Најголемиот број од Македонците со бугарско државјанство велат дека на тоа се решиле од прагматични причини
ШТИП, СТРУМИЦА – „Имаме бугарско државјанство, но ние сме Македонци и се чувствуваме како такви“, се најчестите одговори што се слушаат деновиве од граѓаните во Струмичко, кои имаат и македонски и бугарски пасош. Прашањето станува актуелно поради престојните пописи во Македонија и во Бугарија, кои им отвораат можност да учествуваат и во едната и во другата држава.
Дали ќе се изјаснат како Македонци или како Бугари, моментно е можеби претенциозна тема, но факт е дека таа е на пат да стане политичко прашање ако нашите граѓани со двоен пасош добијат идеја од солидарност со малцинството да се изјаснат како Македонци во Бугарија или од протест да решат да станат Бугари во Македонија.
Најголем дел од нив, сепак, се изненадени од самото прашање, бидејќи како што велат, бугарските пасоши ги извадиле најмногу поради тоа што со нив полесно излегувале од земјава и наоѓале работа во странство, како и поради купување на автомобилите.
-Чудно прашање е како ќе се изјасниме, како Македонци или како Бугари? Најголем дел од бугарските пасоши ги извадивме од економски причини, а не од национални побуди, а нашата национална припадност не е доведена во прашање. Па, и на бугарските пасоши стои дека сме родени во Македонија, а имаме адреса на живеење во Бугарија. Значи, ние сме граѓани со двојно државјанство, македонско и бугарско, а на пописот ќе се изјасниме така како што се чувствуваме. Немаме никакви обврски, ниту, пак, уцени да се изјасниме како Бугари, вели жител на едно од струмичките села. Тој бугарскиот пасош го извадил во времето кога важеше визниот режим за полесно да најде работа во Словенија.
Меѓу граѓаните што поседуваат двојно државјанство има и такви што велат дека на претстојниот попис ќе се изјаснат спрема заслуженото, односно според тоа која држава повеќе им помогнала, што значи дека не ја исклучуваат можноста да се пишат и Бугари.
Бугарски пасоши имаат и младите што студираат на факултетите во Бугарија за да ги користат тамошните студентски бенефиции. Се' заедно, никој не знае точно колку граѓани во овој регион имаат бугарско државјанство, но се претпоставува дека во последните неколку години е значително зголемен, а потврда за тоа е масовното заминување на младите од Струмичко на печалба во странство.
Бугарскиот „вирус“ е присутен и во Штипско, каде што некои имаат веќе искуство со гласањето на избори во оваа соседна земја, па, веројатно, ќе одговорат и на повикот за попис. Тројца штипјани со кои разговаравме, студент во Плевен, бизнисмен и трговец, на прашањето дали одат во Бугарија на гласање, ни дадоа сосема различни одговори. Така, студентот, кој веќе е трета година на студии во Бугарија, ни рече дека откако добил и бугарско државјанство, гласал на сите избори кај нашиот сосед.
„Го сметам за своја должност излегувањето на избори во државата во која моментално студирам, односно во која живеам подолго време. Тоа за мене е прашање на моралност. Гласам и на изборите во Македонија, ако тие се во време кога јас сум во Штип. Во Бугарија гласањето не е обврзно и е прашање на избор на секој граѓанин“, вели тој.
Бизнисмен, кој има развиени врски со Бугарија и е со двојно државјанство веќе петта година, вели дека никогаш не гласал таму, но дека еднаш тој и сопругата гласале во бугарската амбасада во Скопје.
„Од искуство знам дека Македонците од Штип, Кочани, Делчево, Виница, Берово, Пехчево, Македонска Каменица имаат лични карти и пасоши на адреси во Благоевград, струмичани во Петрич, кривопаланчани и кратовци во Ќустендил, бидејќи овие градови им се најблизу до нивните живеалишта во Македонија“, тврди овој средовечен штипјанец. Тој укажува и на фактот дека во Бугарија, за разлика од кај нас, не може да се гласа со пасош, туку исклучиво со лична кар��а.
„Ако отидете со пасош на гласање, ќе ве одбијат и ќе ви речат дека пасошот е за патување, а личната карта е документ за идентификација при гласање. Тоа сите ние го научивме и Македонците со двојно државјанство знаат за тие правила“, вели штипскиот бизнисмен.
За разлика од нив двајцата, младиот човек, ��ој има тезга во трговскиот центар, вели дека бугарско државјанство зел од прагматични причини, дека го има пет години, но никогаш во овој временски период не одел да гласа ниту во Благоевград ниту во бугарската амбасада.
„Бугарското државјанство ми беше неопходно за да му обезбедам егзистенција на моето семејство. Со бугарскиот пасош исклучително лесно и бргу ја минував границата, уште полесно се справував со фирмите од кои купувам стока и ја носам во Штип на мојата тезга. Јас сум си Македонец, на избори излегувам тука, бидејки тука ми е семејството. Кога Македонија ќе стане дел од Европа, тогаш ќе го вратам бугарскиот пасош“, ни рече овој човек.
Сите тројца се со исто мислење -дека во Бугарија не почувствувале некоја посебна пропаганда во однос на Македонците што имаат и бугарско државјанство. Сите тврдат дека државјанството го зеле од прагматични причини. Студентот, бидејки тоа било начин бесплатно да студира, а бизнисмените заради свои бизнис-потреби.
„Македонци земаат бугарско државјанство од три причини: за да можат да патуваат низ светот и таму да најдат работа што ја немаат дома, поради бизнис-потреби и поради студирање што го направи Софија бесплатно за студенти од Македонија што ќе земат државјанство. Сега кога Македонците можат да патуваат во земјите од шенген-зоната, барањето бугарско државјанство речиси го снема. Тоа говори дека нашава држава мора што побргу да го фати европскиот пат, како што го направи тоа Бугарија, како што наскоро ќе го направи тоа и Србија ако сакаме Македонците, од чисто практични причини да не ни се пишуваат и како Бугари“, вели еден штипјанец. (И.Б. - Е.П.)
Dodeka se borime za imeto na nasata drzava Makedonija, ke ja zagubime makedonskata nacija. pa ke imame teritorija makedonija na koja sto ziveat bugari.
Ako, mozebi i taka ni treba!!!!!
Од: антибугарофилка
Датум: 18.09.2010 12:41:34
Беше прашање на време кога ќе почнеше овој попис. Ете од вакви не не бива, постоиме векови наназад а немаме своја држава. Со свој камен по глава. Поглупав народ здравје...се срамам да кажам од каде сум.
Од: makedonce
Датум: 18.09.2010 13:17:27
sum rekol poveke pati neka makedonija izdava makedonski pasosi na grazdani na bugarija ...pa ke vidite sto ke se sluci nema da ostanat ni edem milion bugari vo bugarija.....garantirano sto posto....e togas ke vidime dali bugarija ke izdava pasosi po tugi drzavi
Од: prjatelk
Датум: 18.09.2010 13:25:54
Затоа Грујо несака во ЕУ за од Македонскиот народ направи Бугари.Погледајте на кои им прави споменици,и востени фигури,на најголемите македонски крвници(Ванчо Михајлов Тодор Алексанров Вера Бунева).Зошто не направи спомен на Јане Сандански или Пере Тошев и други македонски патриоти.Епа мои македонци не ви останува ншто друго туку да се Бугаризирате.
Од: @антибугарофилка
Датум: 18.09.2010 13:43:32
драга антибугарофилке и слични! јас сум б'лгарин од македонија а не сум бугарофил бидејќи не ми е многу гајле за б'лгарија(немам ни пасапорт да нема забуни),а од друга страна сум македонофил зашто сум од македонија тнр."македонец". е сега срам ли ти е од мене оти сум б'лгарин или што е проблемот што го имате со б'лгарите односно тие што вие ги нарекувате бугарофили? де некој нека ми објасни
Од: Phenom
Датум: 18.09.2010 13:46:35
Навидум една сосема невина, наивна и бенигна појава...Чудо големо, бугарски пасош имале луѓето, тетратче мало, книшка...Ама што ако утре бугарија покрене некакво прашање за своите граѓани во странство, не ми текнува за ништо конкретно ама ќе може да не дупи како сака. А, нашиот пастир бие битка (кобајаги) со „клетите грци„. Да беше толкав патриот како што се прикажува што не направи нешто во врска со бугарските пасоши и коли. Што не рече: „Нема бре повеќе бг пасоши, кој сака да има двојно државјанство и да вози кола со бг регистрација има да плаќа драконски казни !„ Гледајќи колку е ревносен во одбрана на името човек би рекол овој и отров ќе испие само ако на шишенцето е залепено мк знаменце а всушност е само обичен шарлатан.
Од: реканец.
Датум: 18.09.2010 13:56:10
Иако се нај Маргилизирани Но ЧЕСНИ и поштени изгледа М.Муслимани наречени (торбеши) Ќе испаднат нај лојални ГРАЃАНИ на наша МАКЕДОНИЈА .И навистина се.
Од: Makedonka
Датум: 18.09.2010 13:59:55
mnogu perfidna politika koja so vekovi ja vodat sosedite za raznebituvanje na makedonskiot narod, besplatno studiranje, pomali taksi pogolemi beneficii, se ke ti dademe samo pishi se bugarin, nikako da ni tekne deka besplatno sirenje ima samo vo misholovka! Prodadeni Dushi
Од: dobrivoje
Датум: 18.09.2010 14:08:54
Сите тие што имаат добиено бугарски пасоши и државјанство треба да бидат прогласени за шпиуни и државни непријатели. продадени души
Од: Trajce
Датум: 18.09.2010 14:09:42
Sramno e niz Stip drzavni sluzbenici vraboteni vo MVR i li vo Odbrana vvozat koli so bukarski tablici . Ova go nema nitu vo edna Evropska drzava.
Од: Darko
Датум: 18.09.2010 14:13:18
sega vi e jasno od kade se izrodija makedonci-muslimani ili muslimanite vo bosna koi isto taka gi imaat pravoslavnite koreni! pa, eve vaka.....za da mozat polesno da pominat vo zivotot, zemi ja verata, zemi go drzavjanstvoto, i posle si odi toa od koleno na koleno.....tragedii...
Од: lazo
Датум: 18.09.2010 14:19:19
makedonski bugari vo makedonija ima se poveke i nivniot broj na popisot vo 2011 vo makedonija ke bide ogromen najverojatno ke gi ima poveke i od albancite a vo sekoj slucaj poveke od vlasite i spored toa ke mora da se vnesat vo ustavot na makedonija kako sto se vneseni albancite romite tutcite srbite bosnajcite vlasite i konecni i makedonskite bugari da gi dobijat svoite prva i po nacionalen kluc da se vrabotuvaat vo javnat i drzavnata administracija so prednost kao sto e za ostanatite nacionalnosti vo makedonija da zivee slobodna makedonija-utrinski realni ste objavete
Од: јас
Датум: 18.09.2010 14:22:00
Како поинаку да ги наречам овие луѓе освен ПРОДАДЕНИ ДУШИ !!! Зошто таква тешка кфалификација??Па тоа во стварност и се,СЕ ПРОДАЛЕ СЕБЕСИ ,своето вековно име ,за едно помочано паспортче .БЕЗ ОГЛЕД на тоа што некој отишол да студира таму , или заради подобри бизнис - релации или поради полесно обезбедување на егзистенција на своето семејство..НИШТО ОД ОВА НЕ ГИ ОПРАВДУВА ШТО СИ ГО СМЕНИЛЕ МАКЕ��ОНСКОТО ВО СЕБЕ..Прифатиле туѓо државјанство и со тоа СТАНАЛЕ ИЗРОДИ НА МАКЕДОНИЈА !!Простете поради големите букви , но стварно сум револтиран на овие продадени души , кои глумат големи патриоти, велат дека се чувствуваат како македонци а ваму потпишуваат ( за да добијат паспортче ) ДЕКА СЕ ЧУВСТВУВААТ БЛГАРИ !!!Па што се тогаш ??Или си тоа или другото ! Но Македонци СЕКАКО НЕ СЕ !!!! Да се изјаснам дека не сум административец , како што ме нарече вчера еден коментатор , „па го јадам лебот на овој народ “, ами сум обичен човек со сопствен бизнис, кој се родил како Македонец и таков ќе замине...
Од: Asan od krivolaka
Датум: 18.09.2010 14:30:07
Cudni raboti se slucuvaat, Jas ne gi razbiram mnogu. Ete jas sum Rom (gjptin) ama za nisto na svetot ne stanuvam Bugarin ili nekoj Grk. Znaete li vie deka postoi i cest!?
Од: kaktus
Датум: 18.09.2010 14:35:50
Ќе ги избројат на пописот македонските б`лгари
На куковден. Тие самите ќе се кажат кога вмороните ќе ја остварат целта на Ванчо Михајлов.-Самостојна б`лгарска држава Македонија. И со тоа ќе дојдат на власт.
Од: bez bugarski pasos
Датум: 18.09.2010 15:07:06
Mozete da treskate kolku sto sakate protiv makedonskite bugari! Tie se obidoa so patriotizam da si kupat hrana, da si gi platat smetkite, da si gi skoluvaat decata, ednostavno da ostanat vo zivot. E, bidejki patriotizmot ne mozese da go napravi toa, logicno bese da si ja zgrabat sansata. I vie pak plukajte na niv. Stavete se na nivno mesto, i vie sega ke bevte bugari, sigurno. Jas nemam bugarski pasos, ama gi razbiram, od taa sredina sum, Mak. Kamenica.
Од: SONCE
Датум: 18.09.2010 15:08:28
Imam bugarski pasos i licna karta gi imam samo poradi glasanje na izbori,cekam OMO ILINDEN da ucestvuva na izbori ke dojde i toj den.NIKOGAS NEMA DA STANAM BUGARIN,NIKOGAS.
Од: dragan
Датум: 18.09.2010 15:44:51
Veruvam deka Makedoncite se mnogu gorda nacija,i deka bez potreba ne bi pravele takvi potezi.A,vie gospoda ''patrioti'' otidete tamu i nahranete im gi decata!!!!Namesto site da se zaprasate zosto so nasiot pasos ne moze ni u komsii da se odi,ostanavme najutepanata zemja posle Etiopija i Bagladesh!!!E,toa sigurno ne se slucilo zasto nekolku luge zemale pasos na druga zemja!!Kolku ste mi smesni koga ve gledam vaka na 5000 km od tamu.Poz.....
Од: xxL from Prilep
Датум: 18.09.2010 16:00:48
Zakon protiv dvojno drzavjanstvo treba pod itna postapka,pa neka povelat bolgarite od makedonija,neka se resat ke bidat bolgari ili makedonci!
Од: do JAS
Датум: 18.09.2010 16:03:49
Prvo ti JAS nemash svoe ime!?
Ponataka se pravish deka si mnogu pameten i toa go argumentirash na svoj nacin,eve JAS imam BG pasosh i sum pogolem MAKEDONEC od tebe i od Aleksandar Makedonski zaedno sega rabotam vo Slovenija zarabotuvam i ja izdrzuvam familijata vo Skopje i za par godini ke dobijam i Slovenski pasosh po tvoe togash jas ke bidam i Slovenec,no vo zabluda ste site Makedonci sto rabotat vo Slovenija se so BG pasosh a se pogolemi Makedonci i od Makedoncite vo Makedonija
Izlezi malku od Makedonija i ke vidish rece deka imash sopstven biznis vo Ljubljana si dobredojden kaj mene
Од: Bobi
Датум: 18.09.2010 16:20:44
Vo zemjava ima 40% nevrabotenost pacienti u vlada siromastija od 70 % i ja nema da zemam pasos da izbegam od zemjava i da obezbedam egzistencija za mojata familija, e tuka ste se zeznale. Tie lazni patrioti neka se lecat slobodno pozdrav i fali ti majko bugarijo
Од: Od Ohrid,
Датум: 18.09.2010 16:28:24
Do "prijatelot" koj kritikuvat za nesto sto i samiot ne go razbirat. Spomenicite se gradat vo Skopje , za da ednas za sekogas site revelucioneri koji se od Makedonija ,i zaginale za Makedonija ili nesto napravile za Makedonija ostanat vredni kako Makedonci.Dosta bese podelbata na Bugari,Grci,Srbi , sto bese isforsirana teorija na bifsata drzava .Hitlker e los Germanec, no sekogas e Germanec. Takja i kaj nas imat LOSI I DOBRI MOMCI, NO SEKOGAS TREBA DA SE ZNAE DEKA SE MAKEDONCI. Zatoa ,site treba da si dobijat svoe mesto vo muzejot na hrabrite , znacajnite ili gresnite ,no so toa da zastane ednas podelba popmegu niv. Tie site se Makedonci.Tocka.Taka i treba.
Од: БРАВО БРАВО БРАВО
Датум: 18.09.2010 18:23:57
E У има ли демократија. Ние воведуваме графа Бугари а Бугарија брише графа за Македонци и тоа веќе изјаснети . ЕУ вљубеници гледате ли каква никаква е ЕУ. А Бугарија фактички се плаши. Тука има едно стотина Блгари а во Бугарија 1/3 од населението е со македонско потекло. Нека признаат па колку ке се изјаснат џза Македонци нека ама им фуфка. Фоваме на грчки е се плашам.
Од: Штип
Датум: 18.09.2010 18:37:20
Има еден историчар во Институтот за националната историја во Скопје кој ги собира изјавите на Мкедонците кои извадиле бугарски пасоша а не се Бугари. Тој ги анализира сите. Оние кои вадат бугарскји пасош а се македонци даваат изјави на НОТАР дека се македонци а вадат пасош само од интерес. Небиле изроди и продадени души. И јас имaм пасош но сум Македонец во корен.
Од: Stojan
Д��тум: 18.09.2010 19:06:41
da tocno taka najgolem broj se cuvstvuvaat Makedonci a izvadile bugarski pasosi poradi morlni ili materijalni pricini a dali tie istite zaboravile deka koga vadat bugarski pasos go imaat potpisano pismoto so koe se deklariraat kako Bugari i ke gi zastapuvaat bugarskite interesi vo Makedonija da ne recam pa nekoi od niv za mala suma na pari i ke izigravaat shpioni, na site tie treba da se odzeme Makedonskoto drzavjanstvo i da se racunaat kako malcinstvo.
Од: karokan "gambit"
Датум: 18.09.2010 19:39:10
Pa g-dine Jas,imav i jas slucaj da bidam revoltiran kako tebe.Koga bev na drva i mi izbega magareto.
E sega,taka revoltiran dobro mu soturiv na samarot.
Go skinav od mavanje.Ete vo toa jas i ti sme sosema isti.Koga ne mozes po magareto udri po samarot!!!
Koga ne mozes da plukas (ili ne sakas) po
nositelot na bacilot za vakvata "zaraza"-
steknuvanje bugarsko drzavjanstvo po osnov na pripadnost (steknuvanjeto takvo drzavjanstvo po bilo koj drug osnov e sosema normalna i opravdana rabota).Ti ne go isturas revoltot
kon tie sto pridonele za takvite sostojbi,tuku
kon tie sto takvite sostojbi gi naterale da posegnat
po nesto takvo.
Ti ne go plukas svojot bes kon storitelot,tuku kon zrtvata.Zosto pogolem del od ovie lugje se
zrtvi na edna besperspektivna sostojba i sostojba
bes vizija za idninata.
Kade ponatamu od rabot na provalijata????????
Objasni im go patot (pravecot)!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: пак од јас
Датум: 18.09.2010 20:14:19
Никогаш не тврдам дека сум Македонец од Александар Велики ( како што го знае цел свет , освен нас ).Јас сум во душата обичен простосмртен словен и таков ќе останам...
.А тоа дека сте поголеми Македонци сите вие кои сте заминале од Македонија , по корка леб , е тоа малку потешко...Вистинските Македонци се сите оние кои секојдневно се мачат во оваа мачна Македонија да обезбедат каква таква корка леб за себе и својата фамилија.ТИЕ СЕ ВИСТИНСКИТЕ РОДОЉУБИ , а сите вие сте „патриоти на далечинско “ !!! А за тоа дека немам име, кој е будала да пишува стално критики против бладава и да се потпише со полно име и презиме? Па има еден куп инспекции да ми нагрнат наредниот ден..За почеток ќе кажам дека сум од Прилеп, што и се сваќа од моите коментари и имам дуќан во ценатрот на Прилеп.И не сакам да се потпишувам со измислени имина.. Јас сум јас !!!
Од: nacional-patriot
Датум: 18.09.2010 22:38:07
Oficijalna Sofija se plasi od brojot na Makedoncite vo pirinska Makedonija i zatoa ja izbrisa grafata za makedonskata zaednica sto zivee tamu.Da mu pojasnam na koakan "gambit",bidejki ne go razbral mojot komentar od petokot.Jas sum protiv clenstvo na Makedonija vo NATO i EU,no ne poradi toa sto so clenstvoto Makedonija bi se priblizila do Atina i Sofija i bi stanala niven sojuznik,tuku poradi toa sto uslov za clenstvo e Makedonija da prifati dodavka na imeto na drzavata i na identitetot.Znaci ne e tocen tvojot stav deka Makedoncite bi ostanale toa sto se so takvo clenstvo.Makedoncite bi ostanale toa sto se samo ako Makedonija vleze vo tie organizacii kako i drugite drzavi sto se tamu,so ustavnoto ime i nepovreden identitet.Razmisli za ova.Bi trebalo da mozes.
Од: Antibugarofilstvo
Датум: 18.09.2010 22:46:13
Do Jas, Dobrivoje, xxLPrilep i slicni. Sto bre ste zapnale da frlate drvja i kamenja protiv Blg. pasosi?. Pa zarem nie sme edna zemja kade ima dvojno drzavjanstvo?Onaj dobrivoe duri predlaga da gi proglaseme za neprijateli i spioni. Pa tie kutri Dobrivoe si imaat i Mak. drzavjansvo. A sto da pravime so nasata dijaspora , koja stalno ni soli pamet kako dostoinstveno da izdrzime vo borbava i siromastijava za zacuvuvanje na imeto? Imaat po dve i tri drzavjanstva . Dali i niv na di proglasime drz. neprijateli i spioni ili samo onie so Blg pasaport?Znaci mozez da imas pasos od USA, Anglija Senegal. Ruanda , Sudan , toa ne e grev samo grev bilo i predavstvo ako imas Blg pasos.?! Pa polovinata od niv si gi smenija i iminjata od Djordjija vo Djordj od. Jovan vo Djon od Mitre vo Martin, a vamiu "se borat" za nasiot identitet. Dodeka ima takvi suploglavi "patrioti" Mak. nema da se pomrdne od mrtva tocka.
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 19.09.2010 00:12:08
ШТИП, СТРУМИЦА – „Имаме бугарско државјанство, но ние сме Македонци и се чувствуваме како такви“, се најчестите одговори што се слушаат деновиве од граѓаните во Струмичко, кои имаат и македонски и бугарски пасош. Прашањето станува актуелно ,пописи во Македонија и во Бугарија, кои им отвораат можност да учествуваат и во едната и во другата држава. P.S- Ako Srbija bese clenka na EU pred Bugarija,site Srbi ce zemea Srpsko Drzavljanstvo,ama i pred toa Tie bea Srbi i taka se izjasnuvaa. A ovie od Istok i ;Tak i Vak. E ,so ovie ne se pravi drzava,a da ne,, ZBORUVAME ZA NACIJA"!
Од: Ana
Датум: 19.09.2010 03:05:29
Sto se razgoropaduvate site? Mislele deka im treba bugarski pasos, si izvadile - si go upotrebuvaat! Dali i kako se cuvstvuvaat i dali i kako ke glasaat e nivna privatna rabota! I nekoj spomna deka se bugarofili, da se izglasa zakon PROTIV dvojno drzavjanstvo.... mislam, aloooooo, dali nekogas ste broele kolku Amerikanci, Avstralijanci, Kanagjani i Germanci ima vo Makedonija? Pola Bitola i Tetovo, mozebi, ako i ne broime ponatamu.... i tie ne se amerofili ni kanadofili, a ovie se Bugarofili! Site se mesaat vo tugjata mandza, bez da im e gajle zosto.... ostavete gi lugjeto na mira! Inaku, jas nemam dvoen pasos, ama ke go dobijam za 2 godini....
Од: moe mislenje
Датум: 19.09.2010 04:13:53
Gospoda nema mkd fond na komp izvinte pisuvam na latinica. pravev muabet so obrazovana licnost koja studirala vo sofija i znae nesto vo bugarskoto ministerstvo. Makedonci rodeni vo Makedonija koj izvadile Bugarski pasospred 2010 bile nekade okolu 350 000-400 000. Jas znam mnogu koi pripagjaat vo gorenavedenata cifra, i tocno e deka pasosot go izvadija za da izbegaat od takanarecenata Makedonska tragedija, izbegaa da mozat da donesat hrana na semejstvoto. Toa go napravija bidejki nemale izbor, nemaa luge povrzani so vlasta za da najdat rabota i slicno. Problemot e vo toa sto sega koa grcive pak ke ne blokiraat vo EvroPICHEskot sojuz, bugarive ke ispadnat i ke velat eee bratanche vidi do kade e b'garija ee do vardar. Vidi ovde na dokumenti ovde. I na popisot ke ispadne vaka: eden kup Makedonci se nadvor od drzavata, imame eden kup Makedonci sto moze da gi smetaat za bugari ili bidejki imaat dvojno drzavjanstvo, albancite ke ispadnat vo poln broj negde 25%, i Makedonci negde okolu 30%
Од: stip
Датум: 19.09.2010 07:04:49
aj neka vi e nazdravje MAKEDONSKI JUDISTI. (JUDA)
Од: za "od Ohrid"
Датум: 19.09.2010 07:13:58
Hitler , najprvo , ne bese germanec tuku Avstriec. Ako ne ti e jasno dali toa e isto ili ne, prasaj nekoj avstriec pa ke vidis kolku se cuvstvuva kako germanec. I hrvatite se sloveni ama ic ne im se dopagja da bidat-srbi, neli slovenski brajka.
A sega da se navratime kaj "nasite" losi momci. Da, makedonci se i ako se losi ili dobri. Samo sto postoi i druga distinkcija: predavnici i patrioti za nezavisna Makedonija a ne bugarski protektorat-Losite, prijatele se sekogas LOSI i ne se mesaat so dobrite..A ako saka nekoj da prodava veter i magla za da se zaseni percepcijata na prosecniot makedonec, togas ne mu e mestoto vo Republika ( nezavisna!!) Makedonija.
Ne gi osuduvam tie sto zemale bugarski pasos: ke izleze i nekoja partija na Makedoncite od Pirin, e togas ke vidime dali ke trijat race bugarite, mislam deka ne svajkaat deka samite si stavija trn vo zdrava noga., Kako i sekogas.
Од: Mene
Датум: 19.09.2010 07:26:49
Se iznacitav od vasite prosti i ograniceni po razmisluvanje komentari. Poveketo od vas sigurno so zasostanati svakanja, pa komentiraat nebare vostanie ke se kreva. A be za kakvi kodosi vie komentirate nesreki edni, lugeto se sanogaat kako znaat za doma, na svojata familija da donesat parce leb. Nikoj ne smee da osuduva nekoj za toa sto pravi i kako se cuvstvuva i od koja pricina napravil nekoj cekor. Vie istite sto plukate i vregate, vie istite kopneete za Amerikanski ili Avstraliski pasos, sto sekako vo taa nasa glupava drzava e gordost da se ima, ama ako e Bugarski e togas e problem. Sekoj zasluzuva pravoto da se dvizi kade saka i da poseduva od ona sto go pravi sreken, za zal "patrioti" skapani nasata drzavicka, koja seuste nema ni ime, a da ne kazam na intelektualen kapacitet na nasite ovcari koj ne vodat (opozicija/pozicija) ne go ovozmozuva toa. Lugeto nemaat vreme da cekaat da ovaa zemja go izivee svojot pubertet. Pozdrav
Од: Realen graganin
Датум: 19.09.2010 08:15:01
Realno zemeno i so istoriski fakti makedonski narod ne postoi. toa e tvorevina na kominternata. Ni vo osmanliskite dokumenti ni vo vizantinskite pa vo niedno carstvo sto pominalo od tuka ne spomnale za nekakov si makedonski narod. toa e fakt. i fakt e deka denesnite makedonci se bulgari (sloveni) dojdenci vo 7 dmiot vek. Pa ne mi e jasno kakva povrzanost so aleksandar veliki i antikata??!!
zosto vlladata ne priznae deka ne sme anticki i deka sme samo novostvoren narod so kratka istorija. Ne mozeme da gi lazeme site narodi za nesto sto ne sme. kazete ja vistinata i taka ke pominete polesno.. GRUJO I TAJFATA>>
utrinski najdobri ste pa ve molam dokazete go toa so objavuvanje na mojot komentar bidete fer...
Од: MENE
Датум: 19.09.2010 08:17:13
Vo Makedonija ima 125 bugari(zaedno so tie od ambasadata).Za tie vo red,ama nekoj da se potpisuva deka uste od baba i dedo e bugarin,e toa izvinete ama nema polosa rabota.Eve primer kako jas da se cuvstvuvam bugarin koga mojot dedo i negovite braka se maceni i ubivani i pri srpskata i pri bugarskata okupacija.I kolku za da znaete vie blagonadezni b'lgari,zborot b'lgarin vo srednovekovieto znaci edno-pravoslaven hristijanin.Drzavata bugarija vesto go upotrebila ovoj zbor-pa zarem site na balkanot se bugari?Najgolem rezil e da imas bugarski pasos.Na tie sto imaat da znaat deka ke im se vrati-ili mozat da se iskupat-javno palenje na pasosite.Pozdrav do site Makedonci kade i da se.
Од: Strumica-Sofija
Датум: 19.09.2010 09:18:50
a,ako na vas "patriotite" od ovoj forum nekoj vi predlozi italijanski ili germanski pasosh..ili,kakov i da e samo bugarski ne..?!! ke ostanete pak patrioti?! zoshto taka plitko gledate na rabotava i govorite,onaka,proizvolno..od rakav iztreseno? zoshto ne se zaprashame..zoshto makedonija ne napravila i ne e napravi neshto ubavo za toj narod za da ne dojde do bugarizacija ili germanizacija ili neznam shto...?! pomislete malku!!
Од: Sedenje na dve stolici
Датум: 19.09.2010 09:43:19
Koj sto se obiduva da sedi na dve stolici cesto padja medju niv. Inaetot e povazen od korenite. Pa vreme e site da se izjasnat Jasno i Glasno. Pa makar bilo i pogubno za Makedonija.
Од: kocanec
Датум: 19.09.2010 12:51:06
Ako ne bea bugarskite pasosi lugeto vo istocna makedonija ke umrea za leb , poslem vojnata vo 2001 vo mkd imase nad 45 % nevraboteni i dokolku tie luge ne zemaa bg pasosi ke stanese graganska vojna vo mkd i do patriotite tuka ne se site vraboteni vo administracijata da zimaat po 25000 den , i drugite luge treba da ziveeat i najmalku se investira vo ovie gradovi od cela mkd i da vi kazam verniot istoknikogas poveke nema da bide VEREN, zatoa sto albancite imaat pogolemi prava od nas vo nasata drzava nerabotat a plati zimat toa e makedonija zemja na moznosti a tie patriotite da ima vojna prvi ke izbegat oti vo 2001 najveke vojska imase od istocna makedonija dobrovolci za koj samo se pitam
Од: ДО АСАН РОМОТ
Датум: 19.09.2010 13:23:11
Асан во Грција и Ромите се Грци. А многу се Грците среќни кога велиме Александар влаот бидејки во Грција има Власи ама не се Власи туку ГРЦИ. За Грците и мајка Тереза е Влаха односно ГРКИЊА. А најмногу во Грција Грци се дојденците од Мала Азија и Кавказ ПОСЛЕ 1913. Потоа следат Албанците католици например Албанец е Пангалос. Па после се Македонците оти има многу убиено протерано . Па кипарските Грци ЦРНИ ама на авионите Аце си го носат ни срам ни перде.Па Турците. Па Помаците кои се Македонци муслимани. Па Бугарите. И други. Ама сите тие се ГРЦИ. Мораат да бидат Грци. Таков им е моделот. Фашизам парекселанс.
Од: mkd
Датум: 19.09.2010 14:28:27
neka oda vo Bg i neka se popisat kako makedonci, taka pravat i Albancite od kosovo i makedonija, se popisuvaat i tamu i ovde kako albanci, iako imaat makedonsko drzavjanstvo.
Од: Igor
Датум: 19.09.2010 15:37:26
Треба да се направи една разлика меѓу државјанство и националост.
Човек може да е и трета генерација Македонец во Австралија и да има Австралијанско државјанство (пасош) ама по националнист е Македонец и да се попишува Македонец.
Од: Gorica
Датум: 19.09.2010 17:14:43
Ovaa slucka se povtoruva vo obratna verzija ako se secavame deka bugarite na sekoj nacin se snabduvaa so Jugoslovenski pasos da mozat da izlezat vo svet i nieden ne si promeni nacija pak ostanaa bugari so drugo drzavjanstvo, sekoj sto ne si ja negira svojata makedonska nacija kako LJubco Georgievski e makedonec i so bugarsko drzavjanstvo toa e samo pasos a so glasanje vo bugarija moze da se pomogne za izvojuvanje pravata na nasite makedonci vo Pirinska Makedonija