Број 2791  петок, 19 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Полицијата приведе 21 професор на Универзитетот во Загреб

Целта на акцијата е спречување корупција во високото образование, вкупната бројка на приведени е 95

ЗАГРЕБ - По повеќемесечна тајни подготовки, вчера изутрина започна акцијата „Индекс“, во рамките на која полицијата стигна до Сообраќајниот, Економскиот и Машинскиот факултет во Загреб. На информативен разговор беа приведени неколку професори, а според последните информации, полицијата ја повикала на разговор и претседателката на Комисијата за судир на интереси, Деша Мликотин-Томиќ.

„Точно е дека вчераутро започна акцијата под шифра „Индекс“ чија цел е спречување корупција во високообразовните установи“, потврди портпаролот на полициската управа, Крунослав Боровец за „Индекс“.

„Во акцијата се приведени 95 лица заради криминалистичка истрага, од кои 21 професор, тројца асистенти и четворица припадници на техничките служби. Другите се студенти и граѓани“, потврди на конференцијата за печатот, државниот обвинител Младен Баиќ, додавајќи дека до крајот на денот ќе бидат претресени стотина станови, кабинети, автомобили и деловен простор. Во рок од 48 часа ќе се знае и конечниот список на осомничени, беше потврдено на конференцијата.

Како што истакна Баиќ, акцијата започнала уште во почетокот на годинава, а пред еден месец е одредено како всушност ќе се одвива полициската акција. Баиќ потврди дека државните институции имале неколку доверливи лица во овој случај. Баиќ откри дека при приведувањето кај еден професор пронашле 21 индекс, покрај кои имало 21.000 евра. „Страшно беше да се слуша разговорот на двајца осомничени, во кој едниот го прашува другиот: А што е со сиромашниот? Одговорот од другата страна беше: Сиромашниот ќе мора да учи“, рече Баиќ. На новинарско прашање дали тоа значи дека на другите факултети нема корупција, со оглед на тоа што „Индекс“ се посвети на четири факултети, Баиќ одговори неодредено: „За четири факултети и една високообразовна институција имавме цврсти индикации врз чија основа ја започнавме акцијата“, истакна Баиќ.

„Ценовникот за испити бил од 400 до 2.000 евра, додека запишување се наплаќало 9.000 евра“, потврди началникот на полицијата, Маријан Бенко, додавајќи дека во акцијата во која биле претресувани станови и простории на факултетите биле ангажирани повеќе од 100 полицајци. Акцијата која започна околу 6,30 часот траеше повеќе часови. „Никој од приведените не даде отпор и никој не се наоѓа во бегство“, рече Бенко.

Сообраќајниот факултет цело утро се наоѓаше под полициска „блокада“, а во зградата и понатаму не може да се влезе без индекс. Слична е состојбата и на Економскиот факултет.

Деша Мликотин-Томиќ е под истрага на полицијата, а покрај тоа што е предавач на Економскиот факултет, таа е претседателка на собраниската Комисија за решавање на судир на интереси. Мликотин-Томиќ предава трговско право, Основи на трговското право, право на меѓународна трговија и европско пазарно право.

На конференцијата за новинарите Баиќ не потврди ниту го демантираше приведувањето на Мликотин-Томиќ. Тој не сакаше да открие ниту едно име кое се најде на удар на „Индекс“.

„Се надевам дека колегите професори ќе бидат ослободени од сомневање, но ако некој е виновен за корупција ќе мора да одговара“, изјави за „Индекс“ деканот на Економскиот факултет, Дарко Типуриќ, кој потврди дека полициските службеници спроведуваат надзор над професорите од факултетот поради сомневање за корупција. На директното прашање, Типуриќ не знаеше да одговори колку негови колеги се уапсени. „Ги немам тие податоци, бидејќи не сум полицаец“, рече деканот, додавајќи дека неговиот факултет ќе направи се' да го заштити својот углед, но ќе им даде пристап до сите негови податоци и документи релевантни за овој случај. (Индекс.хр)


#
Статијата е прочитана 2286 пати.

Испрати коментар

Од: Stancanje na diplomi
Датум: 19.09.2008 08:05:06
Javna tajna deka kaj nas se kupuvata diplomi so pari i deka ovaa pojava e masovno rasirena vo mnogu visoko obrazovni ustanovi. Se znaat i " tarifite" na poedini profesori. Iako e javna tajna i site znaat za toa , organizirana akcija za suzbivanje na ovaa kriminalna i nemoralna pojava ne se prevzema. ima samo retki poedinecni sluycai , koga studenti prijavile uceni i podmituvanje od strana na profesori( vo Stip i Bitola) no epilogot na za epilogot na tie slucai nisto ne se znae. Na nekoi privatni fakulteti , prakticno se "stancaat" diplomi.Za Tetovo kruzi vis deka kondukterot na avtobuska stanica najavuval: -"Stignavne na avtobuska stanica Tetovo, Koja saka da kupi burek neka kupi, komu mu se odi po nuzda neka odi , koj saka da zavrsi fakultet neka zavrsi, Za 15 minuti poadjame" . Redno e i kaj nas da se organizira i sprovede vakva dobro organizirana akcija.
Од: remi
Датум: 19.09.2008 09:05:53
Super,,,,pa vo nashite fakulteti nema korupcija,,,,,mozheme da se " pofalime " so toa,,,,,,
Од: Bety
Датум: 19.09.2008 09:34:47
Ako ovaa akcija , ne daj Boze, se prenese kaj nas, faklultetite ke ostanat bez profesori.
Од: Holandija-Ohrid
Датум: 19.09.2008 12:26:05
Daj boze i kaj nas da se prenese ova. Barem togas nema da ima cenovnik za ocena. Za 6-ka plati 50 evra, za 7-ka plati 100 evra itn. Ova e tipicno za fakultetot vo Ohrid. Za dzabe ne go napustiv, kako i skoro site moi kolegi. Pa ke odime vo stranstvo, tamu ke bide nesto od nas, ne vo Ohrid. Za razlika od direktorskite deca kaj nas ima nekoi siromasni koi imaat dostoinstvo i ne se ponizuvaat i omalovazuvaat za pari. Steta sto nie zaminuvame vo stranstvo, i ostanuvaat gordi "direktorcinjata" vo Ohrid, pa ke gi vidis kako se prodale vo nekoj hotel kako stoka, i ne znaat edna creditna karta da upotrebat koga se na recepcija. Sramota!! Pa ke propadnela drzavata, krivi bile Albancite!
Од: student
Датум: 19.09.2008 14:43:06
vo prilep e isto od iskustvo da vi kazam imam plakano ispiti,ne deka imam pari zatoa sto namerno me turkaa pa te doveduvaat do situacija da baras chare,ali toa e toa pa kako bogatite praznoglavci ke drzat diplomi,plakanjeto postoelo i sekogas ke postoi
Од: student
Датум: 19.09.2008 14:50:43
Auuu ova ako dojde kaj nas ke treba d agi zatvorime fakultetite. So ke prajme togas kaj ke studirame?
Од: skopje
Датум: 19.09.2008 18:42:26
Bravo,vakvo nesto treba i kaj nas.Go sledev nastanot i vcera na hrvatskite televizii,nikoj nikade ne ja spomna politikata,nitu pak deka toa e "politicka akcija" protiv nekoja partija.Kaj nas koga bi se slucilo ova,vednas bi rekle deka profesorite se apsat zatoa sto se SDSM, ili VMRO, ili DUIili....Nema tuka partija.Lopov e lopov,pa bez razlika na koja stranka mu pripaga.Toa e demokratija,bravo za Hrvatska.Srekni se sto ja nemaat Sekerinska ili nekoj slicen

Најди! во Утрински
Свет
Русија сака една петтина од Арктикот
Браун е непопуларен премиер, како и Чембрлен пред војната
За Мугабе, поделба на власта е „понижување“
Јапонски партии договорија избори на 26 октомври
Ливни стана нов лидер на израелската владејачка партија
За отцепувањето на Косово ќе се гласа во ОН






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker