Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Мислењ��

Мислења

Далеку е Европа!

Ана Павловска-Данева

И ете, бидна и овогодшниот извештај на Европската комисија за нашиот напредок.

Си ги препрочитував моите колумни објавени во „Утрински весник“ изминатата година. Па, повторно го читам извештајот. Без лажна скромност, забележувам, содржината на речиси секој мој текст напишан оваа година на тема судство, Судски совет, министер за правда, Уставен суд, партизација на јавна администрација, Закон за јавни службеници итн. се наоѓа во извештајот на ЕК. Исти состојби сме забележувале, исто критикуваме. А, луѓево од Брисел не се СДСМ-овци, нели?

Оваа година, Европската комисија прв пат во својот извештај за напредокот на нашата држава директно го посочува министерот за правда и неговата улога во Судскиот совет како фактор за влијание на извршната власт врз судството со што се загрозува неговата независност. На ова, министерот одговори дека премиерот, ете, сакал да го спречи ова влијание со иницијатива за менување на Уставот, ама не се постигнала политичка согласност помеѓу партиите. Не, не, не ќе да е така. Во извештајот на ЕК не се зборува за менување на Уставот, се зборува за влијание на извршната власт претставена преку министерот за правда врз судството. Значи, тоа влијание ако се сака, може да се отстрани и без менување на Уставот. На пример, со менување на министерот! Или, со менување на менталниот склоп на министерот, што е малку потешко со оглед на неговата возраст. Или, со едноставно недоаѓање на министерот на седниците на Судскиот совет. Така, министерот нема да биде во можност да предлага имиња на судии за разрешување, ниту, пак, за избирање и со тоа нема да врши влијание врз судството. Барем не директно и отворено.

Замислете, последниот избран член на Судскиот совет, службеникот од Министерство за одбрана, кој немаше никакво судиско искуство во животот, кој беше избран од мнозинството во Собранието по предлог на претседателот на државата и кој учествуваше во разрешувањето судии според правилници што ги укина Уставен суд, успеа да најде место во извештајот на ЕК. Во него се вели: „Назначувањето на некои членови на Судскиот совет не беа во согласност со установените критериуми“. И сега? Ќе поведе ли некој иницијатива пред Собранието за разрешување на овој член на Судскиот совет? Чувствува ли некој во оваа држава одговорност зашто заради задоволување лични, партиски, политички и не знам уште какви други интереси, сите сме осудени на тапкање во место?

Законите ги подготвуваат и ги пишуваат неуки луѓе. Оние што си ја разбираат, пак, работата се исплашени. А и прагматичен е нашиот народ. Ако рекол министерот дека сака да му се напише закон за предвремено пензионирање на само една група луѓе, мора да му се напише. Ако побарал право да казнува наставници, мора да го добие. Ако посакал децата да учат веронаука, ќе учат. Ако решил едни мајки за раѓање да добиваат пари, а други не, така ќе биде. Лета магарето? Лета! На ова е приближно сведена нашата администрација - крвотокот на секоја држава. Уставен суд донекаде му застана на патот на овој законодавен хаос (ако е тоа воопшто можно) и го снајде она што ни се случува: напади од секој функционер на партијата на власта, од најмлад до најстар, од студенти по право до економисти, од партиски анонимуси до шефот на партијата и премиер на државата. Сите ги искоментираа, образлагаа, анализираа дури и непрочитаните и необјавени одлуки на Уставен суд. Е, и оваа работа е забележана во извештајот на Европската комисија. И квалификувана е како притисок врз независноста на судството. Баш се прави СДСМ-овци овие Европејциве!

И за Законот за јавна администрација во извештајот пишува дека не дава гаранции за вработување по мерит системот, односно според системот на заслуги. Значи, предвидува сполис систем или систем на назначување на службеници врз основа на политички критериуми. Законот уште не почнал да се применува, еве, можност да се повлече и измени пред да почне да ги произведува несаканите ефекти.

Другите негативности забележани за јавната администрација не би ги набројувала. Тоа заслужува посебно внимание. А, преморени сме веќе и од зборот администрација. Тука, и' нема помош на оваа Влада!

Туку, кога веќе се спомнува јавната администрација, би му обрнала внимание на градоначалникот на Скопје како основач на јавното комунално претпријатие задолжено за собирање смет. Имено, портпаролката на ова претпријатие пред неколку дена на еден посебен начин ја образложи одлуката на претпријатието за зголемување на цената на ѓубретарина: досега имале наплата од само 80%, а тие имале зацртано да соберат одредена сума пари од наплатата на годишно ниво, која не можеле да ја постигнат. Затоа, сега одлучиле да ги покачат цените и на тој начин да дојдат до посакуваната им сума!? Многу е издржана економската логика на одлукава, а особено менаџерската! Па, ако не ве бидува да си ги наплатите долговите, зошто со покачување на цените ги казнувате сите чесни и редовни плаќачи? Се прашувам каде ли ова се учи, на кој факултет се предава ваков вид менаџирање? А, да си даде оставка директорот ако не го бидува и да се избере друг? Или да се приватизира претпријатиево? Да се даде под концесија дејноста? Да се направи нешто, што било?

За народ на кој ќе му се погоди власт како нашава, всушност, и не знам што е подобро. Да не прави ништо, колку и да звучи парадоксално можеби е поарно. Оти од тоа што ни го прави речиси пет години, видовме до каде стигнавме!

(Авторката е професорка на Правен факултет)


#
Статијата е прочитана 1906 пати.

Испрати коментар

Од: Tanja od Skopje
Датум: 15.11.2010 12:13:31
Bravo profesorke, odlicna kolumna kako i sekogas, ama ima li nekoj od vlasta sto ke ve razbere, a ne daj boze da nauci nesto od pametni luge.Inaku, sto se odnesuva za ministerot za pravda, ne e tocno deka prv pat vo Izvestajot se posocuva deka vrsel vlijanie vo sudstvoto. Istoto EU go ima konstatirano i pred dve godini, ama covekot muva ne go lazi, nitu pak onoj koj go postavi na ovaa funkcija. Se znae, narodot ke plati za site nivni guposti..
Од: mene
Датум: 15.11.2010 12:45:50
А за словенечкиот претседател на влада Пахор што можете да ни кажете ?????
Од: kaktus
Датум: 15.11.2010 12:53:11
Не да е далеку од нас Европа, туку усвет е. А и Скопје е далеку, ако тргнеш пешки. Зошто е така? Оти власта прави да биде така. А зошто така прави? Оти и се можи, а никој не и можи ништо. Македонија го слуша ноктурното на митот за граѓанската демократија. Дојде новата идеологија: Ќути си, трај си, ако ти бараат дај си!
Од: MAJKA
Датум: 15.11.2010 13:02:00
Vo osnova se soglasuvam so stavovite i argumentite na Profesorkava, no me iznenadi nepoznavaweto na pravilata za javni nabavki na profesorkava iskazani na A1TV okolu skandalot "Nadez"! Po nejzina "logika" zosto da e dozvoleno da nema tenderi za avtorski dela (konsultacii), a da ima za avtorski dela (na primer-arhitektonski dela ili spomenici) Avtorski dela se i ednite i drugite i site tie, nepodeleno, imaat eskluzivni prava! No problemot vo slu;ajov ne e tenderot tuku FUNKCIJATATA Pretsedatel na RM-NEPARTISKA i trosenjeto buzetski pari za PARTISKI celi i RUSENJE legala i legitimna vlast! Se raboti za ZLOUPOTREBAna funcijata i NEZAKONSKO trosenje narodni pari! A tenderot e samo finesa vo postapkata. Problemot e vo (nedozvolenoto) PRAVO na Pretsedatelot za vakvo trosenje pari!
Од: Jovan Savevski
Датум: 15.11.2010 13:18:53
“Тажната” Европската приказна на нашата земја продолжува! Одлична и објективна анализа на д-р Данева. Македонија се наоѓа во критичен момент, момент за кој оваа Влада има масовен мандат од граѓаните. Жално е што немаат спремност, но и капацитет да ги решат клучните проблеми кои се како стега на оваа нација во последната деценија. Најтрагично е што наместо барем да имаме минмален напредок, наместо да стагнираме, ние се повеќе одиме назад. На Македонија и треба свеж лидерски кадар, кадар кој има и професионално педигре. Луѓе како д-р Данева треба да добијат можност да ги покажат своите лидерски капацитети! Доста е од овие неписмени дечиња!!!
Од: jas
Датум: 15.11.2010 13:57:24
Bre pa nie sme daleku od "Evropa" od vakvi mozoci koj i decata ni gi ucat za zal.....Pa vo sto nie zaostanuvame od Evropa vo DEFICITOT, ZIVOTOT NA KREDIT, BANKROTOT, KORUPCIJATA, KRSENJETO NA COVEKOVITE PRAVA ILI DVOLICNOSTA.....Ne Profesorka blagodaram ne mi e potrebna EU......Da prestaneme ednas da se potcenuvame i da se smetame za "zaostanati" i deka sve sto doaga od Brisel e OK.....
Од: pere
Датум: 15.11.2010 14:46:17
Ahi profesorke sto da pravime takov ni bil narodot, koga ke go smenite imeto i toj ke se smeni EVROPEIIIIZIIIIIRA
Од: Dilan
Датум: 15.11.2010 16:09:21
350000evra? Ic oko ne mi trepnue! Rece eden evropeec
Од: Elena
Датум: 15.11.2010 16:34:51
Ve gledav na A2 nekolku pati koga ste gostuvale. Iskreno,e dvaj izdrzav do kraj. Nastapot Vi e agoranten, skokate vo zbor, ne davate sogovornikot da se dokaze, nareduvate. Energijata sto ja trosite za unistuvanje na protivnckiot tabor da ja koristevte za Makedonija, kaj ke ni bese krajot. Istoto vazi i za borcite od protivnickiot tabor. Umorni sme veke, preokupirani ste samo samite sebe. Zatoa e Evropa daleku. A takva kakve , i neka e daleku.
Од: Трпе
Датум: 15.11.2010 17:47:31
Така е и така ке биде,кога државичката ни ја водат дечки или старци кои не знат ништо подалеку од носот.ЕУ е далеку за нашата земја како што е Далеку сонцето.Но кога го слушаме пастирот тој вели дека на овој народ убаво му е во резерватот.Во овој резерват не само што не стрижат,веке не дерат а ќе започнат и да не колат.Пастирот кажува дека во извештајот од европската комисија имало некои позитивни работи и некои помалку позитивни критики.Зборот негативни во неговиот речник не постои.
Од: karokan "gambit"
Датум: 15.11.2010 18:25:29
Potpolno se "soglasuvam" so majka.Ne i se poznati na profesorkata rabotite sto gi naveduvate.I ne samo tie raboti,tuku voopsto ne i se poznati mnogu raboti. E, tuka nastapuva mojot (licen) problem.Dogodina sinot treba da go zapisam na fakultet.Toj saka da studira pravo,no zar kaj vakvi profesori!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! A vie majka na koj fakultet ste profesor za da imam vo predvid vo vrska so odlukata za studiranje na deteto.Ste profesor na nekoj fakultet ili pak nekoj vo kazal deka od zad nekoj plot go videl fakultetot. Ako vi kazal,barem pominete pokraj nego.Toa ne cini nisto. Eden sovet za Elena.Ne morate da se macite da izdrzite do kraj.Ednostavno pritisnete go drugoto kopce od dalecinskiot upravuvac za TV ekranot i pustete si Sitel.Tamu ce izdrzite do beskraj!!! "E..m,pravam pari i uzivam" Emisii po merka,kakva sto ja baras!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: makedonec
Датум: 15.11.2010 21:37:43
imam unikaten i resliv problem za imeto,i toa...republika evropska makedonija..zosto da ne.em volkot sit,em jagninjata na broj..taka li?? a prof. ako misli deka moze, neka se prijavi na slednite pretsedatelski izbori,belki ke i se usreki,ike ima moznost da pokaze kako se ..vladee..neli profesorke??. sds i se e mozno....
Од: Itar Pejo
Датум: 16.11.2010 00:37:45
Kapa im simnuvam na ovie sto ja kritikuvaat statijava. Se so argumenti! Na zavidno visoko intelektualno nivo. Selski mangupi!
Од: Maja
Датум: 16.11.2010 09:17:04
Sekoja cest profesorke, brilijantni kako i sekogas! Neka ne ve obeshrabrat nepristojnite komentari od polupismeni lica...ednostavno, odbijte na glupost:-)

Најди! во Утрински
Мислења






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry