеќе од тоа. „Основната цел на востановувањето на овој принцип беше и е интегрирањето на сите заедници во општеството. Сметам дека има потреба имплементирањето на овој принцип да не се прави само за да се натрупаат бројки, бидејќи така нема да ја постигнеме посакуваната цел“ вели тој.

Универзитетскиот професор, Јове Кекеновски смета дека при вработувањата според Рамковниот договор не се води сметка за компетентноста. „Во договорот е кажано дека треба да се запази пропорационалната застапеност на етничките заедници во јавната администрација, вод��јќи сметка за стручноста и компетентноста. Но, не се води сметка за тоа. Ни се случува да имаме некомпетентна и трома администрација. Од една страна, пренатрупување со вишок вработени, а од друга, се нарушува рамноправноста, слободата и правото на работа. И сега што се случува? Работното место е загарантирано за припадник на етничка заедница, иако некој друг е покомпетентен. Тоа секако мултиплицира повеќе негативности и се одразува на ефикасноста на јавната администрација“ смета тој.

„Голем број вработени лица седат дома земаат плата само за да се постигне бројката. Никој не вели да не бидат сите пропорционално застапени, но да не се фаворизира една етничка заедница на сметка на другите. Во одредени инстутиции, како министерствата за локална самоуправа и за економија не се води сметка за пропорциналата застапеност туку само буткај да има повеќе. Што ќе правиме кога ќе ја надминеме бројката, дали значи дека треба да ги бркаме?“ прашува тој.

Кекеновски тврди дека партиите го толкуваат Рамковниот како што сакаат и со тоа го злоупотребуваат. „Нека бидат мажи големите политичари, па нека побараат автентично толување и за ова како што побараа за Законот за амнестија“ изјави Кекеновски.

Пратеникот на Партијата за европска иднина, Мевмед Џемајлоски, вели дека неговата заедница, Торбешите, не се воопшто опфатени со Охридскиот договор, иако според нивните сознанија во земјава има околу 100 илјади торбеши. „Досегашното спроведување на Рамовниот договор не ги третира овие луѓе, туку тие постојано се притискани економски да се изјаснат како Македонци за да добијат бенефиции, или пак, Албанци, од трета страна Турци и веќе не знаат кај се и кои се“, потенцира Џемајлоски. (Ж.Ѓ.)


#
Статијата е прочитана 1276 пати.

Испрати коментар

Од: oktisanec
Датум: 09.08.2011 00:10:40
navistina e zalosno za makedonija koja ima takvi pratenici kako toj mevmet dzemailoski koj ne znae sto e nacija a sto e religija.vo makedonija nema torbesi toa e izmisleno tokmu od nego i tie okolu nege za da dobijat politicki poeni.neka im se zablagodarit na glasacite na sdsm zasto toj stana pratenik a ne da kazuva koj e torbes vo makedonija
Од: Gargamel
Датум: 09.08.2011 08:59:33
Makedonija i se e možno.I Jove,i ramkoven,i torbeši,do sega mislev deka toa e navredlivo ime za delot na makedonskiot narod na koj turskata administracija,za zaštita na svoite granici,za TORBA žito mu ja nametnala islamskata veroispovest,i "domašna državna"administracija,i glasačko malcinstvo,koe za žal ispadna mnozinstvo,i "mali" milion igri so državata i narodot vo nea,bez razlika na nacionalnata i verska pripadnost.Majtap,veleše dedo mi,majtap,a veli i Evropa.Makedonija i se e možno.
Од: mara
Датум: 09.08.2011 12:52:35
spored ahmeti ramkovniot zmaci suverenost na albancite vo makeonija toa nesum go znaele pa ako e taka nema idnina za suverenost na makedonija uste utre moze da se podelime t.e. znaci oni bez vojna ima t pravo da se otcepat....pa zosto togas da vrabotuvame samo albanci 20ilj...a nasite deca da se iseluvat koga oni ne placat nikakvi davaci,porez,fiskalni,kazni vo nivni opstini ne postojat pa ovcimli sme za strizenje.........neka se otcepat pa neka si gi vrabotuvat od svoj dzep...
Од: TORBES
Датум: 09.08.2011 14:40:41
Gargamel-citaj vamu i ti i tie sto mislat kako tebe,Nie torbesite sme posebna etnicka zaednica i ke si gi barame nasite so ustav zagarantirani prava, a dali toa nekomu mu se dopagja ili ne voopsto ne ne zasega.Ako saka i sveti ramkoven neka e, dokolku ne se definirani podednakvo za site pravata i slobodite za nas ne pratstavuva nikakov dokument.
Од: elham
Датум: 09.08.2011 15:24:06
Spored Hasipi i Nezir ramkovniot dogovor odlicno se implementira.Nema nikakvi problemi,vraboteli 300 Turci,a samiot Hasipi neznae Turcin lie:)...Vi blagodarime sto ne informiravte vo kolku institucii nema Turci,posto veke 10 godini Hasipi Turcite gi laze..
Од: snicker
Датум: 09.08.2011 17:58:27
do koga bre torbesu ke ve lazat komunistive dodake vie se pisuvate makedonski muslimani ke si bedite makedonci vo procentualna zastapenost vo drazvava .koi torbesi erb ne se zalazuvajte sebesi vo koja grafa postoite ,pa i vo koj ustav ve ima objains mi i sto ke baras prava koga pravo ti e se rabotnoto mesto ti go drzi nekoj makedonec kaj ke baras robata bre torbes vo grafata za vrabotuvanje vo nacionalnost sto ke pisis torbes i znaes kaj ke zavrsi formularot v kanta
Од: Од Ром
Датум: 09.08.2011 22:25:12
Не вреди за нас Ромите никаков Рамковен Договор ЕК пак ке даде позитивен извештај за Македонија и ке каже дека само проблем се Ромите и не се застапени. Ние како Високо образовани луќе ке ги натераме Ромскиот електорат пак на локалните избори догодина да го дадат својот глас за власта и за Амди и Неждет и Самка и некои од Гостивар и Шутка. Е изгледа од тоа ништо нека извинат ама Ромите нема повеке да гласаат за овие коштаплери него ги очекуваат масовни протести оти ние им служиме како машина за гласање не како мала заедница а трета по големина каде и ние имаме некои права како најлојални граѓани во оваа држава .Имаме и ние Стручни и Компетентни кадри со ВСС каде можеме да одговориме уште на пет Рамковни Договори ама за за жал Роми сме ке влезе РМ во Европа на куково лето без нас пак не бидува.

Најди! во Утрински
На прво место
И по десет години, Карпалак без споменик

"""