Фер избори, политички дијалог и решавање на името се најважните обврски за нас
Од нашиот дописник Слободанка Јовановска
Брисел - Македонија и официјално нема да добие ништо на самитот на ЕУ идната недела, освен обврските да одржи фер избори, да го реши спорот со Грција и да го подобри политичкиот дијалог во земјата.
Ова е содржината на заклучоците во завршниот документ од самитот, кои се пресликани, всушност, од ноемвриските заклучоци на Европската комисија за прогресот на Македонија. Идната недела лидерите на ЕУ практично ќе потврдат дека нема волја да се охрабри Македонија со ништо друго освен можеби со визите, но и тие нема да се најдат во завршниот документ в петок, бидејќи се' уште нема ни предлог од Европската комисија околу ова прашање.
„Нема ништо ново за Македонија. Јазикот што беше користен досега за земјата ќе се повтори и на самитот. Ништо важно, всушност, не се случи од последниот извештај на ЕК досега за тој да биде сменет“, изјавија извори од ЕК.
Во заклучоците ќе се потврди прогресот на Македонија во неколку области, а особено во судскиот систем и во полицијата, но ќе се посочи лошиот политички дијалог во земјата со барање да се подобрат односите меѓу главните политички актери и да се овозможи нормално функционирање на институциите.
Околу спорот за името се бара да се избегнуваат потези и изјави кои можат да влијаат негативно на добрососедските односи, кои се оценуваат како суштински, со задолжителната фраза потоа дека се охрабруваат двете страни да најдат заедничко прифатливо решение за спорот околу името. Македонија, стои натаму, ќе може да го направи следниот чекор во приближувањето кон ЕУ откако ќе ги исполни заклучоците од Европскиот совет од 2005 година и критериумите од Копенхаген, а треба, пред се', да гарантира дека ќе организира фер и слободни избори идната година.
Како и да е, во генералните заклучоци за Западен Балкан ЕУ-лидерите ќе не' уверуваат повторно дека се цврсто определени да не' примат во Унијата, дека имаат консензус околу тоа прашање и дека тој се базира на решеноста да се држат до ветувањата откако претходно ќе обезбедат „фер и ригорозно почитување на критериумите“. Притоа, не е јасно зошто треба да го нагласуваат тоа во ваков документ кога секогаш тврдат дека исполнувањето на условите е единствен услов за прием и дека сите земји се оценуваат според постигнувањата.
Лидерите, како што најавија од француското претседателство, во голема мера кон регионот ќе се држат до оценките на ЕК, а какви беа тие ни е познато од ноемвриските извештаи.
В понеделник, додека трае министерскиот состанок на ЕУ, ќе се одржи годинашниот Совет за стабилизација и асоцијација со Македонија, на кој од европска страна ќе присуствува Жан Пјер Жује, а од македонска министер Антонио Милошоски, во неизбежна придружба на вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски. Од овој состанок, исто така, ќе излезе завршен документ во кој пошироко ќе бидат наброени постигнувањата и слабостите во повеќето важни области, и кој во голема мера ќе биде, исто така, „фотокопија“ на ноемвриските оценки, со дополнително нотирање на промените таму каде што ги има.
Со оглед на тоа колку време ги слушаме тие оценки и во колку наврати беа напишани во документите на ЕК, македонските граѓани можат и сами да си ги изрецитираат. Генерално, оценката за политичкиот дијалог, која со изборите беше клучна според ЕК да не добиеме датум, нема да биде така негативна како во извештајот, бидејќи никој веќе не го бојкотира парламентот и нема тензии како летото.
Со оглед на тоа дека Париз крена раце и од туркањето на Србија, бидејќи извештајот за соработката со Хашкиот трибунал се' уште е со дупки, сите напори на француското претседателство во однос на регионот се насочени кон Хрватска за да можат на крајот да си го обелат образот и да кажат дека не го маргинализирале регионот сосема.
Француски извори вчера демонстрираа подготвеност да ги одблокираат преговарачките поглавја со Хрватска, што предизвика паника меѓу словенечките дипломати, бидејќи станува очигледна намерата на Париз да ги маргинализира нивните настојувања прво да се реши граничниот спор, а потоа да и' се дозволи на Хрватска да оди напред. Намерата на Франција е токму обратна, т.е. Хрватска да продолжи со преговорите, а спорот да се решава потоа, и тоа билатерално, а не преку блокади во Унијата. (С.Ј.)
Tipicen dvoen Evropski standard za reshavanje sporovi. Se grizat za opaska i sakaat da recat Aj vo isto vreme. Do koga?
Од: marjan-viena
Датум: 06.12.2008 01:15:51
tie takanareceni lideri,se odbor aramii,i nisto drugo.
Од: RODJON
Датум: 06.12.2008 03:52:30
Smešni se i prodzirni "demokrative" od Evropa. Najdobro bi bilo koga bi pognednale prvo vo svojot dvor. Koga bi gi počituvale kriteriumite koi ni gi butkaat nas, a koi bi važele za nivnite členovi togaš najmalku polovinata bi trebalo da gi vratat povtorno na pregovori. A ni najmalku ne e teško da se predizvika neprijatna situacija na izbori na pr. koga nekoj toa bi go sakal. Ironijata e najpreciznata nivna karakteristika. Sosema slučajno živeam vo ovaa Evropa, pa rabotite gi gledam od poblizu. A vizite, koi vsušnost ne trbaše ni da gi voveduvaat se samo mačkanje oči. Tie mnogu dobro znaat deka populacijata im staree, pa zatoa si baraat novi argati za na čiflicite.
Од: apolo
Датум: 06.12.2008 04:12:22
taa evropa neka gi ostave i drugite da ziveat i neka pocne da gi resava problemite so druga i so drugite kriminali i sto gladuvat luge a ne da si igrat so nekoi zemji toa e isto kako meckata ke ja pustime da igra a posle koga ke zavleceme sindjiro nogo boli toa e isto so tie mali zemjicki.gi preboluvat tie mizeri i tie nepravdi od golemite ne treba ni skolo ni da bides profesor .pozdrav do site.
Од: Stranec
Датум: 06.12.2008 05:44:19
Do gorenavedeniot Gospod,
Izlezi melku od tvojata "prekrasna" tatkovina i ce vidis deka nema dvoen standard tuku ima Evropski standardi i Makedonski ajvar standard. Za pocetok predlagam Dedo Mraz na site da vi dade po edna metla za da si ja iscistite " svetskata metropola Skopje" pa da moze Gospodin Mancevski da gi filmuva svetskite cuda za CNN: Fontanite vo rekata Vardar; Vardarskite vrbi osvetleni vo nocta; Muzejot na vosocnite figuri; skulpturite na Tarzan I Jane; zolto crvenite ogradi vo naselbata Aerodrom videni od vtoriot sprat na dvokatnite avtobusi. Filmot zavrsuva so molitva vo novoizgradenata crkva na Skopskiot plostad.
Abre Makedonce, razbudi se.......
Од: sahiistot
Датум: 06.12.2008 09:00:37
Nesto kako sovet okolu ekonomijata,dodeka staneme clenki na eu (2014)
Drzavata, t.e. Vladata na RM da se pozanimava so sopstvenite zaspani fabriki. Na primer F-kata za kabli vo Negotino, F-kata za avtobusi vo Skopje 11 oktomvri, Medicinska plastika vo Tetovo i drugi, koi se sopstvenost na somnitelni gazdi i akcioneri, so drzaven DEKRET da gi restartira. Dolgovite,odnosno akciite da gi vraka na sopstvenicite na rati vo tekot na 20 godini.
Ete, toa e sovetot na ovoj kratok prostor.
Za vlez vo Evropa ima vreme, toa ke bide ootkako prvo ke vlezat Hrvatska i Srbija. Taka nekako ne uci istorijata. Daj booze da gresam.
Од: Eden EU lider
Датум: 06.12.2008 09:28:37
Narode na Makedonija vi NAREDUVAM izbrkajtego Gruevski i ke vi trgne vo sve.
Од: Petre
Датум: 06.12.2008 10:56:55
1. vizi nu uvedoa poradi nesposobnosta na site tie sto bea na vlast od 1991 do 1995; da bese premier n.pr. Ante Markovic, pak ke bevme FyrMacedonia, AMA bez vizi, isto kako Hrvatska, a ke vlezevmo vo Nato i EU zaedno so Hrvatska...
2. so ovie nasi vladeacki garnituri koj vo ovie 17g se grizat samo za svoite licni i partiski interesi (site si imaat diplomatski pasosi) ke ostaneme uste dolgo vo izolacija...resenieto bese da se sprovede reciprocitet, jasno e deka na EU poveke i odgovara situacijata vo EU slobodno da odat so bugarski i hrvatski pasosi narko bosovi i drugi kriminalci
(prasajte kolku lesno prostitutkite vadat dokumenti za rabota vo Grcija), a ne im odgovara vo EU da se dvizat vrednite rabotnici i talentirani intelektualci... zaposluvaa doktori od 3-ot svet za sto gi osudi i megunarodnata zdravstvena agencija bidejki sozdavaat tamu nedostig... posle afrikancite ke go zapalat Pariz, a arapite ke go miniraat London...ova treba da im go kaze javno v lice B.C ili N.G.
Од: Robert 3
Датум: 06.12.2008 12:26:48
"Stranec"pa kakva odlicna ideja imate.Ako mozete vednas dojdete i iscistete go kejot na Vardar,Centarot na Skopje posto sigurno imate "ogromno"metacko iskustvo" tamu kade sto ste.A "EDEN lider od EU"za malku ke pomislev deka ste potomok na Nostradamus.Pokraj faktot sto naseto vleguvanje vo EU pred se zavisi od nasata domasna zadaca,zavisi i od dobrata ili losha volja na debelogazite EU birokrati,t.e dali za vreme na bezpredmetniot samit se dobro ili losho raspolozeni ili imale dobra ili losha digestija na nivnata hrana.So drugi zborovi-nasiot zbor prema nivniot e mnogu pobeznacaen.Zatoa eve kazi mi ti "lideru od EU"kako bea primeni Bugarija i Romanija vo EU???Ajde barem za niv ne treba pretskazuvanje.Stvarta e sto EU ima odnapred izgotven plan i si tera po nego i na nas obicnite smrtnici ni frla pesok v oci i ni vika:"otvorete gi ocite za da vi frlime pesok.Taka bese i so begalcite od Kosovo i mn.drugi raboti,za nasa zal!!!
Од: someone
Датум: 06.12.2008 13:10:27
"Stranec", bravo! :)))
Од: Kole Mangov
Датум: 06.12.2008 16:50:29
Treba da se svati grchkata agresija.I mediumite da se ogradat od izvesni....
АГРЕСОРОТ ГРЦИЈА И АГРЕСИРАНАТА МАКЕДОНИЈА - GREECE THE AGGRESSOR AGAINST MACEDONIA
Не е спор за името. Збор е за агресија на Грција против Македонија. Погледнете го зборот спор во Речникот на Македонскиот јазик, редактиран од Блаже Конески. Погледнето го и зборот агресија.Да, ќе дефинирате дека Грција е агресор против Македонија.Секој од нас треба да најде начин да реагира против агресијата.
Укажувам на мојата јавна изјава до претседателот на Собранието и до пратениците од 5 април 1993 г.под бр. 31/1416/1 наспроти повредливата ознака „поранешна југословенска Република Македонија„.Наспроти мојот отпор против грчката агресија власта прифати промена на уставот и на знамето.Упатив повик од 29.03.1994 година до граѓаните на Македонија, јавните субјекти и до Македонците во светот за активитет против агресијата.Укажувам на грчките повреди на ШЕСТ ОДРЕДБИ од Универзалната декларација за правата на човекот (
Од: vodenica
Датум: 06.12.2008 20:50:28
Sega sto sakaat pak tie "Vavilonski o......i" malku im e sto sakaat imeto da ni go smenat, i pak vo zandani da ne cuvaat. Sto ne im davaat lekcii na nivnoto milenice HAlkidiki pardon Helas,tolku li nis ne sme Evropjani pa tie od Afrika ili Azija imaat pogolema prednost od nas.Samo nie da staneme ekonom. silni nikoj posle nema da ni treba...
Од: taipov abdula-intelektualec
Датум: 06.12.2008 21:00:42
Poforno dvoen politicki standard na EU-okolu priznavanjeto na RM pod ustavnoto.Turcite shto ziveeme vo RM kako multicka etnicka zaednica i ostatok na edna golema osmanliska imperija(shto vladeela na tri kontinenta) vo sekoj odnos gi podrzuvame makedoncite vo RM i (reformite na vladata na gospodinot Gruevski) bidejki ako ovie problemi ne moze da gi resi NATO i Evropskata zaednica vo bliska idnina posledicite ke bidaat mnogu teshki za site gragjani koji ziveaat na teritorijata na RM.
So sigurnost mozam da recam deka turcite vo nikoj odnos ne bi mozele da ziveeme nitu so bugarite nitu so Grcite bidejki makedonskata demokratija e demokratija koja e za primer za cela Evropa.I vo nikoj slucaj RT-nema da da akceptira nova podelba na RM.makedonskiot i turskiot segment se garant za opstanokot na RM za vo idnina.
pozdrav do site koji ja sakaat RM i se za dobrobit na RM.
Од: stole
Датум: 06.12.2008 22:51:08
DO KOLE MANGOV. Bravo iljaqdo pati.Makedonija
treba da e gorda so takvi sinovi kako tebe.Bllagodaram, blagodaram. Aj, Kole da se sporedam so Denko Maleski i slicnite na nego.
Naproti takvite ti si mejlem na dusata. Da si ziv i zdrav
uste mnogu godini.
Од: m i k i
Датум: 07.12.2008 02:40:47
Luge rabotava vrvka...... nemie krivo sto sekoja godina me lazat deka dogodina ke bideme vo evropa-nego mie krivo sto mislat deka im veruvam vo nivnite lagi-taka jas gi lazam moite deca deka dogodina keim napravam bazent u dvorot dlabok 5metri-a pominaa 13 godini od bazentot ni kapka voda
Од: Европа без граници
Датум: 07.12.2008 16:43:40
Додека ЕУ во Македонија ја преставува Фуере претставник од земја која го руши новиот поредок во Ѐвропа нема да биде необично оваа што се случува. Да му кажеме довидување на антиевропеецот Фуере и работите ќе се сменат од корен и на подобро