Скандал во Собранието. Министер избрка друг министер од собраниска комисија и тоа јавно пред сите пратеници-членови на комисијата и пред целата македонска јавност која го следеше директниoт пренос од седницата. Иако сите го видоа тоа, од Министерството за финансии демантираат дека се работело за бркање, туку за ситуација во која министерот Трајко Славески најљубезно му се заблагодарил на министерот за земјоделство, Ацо Спасеноски, за неговите излагања.
Наводната причина поради која било направено тоа, според реакцијата на Министерството за финансии, е тоа што опозициските пратеници го злоупотребиле присуството на министерот Спасеноски и наместо да дискутираат за амандманите, започнале расправа за други теми од областа на земјоделството, со што свесно ја блокирале расправата на Комисијата за финансирање и буџет во врска со амандманите.
Со оваа реакција министерот сака да не' убеди дека сите ние сме чуле и виделе погрешно и дека Славески и не бил толку груб како што прикажаа повеќето медиуми, како и дека тој единствено се грижел Спасенсоки да не биде злоупотребен, а тој да продолжи со работа. Но, в ред, дури и да не била толку груба постапката на „замолување“ на еден министер да напушти сала каде што се дискутира, како што напишавме, никој не може да негира дека вакво нешто досега се нема случено и дека не му личи на еден функционер во Владата на таков начин да постапува спрема свој колега. Зарем личи еден министер да се однесува толку своеволно, поради што се доби впечаток како тој да си ја донел од дома комисијата, па кога некој ќе ги прекрши неговите домашни правила на однесување да го избрка како непослушно дете?
И зошто Славески му ја покажал вратата на Спасеноски, а тоа не му го направил на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој исто така беше присутен и одговараше на амандманите што биле од неговиот сектор. Можеби тоа не го направил, бидејќи Јанакиески е близок соработник на премиерот Никола Груевски и знае дека ако нему му се замери, работата ќе биде голема, додека министерот Ацо Спасеноски ја нема великодушната закрила на првиот човек во Владата.
Можеби во сржата на целиот проблем лежи тргањето настрана на министерот за финансии од сите акции на Владата, вклучително и за прашањата поврзани со буџетот. Минатата недела, на пример, имавме ситуација кога на седницата за пратенички прашања, пратениците најголем дел од прашањата за буџетот им ги поставуваа на премиерот или на вицепремиерот Зоран Ставрес��и, наместо на министерот за финансии, кој е доносител и реализатор на буџетските активности. Ако не се истакна на собраниската седница, Славески ги дочека своите пет минути во собраниската Комисија за финансирање и буџет, која е и негова матична комисија и каде што тој има неприкосновена позиција, а до пред некој месец не можеше да се искаже поради неодржувањето на седниците на комисијата поради инсистирањето таа да се води на албански јазик.
Сепак, од досегашната активност на оваа комисија не би можело да се заклучи дека Славески е многу подготвен за пратеничките прашања, со оглед на фактот дека на општиот претрес на Предлог-буџетот за идната година, тој не умееше, не можеше или не сакаше да даде одговори. Класичен пример за тоа беше барањето на опозицијата, конечно, да се каже колку Владата троши на бескорисни реклами, одговор што токму министерот за финансии неколку пати го одбегнуваше. Имаше и многу други прашања, кои останаа неодговорени, бидејќи Владата решила дека толку пари треба да потроши за одделни ставки и никој и ништо не може да ја премисли, па ниту светската криза. Така, наместо во тие рамки да се почекаше и да се оформеше буџет со сите кризни предиспозиции, нашиот буџет содржи многу нерационални трошења и проекции кои се засноваат повеќе на фиктивни бројки.
Neznam dali pametite koga Crvenkovski go izbrka Hari Kostov,uups zgreshiv (Kostov si dade ostavka).Kako toa ne bese za vas skandal g-gjo novinarke???
Од: Nekoj drug
Датум: 03.12.2008 01:36:15
Mu se zablagodaril?I toa ljubezno?Nema vrska,go izbrka za da go spasi od bruka posto ovie od SDSM go fatija vo tesno,a ovoj pocna da lupa zeleni.Za da ja ispegla situacijata go prekina i go izbrka.
Од: commanddevil
Датум: 03.12.2008 01:37:30
ednostavno nelii..koga minister brka minister--znaete deka DPMNE --se na vlast..odlicen reper za sostojbite do kade se so umot
Од: do Dean
Датум: 03.12.2008 03:05:56
A bre Deane se gleda deka cavkata ti go ispila mozokot pa treskas zeleni kolku da se najdes u muabet. Vie vmrovcite i neznaete bas nisto drugo osven toj prostotilak sekogas da go pokrivate so GLUPOST samo poradi nemanje PRAVI argumenti. SEKOGAS si cepkate nesto od zadnikot. A kako sto gledam Branko vi e NOKNA MORA - jadni vmrovcinja son ne ve faka od Baneta. Epa VREDI covekot inaku ZOSTO bi go spomnuvale stalno???!!! A za Slavevski hehehe..... VMROVSKO I SVE E MOZNO..... toa se iskompleksirani faci.
Од: sani
Датум: 03.12.2008 04:33:08
ne znam sto vi e cudno pocituvana novinarke. pa vmro pokaza deka nema domasno vospitanie i kultura a kamoli politichka. tie mrzat se sto ne e novo-vmrovsko, starite vmrovci, branko, 550te iljadi sto glasaa za branko, fuere, eu, grcija, i site sto sakame evropska idnina ne vikaat "predavnici" a tie "patriotite" go sakaat latas, dzemaili i muzejot na ahmeti - patriotski
Од: zoran
Датум: 03.12.2008 07:37:29
Tipicna vmrovska rabota ,ova e presedan,ova dosega se nema sluceno.Znaci koj na kogo moze pokazuva a najcesto na narodot,Seto ova mi lici na golema nervoza na NAJPATRIOTSKATA partija ,ne se slozuvat kartite kako sto treba ,pocna narodot da se budi!
Од: petar
Датум: 03.12.2008 08:37:18
Dodeka vaka uspesno go podelija narodot na vmro i sds sekoja banalna rabota se pretvora vo polemika. Zar vo vremeto koga se na vlast ednite ili drugite ne se slucuvaat istite raboti.zar ziveeme podobro koga se ednite ili drugite.Site se dojdeni da se napolnat i eden po eden si ja fatat vratata i si stanuvaat kapitalisti a nie koi se prepucuvame ke rabotime za 100 e na nivnite imoti oti nie taka sakavme i ke razgovarame kako e platen trudot vo drugite drzavi. Ama nie sakame da bidime partiski oboeni oti zaslugite od (mojata-tvojata)e i nasa.
Од: tole pasa
Датум: 03.12.2008 10:06:24
Pa ova mu e edna zauska zatoa sto cela zemja i po nekoe japonsko traktorce mu dade na Singo, a nisto ne ostavi za nekoj precesen i preporoden novokomponiran patriotski vmrovec.
Од: zelezara
Датум: 03.12.2008 10:07:32
Hehehe po smeshna rabota ne sum videl do sega.Megutoa nisto cudno od nivna strana tolku se sposobni i gi biva.
Од: gv
Датум: 03.12.2008 10:09:35
Ovaa ne e prv pat,mis.za ekonomija Rafajlovska koja trebala da bide vo delegacijata vo Bukurest od strana na S.Zoran bila zapostavena
Од: ljube
Датум: 03.12.2008 10:47:46
Pa zarem ne svativte deka Slavevski e samo "peracka masina" na vladata,ednostano dekor kako i site ministri za slikanjeto pri iznesuvanje na "uspesite"na Gruevski.Nemozam da svatam dali tie ministri imaat svoe dostoinstvo koga odat onaka ponizno,da ne recam kako sto,pozadi nivniot premijer.Tesko na toj minister sto ne znae kolku pari se potroseni od drzavnata kasa,t.e narodni pari .a e minister za finansii.
Од: stole
Датум: 03.12.2008 18:46:12
treba site pomegju sebe da se ispobrkaat, i taka se za nikade, ako sakaat da mu pomognat na narodov makedonski.