За десет дена ќе се знае дали кумановецот Бајруш Сејдиу, осомничен за шверц на цигари, ќе биде пуштен дома. Судскиот совет што го води случајот „Пепел“ на 23 септември треба да соопшти дали ги прифаќа понудените гаранции од адвокатите, со кои Сејдиу притворската ќелија во затворот „Скопје“ ќе ја замени со куќен притвор.
Ваквата разврска дојде по неколкучасовното надмудрување меѓу јавниот обвинител и одбраната на триесет и тројца обвинети за неколку кривични дела. Застапникот на обвинението, обвинителот Марко Зврлески, уште на самиот почеток го оспори вештачењето, оценувајќи дека е полно со контрадикторности. За обвинителот ниту четиричасовниот распит на вештите лица не биле доволни за да се отстранат дилемите, а тој ја оспори и лекарската комисија за која кажа дека немала свој претседател, а не стоел и печат на Институтот за судска медицина.
На тоа се спротивстави адвокатот Саво Коцарев, истакнувајќи дека вештачењето го изработиле лекари, кои се и професори на Медицинскиот факултет и оти не треба да се полемизира со нивните ставови.
Упатување на обвинетиот Бајруш Сејдиу во психијатриска установа од затворен тип за адвокатот Коцарев претставува обична замена на притворот. Тој побара притворот на Сејдиу веднаш да биде укинат и даде ветување дека доколку тој биде испратен во куќен притвор, ќе бидат дадени цврсти гаранции оти редовно ќе се јавува на секоја судска покана. Сејдиу и вчера судењето го следеше навален на масата и со покриено лице. (Љ.С.)
Od ova nekadarno sudstvo vo Makedonija pocnuva da mi se gadi!Vo 18 god. nezavisna Makedonija ova granka od opstestvoto stanva od losa polosa!
Од: Martin
Датум: 12.09.2009 11:34:27
Znaci ako go pustite stvarno ste za nikade,toa ce bide uste eden sram za Makedonija.
Од: Kumanovo
Датум: 12.09.2009 12:39:32
Kukata vo centarot na gradoot sto nasiot sogragjanin cesno si ja izgradi i specali moze da posluzi kako primer na nekoja emisija so naslov "Kako ziveat bogatite vo Makedonija." Od merak da bides pritvoren vo nea, ke imas cuvstvo deka si vo Holivud vednas ke ti iscezne depresijata.
Од: v.m.
Датум: 12.09.2009 13:35:15
Kao Advokat vo slucajov cenam deka dokolku psihijatri utvrduvaat deka Bajrus ne e sposoben da go prati sudenjeto, togas mora da se oslobodi covekot od pritvor....vo sprotivno nema da se pocituvaat covekovi prava.....Dali covekot dobro glumi ili ne alal mu vera, kako i dae uslovite vo pritvor se polosi od samo loso....
Од: gogo
Датум: 13.09.2009 00:35:26
A da vidi poicijata dodeka ovoj mafijas jajara pagal vo deprsija slucajno na tie doktorite sto mu ja davale dijagnozata da im se zgolemile kontata vo banka. Od kaj znaes covekov depresiran vo sutka mozebi neznaejki sto pravi im uplatil po nekoj denar. Ja neznam zasto site kriminalci sto ke gi donesat vo sud zasto ne glumataat kako ovoj jajarov i site da odat vo bardovci a od tamu se izleguva koga ke ozdravis, odnosno vo dadeniov slucaj za nekolku dana, bidejki jajarov e zdrav ko dren, no vo sostojba e da glumata i da potkupuva samo da moze da ne odgovara isto kako i za drugi dela koi predhodno gi napravil a ne odgovaral. Ovie eminentni volci od advokati i ke gi razberam vo svoite izjavi vo odbrana na svojot klient no SRAMOTA e tie vestaci da pravat cela drzava budali za da moze ovoj kriminalec da se izvlece nekaznet.
Ako ova im pomine neka se razmisli G.uevski koj zemal pari ili veke znae bidejki sudstvoto ni e veke reformirano so sudii koi vrska nemaat, no se poslusni vmrovcinja.