Број 3380  понеделник, 13 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Македонија

Монасите на Бигорски манастир во нови ќелии


Дел од обновениот манастир ќе се осветува во октомври

СВЕТИ ЈОВАН БИГОРСКИ - На патрониот празник на Бигорскиот манастир - 11 септември, кога се одбележува Свети Јован Крстител, петнаесетина монаси се преселија во новите ќелии во Источниот палат. Тие беа сместени во несоодветни простории по пожарот, што се случи лани на 30 септември, кога изгореа ќелиите на монасите, трпезаријата, библиотеката, галеријата за икони, дрвените чардаци...

Источен палат ќе се осветува во октомври, а се очекува дотогаш целосно да се завршат градежните работи на комплексот со површина од 3.600 квадратни метри.

Неколку илјади верници од Мијачијата, Мавровскиот, Долнореканскиот и Горнореканскиот регион, од Полошкиот регион, но и гости од неколку западноевропски држави и годинава присуствуваа на одбележувањето на патрониот празник на Бигорски за да му оддадат почит на свети Јован Крстител. Традицијата никогаш не згаснала во ова македонското древно духовно светилиште. Од пред 15 години, кога повторно заживеа монашкото братство, одбележувањето на патрониот и на другите верски празници е посодржајно и подуховно.

Со вечерната литургија спроти празникот и во саботата со утринската литургија чиноначалствуваше митрополитот г. Тимотеј, надлежен архијереј на Дебарско-кичевската епархија и повардарскиот митрополит г. Агатангел, со повеќе свештенослужители од двете епархии и монасите и монахињите од Бигорскиот манастир и од „Св. Ѓорѓи Победоносец“ од с. Рајчица, Дебарско. (К.К.)


#
Статијата е прочитана 1197 пати.

Испрати коментар

Од: makedonce
Датум: 13.09.2010 13:51:19
mnogu luge od dolnorekanskiot kraj odat za praznikot na manastirot ase so muslimanska veroispovest (nivnite dedovci i pradedovci) bea pravoslavni makedonci se cudam na ovie luge zosto ne si se vratat vo pravoslavie kade i sto pripagaat tuku uste se muslimani

Најди! во Утрински
Македонија
Во Кавадарци се славеа грозјето и виното
 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011