Според Иванов, кавгата меѓу Македонија и Грција како спорот меѓу Лилипутанците од „Гуливеровите патувања“
Од нашиот дописник Тони Гламчевски
Стразбур - Посетата на претседателот Ѓорге Иванов на Советот на Европа повторно се најде под призмата на проблемот со името и за малку ��е ја засенеше главната порака што сакаше да ја испрати од Стразбур - Македонија со интеграцијата без асимилација како модел на идна Европа. „Она што денес е Македонија, утре ќе биде Европа“, нагласи Иванов одговарајќи на пратеничко прашање.
Но, во Европа, во која владеат принципи и норми, сепак, има причини за незадоволство, барем за нас, Македонците. Шпекулациите дека генералниот секретар на СЕ, Торбјорн Јагланд, со писмо наредил да не се користи терминот македонски во паневропската организација, кои беа објавени во грчките медиуми и преземени во нашите, предизвикаа големо вознемирување во Стразбур. Прашан околу тоа писмо, претседателот на ПС, Мевлут Чавошоглу, беше категоричен и јасен: „Ја почитувам одлуката за македонско претседателство. Оваа одлука треба да Bildunterschrift: се почитува. Проблемот со името е реална пречка на патот кој води кон евроатлантската интеграција на земјата“.
По средбата со Иванов, Јагланд нагласи дека тој се придржува кон политиката на организацијата дека спорот за името не се решава во СЕ, туку дека за тоа постои процес во ОН. „Ова претседателство има многу комплексна агенда, а прашањето за името не е на агендата“, рече Јагланд.
Јагланд испрати индиректна критика на сметка на медиумите, појаснувајќи дека нивната улога „е да ги прикажуваат фактите, а не да ги искривуваат, а во овој случај се работи за искривување на фактите заради политички цели“. Забелешката ја упати на грчките медиуми за пишувањата за наводен документ од Секретаријатот со кој се бара да не се применува терминот „македонско претседателство“.
Сепак, на некој начин, Јагланд призна дека постои документ околу именувањето на земјата и претседателството. „Требаше да го информираме Секретаријатот за формалностите во однос на ова за луѓето вработени во Секретаријатот да се придржуваат до формалната политика на СЕ. Но, она што го видов во медиумите не се однесува на содржината на тој документ, кој е употребен за политички цели“, изјави Јагланд по средбата со Иванов. Тој додаде дека за време на посетата на Скопје му пренел на државниот врв дека е запознат со намерата да го користат тоа име за време на претседавањето со СЕ, но дека Советот на Европа ќе го користи името под кое земјата е признаена во ОН.
Претседателот Иванов, од своја страна, рече дека се создава конфузија во однос на примената на референцата под која сме примени во СЕ и именувањето на претседателството со придавката македонско, која, како што вели, не е спорна ниту во ОН ниту во СЕ.
Претходно, Иванов беше уште појасен, оценувајќи дека Македонија троши многу време и енергија во објаснување на дводеценискиот спор за името наместо на перспективите и евроинтеграциите, иако за младите ова прашање личи на приказната за бесмислениот конфликт меѓу Лилипутанците од романот „Гуливеровите патувања“, бидејќи поминаа многу генерации млади кои заборавија дека постои Резолуција на ОН со која исклучиво разликата за името е предмет на овие разговори. Според него, сега спорот влезе во една забранета сфера, односно сферата на самоопределување, па ја предупреди меѓународната заедница дека и да се дојде до решение, прашање е како тоа ќе биде имплементирано, бидејќи Стразбур ќе биде затрупан со индивидуални апликации на граѓаните кои ќе се жалат на оспорување на правото на самоидентификација.
Во обраќањето пред парламентарците, македонскиот претседател предупреди на обидите за запирање на процесот на европското обединување поради актуелната криза, мислејќи притоа на процесот на проширувањето на Европската унија, што го оцени како „единствената одржлива алтернатива за регионот и за Македонија“.
„Нема поголема движечка сила за нашите општества од интегративниот процес. Способноста на Европа да влијае врз своето соседство, без притисок, без сила, да ги привлекува соседните држави во своето соѕвездие на демократски и просперитетни држави, е една од најголемите сили на Европа“, рече тој. Индиректно Иванов испрати порака и за лидерството што го бара толку меѓународната заедница од него и од премиерот, нарекувајќи го „стар стереотип тоа дека лидерот мора да биде тој што ќе пресече, што ќе се справи со проблемите на недемократски начин“. Напротив, порача Иванов, лидер може да се биде и во принципиелна борба за идеалите на Европа, за слободата и за човековите права, на кои денес навистина им е потребен херој и застапник.
Иванов и Груевски прочитаа ист говор
Претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски с��ануваа политички близнаци или, пак, се цитираат меѓусебно, читајќи на разни дестинации говор, кој личи како напишан на исто место.
„Повеќе од кога било е потребна Европа како отворен простор во кој има слобода на движење на луѓе, на идеи, капитал и на производи. Отворен простор каде што има толеранција и славење на различностите. Каде секој со себе ќе ги носи своите права и својот идентитет. Отворен простор во кој секој ќе биде почитуван за тоа што е, без оглед каде живее и каде работи. Отворен простор што претставува плодна почва за градење внатрешна доверба и доверба меѓу државите“, порача вчера Иванов во Стразбур. Еден ден претходно истото тоа го кажа Груевски во Истанбул:
„Денес, повеќе од кога било, на нашиот регион му е потребно да биде дел од отворениот простор во кој има слобода на движење на луѓе, идеи, капитал и производи, отворен простор во кој секој во себе ќе ги носи своите права и својот идентитет и каде што сите ќе бидат почитувани за тоа што се, без оглед каде живеат и каде работат“. (Н.Р.)
ona sto bila maked denes utre ce bidela evropa?razbudi se makedonija vmro zivee vo oblaci.
Од: goran
Датум: 25.06.2010 00:59:55
А што Ви пречи Вам преседателот и премиерот да имаат исто размислување и иста политика ?
Од: Afion
Датум: 25.06.2010 01:21:47
T.G." no vo Evropa kade vladeat principi i odgovornost..." Vo Evropa i vo drzavite od "zapaden" tip vladeat principi i odgovornosti podobri od nasite samo vo ekonomijata. Pri ova ne sakam da ja potcenuvam Makedonija. Nie sme na pat da bideme kako niv. neli pominavme i bencmakovi... E a za se drugo tie ne se podobri od nas!. Zarem od sporot so imeto mozete da izvlecete zaklucok deka se principielni i odgovorni?
Од: pameten
Датум: 25.06.2010 04:38:29
Sporot e za imeto na drzhavata. Za identitet ne mozhe da se spori. Chovekovo pravo na sekoj e da se samoopredeluva kako shto saka. Makedonec vo Grcija i Bugarija, Bugarin vo Makedonija, Kurd vo Turcija... Ako nekoj gi krshi chovekovite prava, ovo nema vrska so sporot za immeto. Mora da e jasno deka nema odluka, koja shto kje gi sopre sporovite za istorijata, etnogenezata i t.n. Ovo shto site drzhavi mora da se dogovorat e kako da go garantirat e pravoto sekoj da si gi brani javno svoite stavovi, bez oceni i navreduvanja.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 25.06.2010 06:33:19
И овие нашиве баш претеруваат,им биле пишувани говорите од исто место.Треба во однина еден говор од тука пишуван друг од Атина а трет резервен од Брисел.Инаку колку вредат принципите и нормите во ЕУ најповеќе говори фактот за криење на логото,,македонско преседателство,,кое како такво ни го доделија токму сокривачите.Вероватно многу им се бендисува ваквото однесување па виножитните коментатори молчат.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 25.06.2010 08:43:57
Во ред е кога граѓаните живеат во заблуда!Нивниот превез врз очите зависи од желбата тој Гордо да се носи!Проблем е кога неговите „пастири“постојано го носат,како во некоја хит серија,или некој моден додаток без кој не се може!Последиците се видливи-Живот во Виртуелно минато,назначено како Невиден Прогрес!Токму така!За некого и Движењето Наназад е прогрес!Оттаму потекнува и Остварувањето на напредокот,однапред,уште пред да се помисли на него!Реформите се стокмени и државата се движи напред,како во Оптичка Илузија!Останува последната „несовладива“препрека-Името!На светов му Недостасува единствено именувањето на неговата Најнапредна држава од која настанале сите останати!А и што да очекуваме од свет кој не сака да признае дека ние сме колевка на цивилизацијата од која потекнува дури и зборот Демократија,од старомакедонски Му јазик-Deе... mokra ti ja(s),што јасно говори за Унередувањето,предизвикано од народниот Изблик на Радост,во моментот кога го здогледува неговиот господар!
Од: Aaron
Датум: 25.06.2010 08:43:58
Ne e li poarno da se reche: Ona sto e denes Evropa, utre ke bide Makedonija? I ne samo da se zboruva po taa tema!
Од: Erudita
Датум: 25.06.2010 08:46:13
Vidi majkata! Ivanov gi imal procitano ' Guliverovite patuvanja". Pa toj bil nacitan covek. ne slucajno go izbravme za pretsedatel. Abe nie sme nacija so inetgritet ,znaeme nie sto izbirame
Од: nisto novo
Датум: 25.06.2010 08:59:31
Pocituvani, pa uste li se nadevate deka IVANOV smee da kaze nesto razlicno od NIKOLA. Ama ova e kapak i govorite da im bidat isti SRAMOTA SRAMOTA.
Од: До Борче
Датум: 25.06.2010 09:11:42
Ова другарче Борче вчера за Ираклис и состојбите во Грција изнесе невистини и непознавање. Се знае деке 800.000 луге има во егејска со македонско потекло. А зошто и Бугарија не признава кога сам велиш таму се преселени. Да во Бугарија има три милиони луге со македонско потекло. Асимилирани и во Грција и Бугарија ама потеклото им е македонско и времето ке даде резултати јас сум оптимист. Пак тресевте од ракав вие како Борче сте неписмени и незнаете за Македонија.
Од: Od Nasto Palioski -Jablanicanecot vija München Germanija
Датум: 25.06.2010 09:31:10
ima nekoj mali ispusti,ama ako go rekol vistinski ova sto go pisuvate, togas svaka mu cast, BRAVO.
Од: Јован АН
Датум: 25.06.2010 09:32:46
Нормално е во секоја држава за виталните прашања да се има исто мислење и стратегија.Да ли,на пример,во Грција имаат различни мислења околу прашањето за нашето име?
Од: do goran
Датум: 25.06.2010 09:41:50
Ми пречи тоа што тие исти размислувања и тебе и мене не водат во безизлез, а Македонија во бездна.
Од: Olivera
Датум: 25.06.2010 09:53:23
Конечно и македонските политичари да се свестат и да имаат ист став по однос на важните прашања од надворешната политика, како што е тоа случај со сите нормални држави во светот (впроцем, по однос на прашањето со името, и Грција - сите нејзини политичари, имаат тотално идентични ставови), па зошто не би имале и нашите. Тоа е толку нормално, а не секој да свири во своја шупелка, како што беше пред четири-пет години, од осамостојувањето па се до некаде 2006, кога конечно дојде новата генерација млади политичари, свесни за својата одговорност и припадност кон сопствената нација.
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.tel.20 41 586
Датум: 25.06.2010 10:17:25
Gledam statijata e potpisana od g-not Toni Glamcevski. Sekoja cest za negovata principielnost i objektivnost !! Eden od retkite novinari koj si ja ceni i pocituva profesijata i ne podlegnuva pod pritisocite na gazdite na meduimite! A za Pretsedatelot ,konecno dobivme covek so stas i glas! Ke treba malku vreme da se dobrusi ama fala mu na boga sto ni go prati. Mozat na nego da laat kolku sakaat,ama denot po utroto se poznava!
Од: До До Борче
Датум: 25.06.2010 10:26:58
Мила Македонијо,со 800.000 Егејци во Грција можете да добиете автономија!.Што чекате,излезете и направете го тоа!Со три милиони во Бугарија можете да направите влада , заедно со Турците!Ај одете таму и оставете не нас Вардарците да си ги гледаме маките.
Од: Itar Pejo
Датум: 25.06.2010 10:44:36
Eve kako nasata vlast se bori za imeto: http://www.coe.int/t/dc/files/pa_session/june_2010/20100624_disc_ivanov_en.asp
Srdecen pozdrav do site clenovi, simpatizeeri i glasaci na DPMNE
Од: Dijaspora
Датум: 25.06.2010 13:24:21
Na Berlinskiot Kongres 1878 ja vratija Makedonija vo krvosanite race na sultanot, namesto da üproglasat edna Svajcarija na Balkanot, neutralna.
Potoa generaciite na Goce Delcev krvavea so desetletija se do 1950 godina,"Gragjanska" vojna
vo Grcija. Togas ne ni dadoa drzava i seka pog
skriena imperijaliosticka maska, kako togas, sakat da ne' izbrisat.Ako pecati, blagodaram na Utrinski.
Од: Peyo Glupaviot
Датум: 25.06.2010 13:43:11
Bi zamolil nekoj od patriotite da ni objasni sto znaci ovaa recenica od govorot na Predsedatelot "dignity of all peoples in Europe, including mine, the Mac people." Dali e mozda toa novoto ime, rezultat na razumen kompromis.
Од: Од Мене до Вас
Датум: 25.06.2010 14:10:51
Едвај чекате текст за да пљукнете. по се Македонско. И без вас пљукачите Македонија ќе си го зачува достоинството и името. Вие пљукачите ни пшомагате да истраеме и да опстоиме. Ви благодариме. Па не може Иванов да зборува едно а Груевски друго во одбрана на нашиот идентитет. Зборуваат ист јазик и имаат исто мислење дека Македонското име мора да се брани а и Македоинците во Бугарија и Грција требаат помош и поддршка во отпорот против Европските тирани.