Брoj 2763  петок, 15 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Анализа

Си велам...

Секоја генерација има и свој пораз

Ерол Ризаов

Победа е членство во ЕУ и во НАТО, а историски пораз е Македонија во балканската крчма

Личната, најнова офанзивна стратегија на премиерот Никола Груевски за влез во НАТО и во ЕУ предизвика шок не само во Македонија и во Грција туку и кај нашите поддржувачи и пријатели. Мора некој многу моќен да стои зад него советувајќи му да поставува се' нови и нови поостри и поостри барања до Грција преку Нимиц. Засега тешко може да се дешифрира доктрината на Груевски.

За да се откажеме дефинитивно од Европа и од НАТО неопходно е: дописната школа да работи со полна пареа. Сите во Македонија да пишуваат писма како што му пишува премиерот Груевски на Нимиц, па му пишува на Бан Ки Мун во ОН, на Баросо во ЕУ, на Караманлис... Сите сме воодушевени. Им кажавме ли се' што требаше. Не. Има уште многу работи што треба да им ги стресеме в очи. Нападот е најдобра одбрана кога не те пуштаат во село, барајќи ја на попот ќерката.

Пишува и претседателот Црвенковски до парламентот, пишува аболиција, пишува до претседателот на Собранието, Велјановски. А тој веднаш дупло му враќа. Му пишува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Протоѓер, на потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, писмо преку телевизор, а овој му одговара експресно исто преку телевизор. Луѓето уживаат во писма сликани на ТВ екран. Не се мачат да читаат. Им ги читаат новинарите-писмочитачи. Му пишуваат затворениците од „Идризово“ на „квазипретседателот“. Не преку гулаб - писмоносец, туку преку конференција за печат. Замислете каков развој на човековите права. Управникот на затворот е портпарол на затворениците, се зазема човекот за правата на затворениците лично кај претседателот. Пишува опозицијата до Владата, одговара ВМРО-ДПМНЕ до опозицијата. Му пишува на претседателот на државата и оној симпатичен господин Џими од Штип, од рекламата за вода. Знаете, оној „Ти си расист“, зашто не му дал аболиција. А, човекот е чесен член на Тајната македонска револуционерна организација. И провладините невладини организации пишуваат до претседателот!? Се води жестока кампања против претседателот Црвенковски и уште повеќе против институцијата Претседател на државата. Пишува и МВР писма до телевизиите и весниците. Медиумите му пишуваат на народот. Милина една од писменост и висока европска култура. Една третина од населението останува и натаму неписмена. Другата третина е полуписмена. А во третата третина најписмените пишуваат празни писма.

Следните сто години ќе ги чекаме одговорите од овие силни преписки. Иако резултатот се знае - никој нема ништо да ни напише. Како во ремек-делата на Габриел Гарсија Маркес - „Сто години самотија“ и „На полковникот нема кој да му пишува“. Иако поадекватна е споредбата со Белорусија и Лукашенко, или со Грузија со Саакашвили, како сакате.

Јунаштвото во Македонија е за по дома. Ете, нашиот премиер Груевски му пиша храбро на Нимиц во преговорите за името покрај проблемот со македонското малцинство во Грција и имотите на протераните Македонци од Грција да го отвори прашањето и за признавањето на Македонската православна црква и да се врати старото име на аеродромот во Солун, а не „Македонија“. Храбро, нема што. Аплаузите од Шара до Гевгелија не стивнуваат. Во Пекинг на Олимпијадата, собира аплаузи Бакојани. Таму не беа Груевски и Црвенковски. Зошто да се оди кога може со писма.

Ги јакне Груевски добро позициите на Караманлис во Грција. Си ги јакне и своите во Македонија, а крајниот резултат е нула. Ниту Македонската православна црква ќе биде поблиску до признавање од страна на Грчката православна црква, ниту правата на Македонците во Грција се подобрени. Напротив, тие се полоши. Им направивме мечкина услуга на извонредните храбри Македонци во Грција кои извојуваа повеќе победи против грчкиот национализам во Стразбур и во Европската унија, а сега со нашиот патернализам им ја затвораме устата пред грчките милитантни власти. Ниту, пак, некој од протераните и со децении онеправдани Егејци нешто доби од своите имоти, ниту, пак, некој од меѓународните асоцијации се заинтригира околу ова прашање. Од Бан Ки Мун нема очекуван одговор, од Европската унија добивме немушт допис во кој јасно се зазема страна уште поцврсто во поддршка на Грција. Есенскиот извештај што го подготвува Европската комисија веќе се гледа дека ќе биде негативен за Македонија.

Си велам... Некако на Груевски не му се пишува лекција по историја до бугарскиот претседател Прванов, или до премиерот Станишев, и до Бугарската православна црква. Нив засега не ги лутиме. Подоцна Груевски ќе ги изненади пријатно српскиот претседател Тадиќ и премиерот Цветковиќ. Ќе им напише писма и на Србите и на Бугарите кога ним тоа ќе им треба, исто како на Караманлис.

Премиерот Никола Груевски на Илинден, најголемиот македонски празник, од Пелинце ја исфрли мошне интересната парола „Секоја генерација има своја победа“. Тоа е добро срочено и точно. Но, веројатно поради пригодноста на моментот, премиерот не кажа дека секоја генерација има и свој пораз.

Историската наука во Македонија, за жал, е заробеник на тешки стереотипи од праисторијата, преку античкиот период, па до најновата транзициска историја на која сме современици. Нашата историја, како и на целиот Балкан, не е исчистена од идеологија, од политика и измислици.

Големата Илиденска епопеја 1903 година со јасно изразен стремеж на македонскиот народ за своја независна и самостојна држава, и покрај епохалната порака и победа со првата Република на Балканот, сепак заврши како пораз.

Антифашистичката војна и АСНОМ се грандиозна победа во поновата историја на Македонија. Таа победа за првата современа национална држава е платена со крв и 25.000 жртви. Меѓутоа, социјалистичкото општество што се изгради по оваа победа, без оглед на своите големи достигнувања во првиот период, заврши како пораз и неуспех.

Распадот на Југославија резултираше со голема победа на современите македонски политички елити, поткрепена со волјата и желбата на народот. Се удрија темелите на независна и самостојна Република Македонија, прва држава на македонскиот народ и народите што живеат во неа како членка на Обединетите нации. Транзицијата потоа е голем пораз на истата таа генерација македонски политичари. Пораз е и името БЈРМ. Уште поголем пораз ќе беше Македонија да останеше без членство во ОН.

Букурешт 2008 година и евроатлантските интеграции се последниот голем пораз и големата испуштена историска шанса на најновата генерација македонски политичари. Се разбира, битката не е завршена, но не треба да се опиваме само со победите, туку треба да учиме и од поразите. А ќе научиме ако прво ги признаеме. И ако осознаеме дека за тоа не се виновни само другите.

Македонија годинава се' уште има шанса да ја добие една од најзначајните историски битки во мирновременски услови во 21 век, а тоа се членството во НАТО и датум за преговори со ЕУ. Тоа мора да биде најзначајната мерка за успех или неуспех на оваа генерација македонски политичари. Македонија во ЕУ и во НАТО е голема победа. Македонија во балканска крчма е голем пораз. Според потезите што сега ги влечеме ние, а и нашиот противник Грција, малку има надежи Македонија да ја добие оваа битка ако не промени нешто радикално во својата стратегија. Таа битка најмалку се добива со писма што ги влошуваат односите.

Македонската Влада нема самодоверба, иако има апсолутно мнозинство во парламентот и голема поддршка во јавноста.

Компетентна, храбра и стабилна влада не ги радикализира, туку ги смирува состојбите во државата и на меѓународната сцена. Тоа е во интерес на сите. Освен, ако целта не е во спротивна насока.


Статијата е прочитана 1399 пати.

Испрати коментар

Од: Gordana
Датум: 15.08.2008 03:37:03
G-ne Rizaov, mislam deka sami si napishavte pismo za sebe si. Cinicno, no tocno. A pro po naslovot na vashata epistolarna "analiza", vie konecno, rasplakano pocnuvate da go ziveete vasiot poraz, tokmu kako vashata institucija "precednik" na Makedonija i vam i nemu slicnite.Vsusnost samo toj ostana da vi prepratuva transkakciski pisma. No, sepak, sepak imam nadez deka mozebi, eden den, konecno ke napishete edna analiza vo koja barem ke i objasnite na ova vlada shto ne treba da napravi. Za da znae, da se poduci, daj te molam sroci im nekoe pismo, zatoa shto samo vie ste pismeni.
Од: maximus
Датум: 15.08.2008 04:30:20
Gospodine,so sosedite imame vekovni problemi, a ne od Gruevski navaka.Pa sto vi smetaat baranjata i pismata.Sto prezedoa drugite dosega,Ili, mislite deka molcenjeto e zlato.Komentarot vi e povik za antirodoljubie
Од: Marks
Датум: 15.08.2008 04:49:57
Odlicno napisano! Ima li koj da go razbere?
Од: Кирил
Датум: 15.08.2008 05:46:56
Писмо пасија или писмо манија... Сето тоа една голема нула во земјата на чудата. Па и Албанија не претекна, а ние никако да се отрезниме...
Од: rade
Датум: 15.08.2008 07:44:17
Nekni vi dadov pofalba,no ovoj pat vasava kolumna e KATASTROFA!!!Gubitnici sme site nie na celo so Gligorov,Frckovski,Crvenkovski i Andov-koi ni gi prodadoa imeto,znameto i ni go smenija ustavot.A vie g-dine Rizaov nekako ne go spomnuvate toa.Toa e tragedija-GUBENJE NA SOPSTVENIOT IDENTITET.Razocharuvacki partiski gi gledate rabotite.Citajte gi denesnite komentari i ke vidite koja ke e reakcijata od citatelite.Ako gi objavite site-se razbira.
Од: jovan
Датум: 15.08.2008 08:55:26
Ne e problem toa sto premierot pisuva pisma, neka si pisuva negovo pravo, no koga so site trubi najavuva na koj sto mu napisal i po celi denovi na televizija ja gledame sodrzinata na negovite pisma, daj barem na ist nacin neka gi objavuva i odgovorite koj gi dobiva. Vaka on pisuva ,od Sara do Gevgelija go podrzuvaat, a sto ni odgovaraat nikoj ziv neznae.
Од: citac
Датум: 15.08.2008 09:08:02
Na Gruevski ne mu odgovara EU i NATO, zatoa celo vreme si pisuva oisma. Za da ne bide rabota.
Од: svesen
Датум: 15.08.2008 10:05:25
Odlicno napisano no nema koj da go cita pa neli site pisuvaat pisma go sledat primerot na premierot. Pa zarem e mozno e da nema bas nikoj od negovoto opkruzuvanje da mu kaze deka ovga ne e vored najpovece me razocara Gospodin Gospoidin Stefan nego go smetav malku poumen ne deka e do tolku nerazumen zar negleda deka ja turkaat zemjava vo propast a toj im pomaga
Од: mene
Датум: 15.08.2008 10:35:45
Bravo Erol. Vo potpolnos te soglasuvam so tebe. Makedonija tone. Za nepolna godina go izgubivme se sto makotrpno sozadavavme so godini. Bi te zamolil samo da drug pat koga ke pisuvas pisuvaj so polesen stil za da mozxat i osmoodelenci da te sfatat sto sakas da kazes i da mozat da komentiraat. Ne li te zacuduva sto nemas ni eden VMROVSKI komentar? Ili pak mozebi i tie se slagaat so tebe?! Cudno!
Од: Karolina
Датум: 15.08.2008 10:56:11
Za da zivees so sosedot ne treba da mu pisuvas pismo, tuku da sednes i da razgovaras so nego. pa site imaat sosedi i site pomalku ili poveke se nezadovlni od sosedite, ama sednuvaat ,razgovaraat i zaedniciki rabotat na resavanje na problemite. Navistina, koj denska i pisuva na Germanija zatoa sto i napravi na cela Evropa pred polovina vek? Minatoto si e minato, poranesnite neprijateli im ovozmozuvaat na novite generacii da gi zaboravat luznite i da si podadat raka...taka treba inie so sosedite (i tie so nas sekako). Gruevski samo go potpaluva nacionalizmot kaj nas i ne e opravduvanje deka toj gori nasekade na Balkanot pa toa ni e edinstven spas. Toa samo ne stava kako narod dolu, kaj "niskite" kaj nacionalistickite narodi. Nam ni treba da se izdigneme od zloto i omrazata, od kukanjeto placenjeto i ligavenjeto i dostoinstvenio da si gi resavame problemite
Од: петар
Датум: 15.08.2008 11:12:12
земјава е полна со циници, сезнајковци, луѓе без национална свест, кои ништо конструктивно не направиле во животот. кој е допринесот на оваа статија, освен тоа што е релативно вешто напишана?
Од: @
Датум: 15.08.2008 11:23:28
dobro a spored tebe baranjava na vladata se opravdani ili neopravdani?
Од: kole
Датум: 15.08.2008 11:53:04
Nikoj ne ni e kriv, si ja zapecativme sudbinata na 1.06.2008, veruvajte navistina ke go pamtime toj datum, po loso sekako... Prerodbata unistuva..
Од: Турчин, лојален пријател на македонци
Датум: 15.08.2008 12:00:57
Ероле златен мој, тиси искрен како што сум и јас. Ги сакаме македонците, а уште повеќе ја сакамаме Македонија, но за жал самите Македонци не сија сакаат сопствената земја. Истисе како и србите! И србите лудуваа за Милошевич додека се рспадне Србија. Токму од тоа се плашам. Се плашам од подршката на овој наивен народ до неискусниот премиер, до неискусните политичари...Се плашам затоа што Македонците немаат државничка традиција. Се плашам дека Македонците не ја разбираат суштината на твоите пораки...Се плашам дека се подалеку остануваме од современите развиени држави и влегуваме во едно гето од која, не знам кој ќе не извлече...Многу се плашам за иднината на оваа прекрасна држва, а уште повеќе за иднината на Македонскиот народ!. Господ нека ние на помош...
Од: Ana
Датум: 15.08.2008 12:13:49
Komentarot e na mesto. Premierot treba da bide pokriticen kon svoite "uspesi" . Mene mi izgleda kako da pati od kompleksot na "vecniot marlboro javac, koj ne znae za poraz". Vreme e da se oslobodi od toj kompleks.
Од: A.Nikolov
Датум: 15.08.2008 12:31:31
Diktatorot i iluzionist Nikolaj ,vo rakavot ushte kolku li dzokeri chuva.Chovekot so pisuvanje pisma vadi od rakav eden po eden dzoker samo i samo da se izolira drzavata i da nema shansi za vlez vo NATO i EU.Plelodbata na makedonija mola da plodolzi.Nie sme upolni luge i ke plodolzime da klademe i klademe od siromaviot narod.Koj im e vinoven koga se nepismeni i pagat na moite eftini shtosevi.A abolicii i amnestii ne davat gragani tuku samo institucijata pretsedatel.Koj saka osloboduvanje neka bala od nivniot plemiel i taka ke mu se zgolemi glasackoto telo za lokalnite izboli.Raduvajte se makedonski narode imate mnogu sposoben nedouchen i bokserski raspolozen plemiel.Koj saka da boksuva samiot so sebe se plashi od protivnik.Bugarija ne smee da ja navreduva vo nekoe idno vreme ke mu se najde.
Од: Aleksandar
Датум: 15.08.2008 13:23:38
Благодарејки на ваквите луѓе како господинот уредник Ризаов и неговото друштво шовинистичките елементи во соседните земји воопшто немаат потреба од активности за негирење на Македонскиот идентитет.Тоа во Македонија некој ќе им го одработи за џабе.
Од: Градител
Датум: 15.08.2008 14:09:24
Ќе беше добро и ти како оние од грција колегите новинари малце повеќе да ја подржиш политиката на граѓаните на Р.М. па да испратиш некое писмо или текст, ама за среќа ти и тие како тебе ќе бидете сведоци на најголемите порази на вашата/твојата генерација.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Анализа