Број 3314  среда, 23 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Доаѓаат, ја пробуваат спалната и си одат

Мебел се купува во исклучителни случаи кога ќе се присобере некоја пара од свадба или од некое наследство

Александрија Стевковска


Економската криза се' уште ги тресе темелите на дрвната индустрија. Производството на мебел ги живее своите црни денови. Мебел се купува во исклучителни случаи кога ќе се присобере некоја пара од свадба, од некое наследство или, пак, се прави компензација со некој спонзор. Продажбата опаѓа поради беспарицата што владее. Луѓето поради неизвесната иднина не се осмелуваат да се задолжуваат, а и банките не се расположени за давање кредити, посебно потрошувачки.

Се' на се', салоните за мебел се сметаат за простори со луксузна стока, каде што тој собира прашина, а се регистрираат повеќе шетачи и гледачи, отколку купувачи. Во време кога многу семејства едвај сврзуваат крај со крај и едвај се прехрануваат, купувањето мебел станува научна фантастика.

Додека на глобално ниво индустријата за мебел регистрира годишен пораст од 10 проценти, во Македонија овој сектор втора година бележи пад од минимум 30 проценти, информираат дрвопреработувачите. Според нив, сол на рана е нефлексибилноста на банките за следење на нивниот бизнис. Паѓаат и цените и профитот, а државата ги оптоварува производителите со многу давачки, многубројни законски процедури и високи казни. „Како резултат на кризата се намалени производството и продажбата, поради што и цените одат надолу. Намалена е продажбата и на евтините и на скапите програми мебел, што значи дека паднал стандардот на сиромашните, но и на побогатите граѓани“, велат производителите на мебел.

Падот на продажбата од минатата година, и оваа не покажува знаци на скоро заздравување. „Од минатата година кога почнаа да се чувствуваат негативните движења во економијата, целата продажба е падната за 30 отсто. Тоа намалување се забележува и кај мебелот што се прави по нарачка, кој е поскап, но и кај мебелот направен по сериско производство, кој е поевтин“, вели Никола Василевски од „Технокооп“.

За да се привлече вниманието на потрошувачите, „Технокооп“ оди со константна понуда на попуст. „Ако порано се применуваше попуст од 10 отсто во одредени месеци од годината, сега тој важи во текот на целата година. Сепак, продажабата оди доста слабо, бидејќи мебелот не се смета за приоритет и неопходност на живеењето“, додава Василевски.

Слична е ситуацијата и кај другите производители на мебел. „Состојбата во продажбата на мебел е иста како и кај другите стоки. Купувачите во услови на криза можеби најлесно се откажуваат од купување мебел. Дека има криза, свесни се сите, а нејзиниот интензитет годинава почнувајќи од април е со појак интензитет од лани. Продажбата е намалена во споредба со истиот период минатата година кога иако сите велеа дека има криза, таа како да не се чувствуваше. Тоа придонесе во минатата година да имаме добри резултати за една кризна година. Но, доколку трендот на намалена побарувачка продолжи и натаму, за годинава се сомневаме во остварување на истите резултати“, велат од „Симпо“.

Оттаму информираат дека започнале со жешки летни акции за подигнување на продажбата на мебел преку намалување на цените на повеќе артикли, со цел тие да станат подостапни за секое семејство што сака да си го обнови мебелот во својот дом. „Намалената посета е една од причините за намален промет, меѓутоа ’Симпо‘ во својата маркетинг-определба се труди да им даде на своите купувачи повеќе од другите, водејќи притоа сметка да го задржи квалитетот“, додаваат од централата на овој продажен синџир на мебел во земјава.


#
Статијата е прочитана 1738 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонска верзија
ЕДИТОРИЈАЛ
Сања Наумовска
Поглед
Катерина Шекеровска
Мислења
Ден Дончев

Еминем
Двапати ќе умрев од предозирање