|
|
|
|
|
|
Клинтон го стави судството на обвинителна клупа
„Пораката од САД е задоцнета, но е поважно што, сепак, стигна“, коментира д-р Гордан Калајџиев
Гордана Дувњак
Острите тонови содржани во пораката на државната секретарка на САД, Хилари Клинтон, до новиот шеф на македонската дипломатија, Никола Попоски, особено во делот на судството и владеењето на правото, како никого да не го изненадија. Првичните реакции се дека критиките доаѓа��т дури и задоцнето, иако не се заборавени.
Фактот дека врвот на американската администрација не можел да се воздржи дури ни при упатувањето обична честитка за именување на новиот министер за надворешни работи, доволно индикативно говори за тоа колкава е загриженоста на Вашингтон околу актуелните состојби во државата.
Првата дама на американската дипломатија прилично недипломатски и без ракавици во честитката зборува за „недостиг од транспарентност, селективно гонење и присила, проблематична употреба на притворот, како и недостиг од независни судски институции во Македонија“.
Но, она што паѓа в очи е јасното лоцирање на тоа кој, според САД, е главен виновник за политизацијата на судството и на притисоците врз третата власт.
„И ние сме загрижени дека судските процеси остануваат подложни на политизација и се соочуваат со притисоци од политичари и од Владата“, пишува Клинтон во писмото до Попоски. За разлика од последниот извештај на ЕУ за напредокот на Македонија, во кој фокусот беше ставен само на досегашниот министер за правда, Михајло Маневски, овде се оди многу пошироко. Заложбите за владеење на правото, како и барањето гаранции од Владата за ослободување на судството од притисоците на извршната власт, беа дел и од острите забелешки нотирани и во последниот извештај на Меѓународната кризна група.
„Не ме изненадуваат пораките од САД, туку отсуството на реакции во последниве две години, кога владеењето на правото и политизацијата во судството дојдоа на најниски гранки во поновата македонска историја“, потенцира професорот по кривично право, д-р Гордан Калајџиев.
Иако оваа реакција ја смета за задоцнета, сепак, вели дека никогаш не е доцна. „Сите што укажувавме на очигледните злоупотреби, почнавме да се чувствуваме параноично, бидејќи се' досега меѓународната заедница премолчуваше и од најразлични причини и' прогледуваше на власта низ прсти“, вели Калајџиев.
Мислењето на професорот се разликува од раширеното јавно мислење дека најголема вина за лошите состојби лежи во досегашниот министер Михајло Маневски.
„Морам да бидам искрен и да кажам дека Маневски исклучително добро соработуваше со експертите за реформи и го уважуваше нивното мислење. Не сакам да говорам за оној дел што се однесува на влијанието врз судството. Но, со голема сигурност тврдам дека бившиот министер не е генератор на проблемите во судството, туку извршител на туѓи наредби“, подвлекува Калајџиев и додава дека цели институции, како што се Судскиот совет, Совет на јавни обвинители, Антикорупциска се понижени, бидејќи се сведени на обични извршители на туѓи наредби.
Калајџиев не е сигурен дека ќе дојде до подобрување на состојбите во правосудството со смената на врвот во ресорот правда.
„Не сум оптимист, а досегашното искуство со политиките што ги спроведува ДУИ ми покажа дека мора да се биде многу скептичен кон нив, бидејќи тие се заинтересирани за спроведување на својата партиска агенда“, заклучува Калајџиев.
Претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски, вели дека не е изненаден од забелешките околу владеењето на правото и притворот, но тврди дека е затечен од критиките за политички мотивирани судски процеси.
„Не се согласувам со констатациите за влијанија врз судските пресуди, бидејќи тоа не е можно затоа што секоја одлука е подложна на преоцена од повисок суд и постои принцип на тристепеност“, ни изјави првиот човек на највисокиот суд во државата.
Според него, кога станува збор за селективност на правата, судовите тука не можат многу да влијаат, бидејќи зависат од Обвинителството и од МВР.
„Признавам дека секогаш може да се направи повеќе во делот на долготрајноста на судските постапки и за поголема ефикасност, но да се тврди дека има преголемо влијание во одлучувањето од политиката, мислам дека е претерано“, заклучува претседателот на Врховен суд. |
#
|
Статијата е прочитана 2826 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: jimmy1 |
Датум: 20.08.2011 05:14:15 |
|
Jovo nemoj da se pravdas, vlijanie ima od site strani a najpoveke od Grujo. Vie ne donesuvate realni sudski presudi tuku samo gi izvrsuvata naredbite na nasiot Causesku. Znaeme deka mora da se pravdas na nekoj nacin, zosto ke letnes od tuka. Site ste samo na vladata a ne sudii koi treba realno i slobodno da presuduvate. Ako nemate pritisok od Grujo Boskovski trebase da bide osloboden od pritvor (da se brani od sloboda) a i ke reagiravte za rusenjeto na Kosmos i za zatvoranjeto na Televizijata A-1. A-1 vie e zatvorivte po naredba na Grujo, zarem nie sme slepi i ne gledame sto pravi ovaa fasisticko teroristicka vlada so neistomislenicite. Nemate nikakva osnova za opravduvanje no i na vas ke vi dojde krajot, i na vas eden den ke vi se sudi od narodot. |
|
|
|
|
|
|
Од: zrak |
Датум: 20.08.2011 05:31:12 |
|
kucinata laajat karavano so korunpirani sudii si tera isto |
|
|
|
|
|
|
Од: Јадец |
Датум: 20.08.2011 06:09:01 |
|
Е црни Грујовисти, кога ви кажува човек не верувате, а што сакате да ви направат за да ви докажат дека ве следат во чекор, секој потез и секој прдеш...Толеранцијата не е и одобрување...на Запад ќе те пуштат да грешаваш и ќе чекаат да ги поправаш грешките, но кога ќе загчавиш до гуша неможе повеќе да те толерирарат- не е Македонија само од ДПМНЕ и од фамилијата на Грујо, Македонија е НАША од сите Македонци и други кои живеат во неа. Ви оставивме држава како солза чиста и како капка на дланка, а вие неа сте ја направиле како ПРАШАЛНИК! Ја бараме нашата татковина НАЗАД и тоа во состојба каква што беше порано! |
|
|
|
|
|
|
Од: Коста Стоименовски |
Датум: 20.08.2011 06:49:02 |
|
На основа на сопственото искуство со македонското „независно“ судство целосно се согласувам со оценките изнесени во писмото на Х. Клинтон иПроф. Калајџиев. Убеден сум д��ка судството во Македонија во последните пет години ги испишува најцрните страници во својата историја! Вистинска катастрофа! Подетално за состојбите во судството по завршувањето на мојата голгота со гавазите на политиката и на политичарите во судството! |
|
|
|
|
|
|
Од: kosta |
Датум: 20.08.2011 08:04:29 |
|
Eh Jovo, Jovo...........sigurno ne ke gi vidis vlijanijata vo Sudstvoto......oti ako gi vidis i tebe ke te snema.................. |
|
|
|
|
|
|
Од: Mark |
Датум: 20.08.2011 10:12:10 |
|
Prvo pozdrav do "Jadec", mnogu lucidno i ubavo napisano! A prof.Kalajdziev ne bi tebala da se cudi za dvegodisnata tolerancija od strana na zapadot, tie ednostavno cekaa da vidat dali Pinokio ke prestane DA LAZE! E Izgleda razbraa deka bajkata si ostanuva taa, pa naskoro ke gledame poinakvi filmovi, ubeden sum vo toa! |
|
|
|
|
|
|
Од: Kazi koj e naredbodavecot |
Датум: 20.08.2011 10:12:50 |
|
Kalajdjiev , soto ne kazes javnoi od kade idaat tie naredbi i koj e naredbodatelot koj vrsi pritisokv vrz sudstvoto. Pa toa go znaat i vrapcinata , a ti se plasis da go izgovoris negovoto ime( vsusnost se dvajca bratucedi) |
|
|
|
|
|
|
Од: USA |
Датум: 20.08.2011 13:59:45 |
|
PARADOKS. Neka se najde eden vo svetot i da ja objasni nadvoresnata politika na USA (Egipet, Libija, Sirija, Izrael, Iran, Severna Koreja pa i Makedonija). Se nema nikakva vizija nitu konstantna politika so konkretni resenija.
Za sekoj ministerski poteg vo MK se obvinuva Gruevski. Sto mislite, dali H. Clinton moze da mrdne bez Obama da odobri?? "Sredniot prst" ne e od Hillary tuku od OBAMA, koj ako ne ste znaele e G'S I TANGA so grcite vo USA. |
|
|
|
|
|
|
Од: kiki |
Датум: 20.08.2011 14:14:08 |
|
Dodeka otvoreno ne kritikuvaat Amerikancite ne e dobro.No koga ke prestanat vaka otvoreno da ne kritikuvaat,togas ke ke bide mnogu loso za site nas a toa ke bide mnogu brzo.Ne mi e jasno samo sto e nevistinito vo toa sto go istaknuva Klinton.Sekoja bukva e za zal vistinita |
|
|
|
|
|
|
Од: aleks |
Датум: 20.08.2011 19:46:24 |
|
taka e CIA ima tocni informacii nemoze samo da se gonat poranesni tranziciski kriminalci a ovie novite i toa kako prodolzuvaat po staro i se korumpirani do daska ako ne saka gruevski da zavrski kako branko nesposoben da rascisti so kriminalot ke zavrski kako nego zatoa sto SAD i EU imaat plan da go napravat balkanot mirno i pristojno mesto za ziveenje a takvi korumpirani politicari ne im trebaat. |
|
|
|
|
|
|
Од: toso |
Датум: 20.08.2011 20:25:05 |
|
Do Jadec:Ne daj boze nazad kakva sto bese...pomrdnise od mestoto...uste pak so BC na celo?TU,TU,TU. |
|
|
|
|
|
|
Од: До USA |
Датум: 20.08.2011 21:37:13 |
|
USA , веројатно имаш бајаги години, а не сфати основна работа:САД никому не ја објаснуваат својата политика,туку делуваат по неа.Кој нема да го сфати тоа, ќе помине како Садам, Милошевиќ, Мубарак, Гадафи!Но , има време ,ќе созрееш еден ден и ќе ги сфатиш работите! |
|
|
|
|
|
|
Од: do neinformiranite |
Датум: 20.08.2011 22:36:27 |
|
Kakovo sudstvo,kakvo pravo.Amerikancite bas gi zabole za toa.Tie dosega ne kritikuvaa,pa sega pocnale.Porano mislea deka Makedonija ke go smeni imeto,pa zatoa ne kritikuvaa.Koga sfatija deka nema da se menuva imeto e togas sudstvoto pod kritika.Na Amerikancite ne im e vazna slobodata na sudstvoto,toa im e samo izgovor.Niv gi boli sto Mkaedonija ne prifakja menuvanje na imeto.Da go smenese imeto,za Amerikancite sudstvoto kaj nas ke bese prekrasno. |
|
|
|
|
|
|
Од: gragjanin |
Датум: 21.08.2011 09:35:23 |
|
Ete do koe deredze dojde sudstvoto vo RM,od nadvor da ni ukazuvaat na nesto sto se gleda od avion.Bivsiot resoren minister skojdnevno ne " bombardirase " so .falbi deka sudstvoto uspesno e reformirano,deka nema veke nereseni sudski ptedmeti,deka se funkcionira perfektno.Dali navistina e taka prasajte gi gragjanite koi so godini ne mozat da dojdat do presuda i razresuvanje na sudskite predmeti.A da ne zboruvame za drugi poteski anomalii vo makedonskoto sudstvo. |
|
|
|
|
|
|
Од: Risto Andov, Skopje, Makedonija |
Датум: 21.08.2011 10:32:21 |
|
Почитувани, Американците се богати и моќни, па ете им се може да се наметнуваат, да ги караат неразумните, па и шлакацини да им удираат! На таквија каква што е нашава владеачка номенклатура, ете заслужува само шлаканоци, ама за жал страда народот! Еве за нашето две децениско вртење во круг и одење наназад, не ни се криви, Американците, германците и други, нити и Грците, туку глупоста и отсуството на мудрост кај оние што ги бираме за да го водат општеството и да управуваат со државата, но и глупоста на избирачкото тело кое гласа за копуци! Сите владеачки номенклатури досега придонесувале за подјадување на македонството и за оддалечување од европскиот свет. Ама момнетланата владеачка номемклатура, во секој поглед во негативна смисла, стана шамион! Еве најмногу е заинтересирана за својата задужбина наречена: Скпопје 2014. Додека барањето начин да се оствари развој и напредок сличен на оној во ЕУ и за надминување на грчкото, па и бугарското дивеење, не покажува ни упорност ни знаење!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: ivce |
Датум: 21.08.2011 11:34:15 |
|
jimmy1 neto ne ti stima se se raboti zakonski vo niedna drazava ne se tojerirat dolznici na drzavata koga mozes ti da plakjas danok i mnogu drugi i tie mozat Boskovski se zanimaval so kriminal i si odgoavara a pritvorot moizi da trae do godina. |
|
|
|
|
|
|
Од: bezanec |
Датум: 21.08.2011 12:00:43 |
|
Јово ти таа диплома а најповеќе положбата не ја заслужуваш,оди паси овци. Да си го понижам оноа за што сум учел и остварен сон да бидам правник,на основа на големите неправди што му се нанесуваат на обичниот граѓанин а сега поголем тиранин од оние што ти дале основ да одиш правник,не ти останува ништо туку да отидеш да се одавиш во сувата река.Затоа од
такви како тебе Македонија заглиби во жив песок,на создадена држава на чело со ВМРО-ДПМНЕ и груевски ја растурате Македонија. Страдате од опсесијата како може,како што ги нарекувате комуњарите да создадат држава? одговорот е едноставен; попаметни и не ги слушаа болгарите. |
|
|
|
|
|
|
|
|