Број 3255  понеделник, 12 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Качињски беше принципиелен човек

Бранко Црвенковски

Претседателот на Република Полска, Лех Качињски, заедно со голем дел од политичкиот естаблишмент на земјата се жртви на една неразбирлива и трагична катастрофа.

Токму во моментот кога државата Полска и целиот нејзин народ се наоѓаа пред историско соочување и помирување со една од најтрагичните страници во својата историја, превртливата судбина непотребно се вмеша. Катинската шума по вторпат во историјата стана симбол на полската национална трагедија.

Претседателот Качињски замина во историско помирување на неговиот голем народ. Пред само три дена, рускиот премиер Владимир Путин отпатува во Варшава каде што дефинитивно го призна и се извини за советскиот масакр врз Полјаците. Сигурен сум дека за еден истакнат државник и човек на народот, каков што беше Качињски, патувањето во Катин имаше посебно значење.

Лех Качињски беше човекот, кој можеби најдобро го инкарнираше полскиот национален дух и гордоста на полската суверена борба. Човек, кој верно и' служеше на полската слобода и независност уште од март 1968 година. Честопати знаеше да повтори дека го одбрал патот на опозиција кон диктатурата. Неговата одлучност за мене ќе остане пример што треба да се цени и следи.

Качињски беше принципиелен човек, секогаш достапен и подготвен да излезе со јасен став. Во неколкуте наши средби, тоа што најмногу ме импресионираше, беше неговата непосредност и неверојатна симпатичност.

Лех Качињски беше и голем пријател на Република Македонија, еден од ретките државници, кој со толкава искреност и посветеност работеше на нашиот напредок кон Европската унија. Лех не ги сакаше неправдите и не веруваше дека помалите земји заслужуваат помалку од големите и побогатите. Секогаш тврдеше дека ги разбира позициите на Македонија во спорот со името, еден од ретките, кој секогаш потенцираше на опасностите за регионот од нерешавањето на спорот, а оттаму и од навлегувањето на Република Македонија во евроатланските структури.

Длабоко сочувствувам со болката на фамилиите на трагично загинатите и патосот на целиот полски народ. Останувам убеден во големината на полската држава, наш голем пријател и поддржувач, сигурен дека нејзината стабилност и доследност нема да биде оштетена од оваа огромна загуба.

Еден голем историчар, пишувајќи ја историјата на Полска, ја нарече „полето на кое игра Господ“. Лех Качињски остави неизбришлива трага во нејзината историја. Убеден сум дека идните историчари ќе знаат да препознаат тоа.

(Овој текст е специјално напишан

за „Утрински весник“ од поранешниот претседател на Република Македонија)


#
Статијата е прочитана 1314 пати.

И��прати коментар

Од: Blue fighter : So gordost,Pretsedatele
Датум: 12.04.2010 00:55:36
Vecna slava za prijatelot na Makedonija ,koj ne gi izneveri coveckite principi za pravicnost ,nasproti nespornite pritisoci na zainteresirani strani.Blagodarnost od nas,kako slovenski narod slicen so polskiot po goleminata na slovenskata dusa.Socuvstvo do bliskiot Polski narod i semejstvata na site zaginati.A,Vam Pretsedatele nas,blagodarnost sto so Vasata drzavnicka velicina sekogas na dostoinstven,primeren,intelektualno adekvaten i covecki topol nacin so vistinski izbrani zborovi gi prenesuvate Vasite i cuvstvata na Makedonskiot narod .Sepak e dobro sto seuste ima koj da go napravi toa kako sto dolikuva,navremeno,iskreno i drzavnicki .
Од: Tatjana Adamoska Koneska
Датум: 12.04.2010 09:19:18
premnogu vpecatlivo napisano ,taka da i ako covek ne go poznava pocinatiot Pretsedatel Lex ,moze da znae za kakva licnost stanuva zbor.Iskreno zalam za izgubeniot prijatel na Makedonija.

Најди! во Утрински
Втора страница
Карикатура
Вербатим
Македонија загуби голем пријател
Пензионери на дното