При апсењето, Тајто покажал лажен бугарски пасош
Кумановец Горан Трајковски - Тајто (35), кој пред неколку месеци беше уапсен поради потерницата што ја заработи по претепувањето на новинарот Зоран Божиновски, го чека уште една кривични пријава и тоа поради фалсификување исправа. Трајковски на полицајците што го запреле за да го идентификуваат, им покажал лажен бугарски пасош. Трајковски е во затворот „Идризово“ каде што треба да издржи 20 месеци поради насилство и нанесување тешка повреда. (Ј.К.) |