Веќе почна последната фаза од уривањето на „Парк“, можеби најстариот сместувачки капацитет на охридската ривиера
ОХРИД - На местото на стариот „Парк“ во Охрид за две години треба да никне нов хотелски објект, кој во основа и во висина ќе биде далеку поголем од постојниот. Станува збор за луксузен апартмански комплекс на седум ката, со околу 200 апартмани. Целата инвестиција се проценува на повеќе од 20 милиони евра, од кои околу милион ќе влезат во општинската каса како комуналии. Инвеститор и изведувач на објектот ќе биде „Ремис“ од Охрид, градежна фирма, сопственик на комплексот „Инекс Горица“.
Веќе почна последната фаза од уривањето на „Парк“, можеби најстариот сместувачки капацитет на охридската ривиера. Иако специјализираната компанија ангажирана за минирањето употребила 108 килограми експлозив, тоа не беше доволно за целосно уривање на објектот што ќе продолжи и во наредните денови.
Хотелот „Парк“, најомилениот сместувачки капацитет на Холанѓаните во 70-тите и во 80-тите години од минатиот век, изграден е пред Втората светска војна, а бил користен како касарна на бугарската војска. Потоа бил даден на стопанисување на поранешната хотелска фирма „Инекс Горица“, а во текот на приватизацијата го купи ГП „Ремис“.
Новите сопственици на „Парк“ три пати досега се обидуваа да го продадат на меѓународен тендер, но не успеаја, па затоа сега тие ќе го градат. Не се знае дали поради големината и ексклузивниот простор што се наоѓа на стотина метри од државната вила „Билјана“ на „Ремис“ ќе им се приклучат и други партнери. (С.И.)
20 MILIONI INVESTICIJA A VO KASATA NA GRADOT 1 MILION ???????? Zarem 5 % za komunalii za najaktraktivniot del na Ohrid ??? Povece komunalii se placaat za gradba na kokosarnik.Zosto duri sega otkako pocna so gradba ovoj kompleks se zgolemuvaat komunaliite za ovoj prostor nekolukratno ???? Nagradno prasanje: Vo cii djebovi ce zavrsi razlikata ??? Pomos od prijatel (za odgovor na prasanjeto) Vo djebovite na krevacite na dva prsta od sovetot na opstinata.na celo so tatkoto. Kolku sum siguren ? 102.54%
Од: Regan
Датум: 22.05.2010 11:56:35
Во најубавиот дел на Охридското крајбрежје се градат станбени објекти за продавање.Местото ќе ја изгуби досегашната убавина со безбројно зеленило,а плажата ќе биде приватна!Многу охриѓани се бунеа против проектот “Скопје 2014“ а нема никаква рекција за проектот “Парк“ во Охрид.И покрај тоа што од зградите ќе се заработаат преку 20 милиони(!) евра.охридската општина ќе добие само 5%,т.е.1 милион!Поефтини комуналии - здравје!
Од: Role
Датум: 22.05.2010 12:16:44
Kako e mozno toj ekskluziven prostor da se koristi za PRODAZBA na apartmani. Zarem toj prostor ne e predviden samo za gradenje na Hoteli. Ako se sluci toa kakov TURIZAM nie poveke ke barame.
Prakticno so toj potez nie go POGREBUVAME ionaka slabiot turizam.
Од: Petar od Pert
Датум: 23.05.2010 03:41:23
Najgolemata glupost (kriminal) na Ohridskoto sobranie.Taa lokacija pod nikakov pritisok ne smeese da se dade za izgradba na stambeni objekti osven za ugostitelski i turisticko- rekreativni. (Razni igralista, a posebno golf teren, koj posebno privlekuva elitni turisti.)
Од: srebre
Датум: 23.05.2010 10:25:20
se shokirav dali nekohj vo oh a i mak ima pamet?najubavoto nesto se udriva da se pravi stanbna zgrada?prekrasen hotel ce go zameni beton na 7 kata?kakov korist ce ima mak i oh od apartmani?pa hotel donesuva mn poceve zarabotuavca a i rabotni mesta pa toj hotel sekogas bil poln....zalosno poca i ohrid da se razviva vo shund namesto tranzicija,eu,turizam....a pokraj taa apartman zgrada normalno ce nikat divi pazari,prodavca na piper,patlidzat t.e. patlidzan turist namesto hotel?alo ohrid,gradonacalnik zedovte mito da gradite nesto?pa ako nema hotel na najubavo mesto kade ce gradite hotel?vo pestani?
Од: mene
Датум: 23.05.2010 11:35:56
LKade se ovde antikorupcioneri koga edno takvo mesto od opstestven interes potajno se komercijalizira.Koj e REMIs nikoj ne znae?
Од: Komentator
Датум: 23.05.2010 13:02:13
Ej.. ohridani...ohridani....zosto imate titula na grad na Unesko....ne bese hotel PARK ..nekoja impozantna gradba ..ama bese istorija ..i toa ponova ...sega gi posekovte onie prekrasni drvja ..ubaviot park...koj i davase smek na toa krajbrezje...samo i badijala ve kritikuvam....nemokni ste i samite na SVOETO....Zalosno....!!