Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
На прво место

Во Стразбур зборуваат за „техничка грешка“

Каде исчезна „македонско претседателство“

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Стразбур - Од понеделник сигурно дека ќе биде појасно што се случи со повлекувањето на логото „македонско претседателство 2010“ во Советот на Европа, бидејќи неработните денови во Франција не дозволија да се открие мистеријата околу ова прашање.

Логото „македонско претседателство“ на СЕ прво се појави на веб-страницата на СЕ, само со стилизираното знаме со симболот на СЕ, но без текстот, за потоа да исчезне и тоа. Новиот претседавач со Комитетот на министри на Советот на Европа, на Интернет-страниците на СЕ, секаде се спомнува само како „поранешна југословенска Република Македонија“, освен во цитатите на изјавите на претседавачот, министерот Антонио Милошоски. Плакатата со логото „македонско претседателство“ се наоѓа истакната во фоајето на Комитетот на министрите во Палатата на Европа, но во средата вечер се' уште не беше истакната на влезот од Палатата на Европа. На нашите барања да добиеме одговор кој ја донел одлуката да се објави само делумно логото „македонско претседателство“, што потоа целосно беше повлечено, по интервенцијата на македонската постојана мисија во Стразбур, наидовме на молчење.

Во Советот на Европа никој не сака отворено и јавно да комуницира околу ова незгодно прашање. По долго инсистирање, од еден многу висок функционер на Советот на Европа добивме објаснување дека тоа се случило поради „техничка грешка“, односно поради неподготвеноста на веб-страницата на македонското претседателство и дека „не е интересно да се пишува за техничка грешки“. Кога го замоливме тоа да го коментира јавно, одговорот беше дека нема што да се каже повеќе од она што го кажале генералниот секретар Јагланд и претседавачот на Комитетот на министрите Милошоски!?

Во средата, колку што можевме да дознаеме, се одвиваа интензивни разговори меѓу македонската дипломатија и Секретаријатот на Комитетот на министрите околу „техничката грешка“. Оваа „техничка грешка“ сигурно не е направена случајно или по грешка на некој мал функционер на Советот на Европа, бидејќи поради оваа грешка на веб-страниците на СЕ, македонското претседателство може да се најде само под референцата. Исто така, поради истата „грешка“ не може да се најде документот на кој се наоѓаа приоритетите на „македонско претседателство 2010“, кои беа разгледани и дистрибуирани до останатите 46 земји-членки на СЕ на 5 мај од страна на делегатите на Комитетот на министрите на СЕ. На овој состанок, ниту една земја ниту, пак, од Секретаријатот не упати забелешки на логото и на искористената придавка. Забелешката беше направена на 11 мај само од заменик-шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас.

Овде се отвораат многу прашања на кои ќе треба да се даде одговор, како од Стразбур, така и од Скопје. Ако користењето на придавката „македонско“ беше толку опасна за Советот на Европа, со што ќе се нарушеше неговата неутралност во мешањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција, Секретаријатот требаше да го каже тоа многу порано и појасно отколку изјавите во завиткана форма на генералниот секретар. Тогаш сигурно од македонската Влада немаше да се инсистира на придавката „македонско претседателство“ и македонскиот шеф на дипломатијата немаше да прифати да седи зад таблата „поранешна југословенска Република Македонија“ (зад која седеа сите претходни македонски министри и нивни претставници во Стразбур, без разлика на партиската припадност), за која, како што дознаваме, било договорено да биде заменета само со името на министерот и таблата „претседавач“.

Овој договор го почитуваше само сервисот за печат на конференцијата за печатот. Одделот за односи со јавноста на СЕ е свесен за проблематиката за името, бидејќи при посетата на поранешниот грчки премиер Константин Караманлис во Стразбур во 2007 година, по барање на грчката дипломатија, од бироата на македонските новинари (меѓу кои и вашиот дописник) беше извадено уставното име на земјата и заменето само со референцата. По острата реакција на тројцата македонски новинари беа отстранети имињата на земјите од кои доаѓаат новинарите и сега се практикува на бироата да се става само името на новинарот.

„Техничката грешка“ личи многу на драмата од времето на генералниот секретар на СЕ, Валтер Швимер, во 2004 година, кога неговиот шеф на кабинетот на сите вработени во СЕ им испрати совет за користењето на придавката „македонски“ кога стануваше збор за македонскиот јазик, култура, население, традиции итн. Тогаш, во документот што потоа беше избришан од сите компјутери на СЕ, на Секретаријатот на оваа паневропска организација му се советуваше како да се однесува кога станува збор за државјаните на Република Македонија и за употребата на придавката „македонски“. Така, за државјанството место „македонско“ беше советувано да се употребува „државјанин на поранешна југословенска Република Македонија“. Потоа следуваа советите за јазикот, културата, традицијата итн. на кои, според интерниот документ, требаше да им се додаде придавката „славомакедонски“, додека за „македонско малцинство“ во соседните земји да се додава терминологијата „како што самите тие се определуваат“.

По откривањето на документот и силната мобилизација на јавното мислење во Македонија, во Стразбур се негираше неговото постоење, а Швимер, чиј директор на кабинет го потпиша документот, ги нарече овие настани „бура во чаша вода“.

Македонскиот шеф на дипломатија Антонио Милошоски пред преземањето на претседателството во интервјуто и во официјалните дописи, испратени до организацијата и до министрите од земјите-членки, истакна дека има намера да претседава под „македонско претседателство“ и оти не се откажува од преговорите што се водат околу проблемот со името во ОН. Иако сите посакуваа овој проблем со името да не го засени претседавањето, за жал, уште на самиот почеток тоа не само што го засени, туку и го загрози. (Т.Гл.)


#
Статијата е прочитана 3497 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 15.05.2010 00:08:42
"Makedonsko predsedatelstvo" bese samo za vnatresna upotreba, da se bodrat lokalpatriotite. A sekoj znae deka domasniot esap na pazar ne izleguva. Vo sekoj slucaj i vasata slika pokazuva deka FYROM ne mu go rasipuva raspolozenieto na ministerot.
Од: Makedonec vo SAD
Датум: 15.05.2010 00:35:02
Licemerjeto prodolzhuva. Samo napred gospoda evropjani. Na "odlichen" pat ste trgnale....
Од: italia
Датум: 15.05.2010 01:02:30
po se izgleda milososki ima lobirano da ne postoi pridavkata" makedonsko"zatoa sto toj e ucenik na ljubco a naredboizvrsitel na grujo e bogami dobro si ja vrsi rabotata"ostvaruvame nadopolneto"sramota.a zamislete jas gi glasav.me izlazaa no toa bese posleden pat.
Од: debrestanec
Датум: 15.05.2010 01:22:32
Zabata go videla konjot deka se podkoval , pa i taa ja krenala nogata.
Од: Bitolcanec
Датум: 15.05.2010 03:47:24
Makedonija treba pod hitno da go prekini pretsedavaneto pod imeto FYROM!Ako Milosevski prodolzi da zasedava pod koe bilo drugo ime nego Makedonsko pretsedatelstvo togas neka si daj ostavka uste pod hitno!
Од: Marija Vodenska
Датум: 15.05.2010 05:00:00
Pregovorite ke prodolzat se dodeka ne dobieme oficijalna pokana od istite "evropeci" za clenstvo vo EU pod ustavnoto, nashe vekovno ime- MAKEDONIJA. Se razbira deka TAA oficijalna pokana ke ja dobieme. Vremeto e na nasha strana. Bog reshil da gi ispravi site "tehnichki greshki" i Makedonijada da zastane dostoinstveno megju narodite koi cekorat kon idninata.
Од: Petar Pan
Датум: 15.05.2010 08:00:25
Ete koe ime go brani Makedonija, ete ja tablata kao ne oslovuvaat nadvor od Makedonija.Ne go davame ova ime uaaaaaa!!!ne go davame FIROM nema sto da se diskutira nesmeeme da go dademe BJRM napred uaaaa!!!!da se prekinat pregovorite pod hitno ne ni treba NATO i EU, tie ke se raspadnat uaaaaa!!!!!..........?
Од: fakelaki
Датум: 15.05.2010 09:27:51
Sve stoe brisel strasburg eu grciA e fakelaki (korupcia) na koi im se brojat denovite kako sto rece Merkel...
Од: ramadan.
Датум: 15.05.2010 10:10:03
E sega bi sakal da im go vidam obrazot na site "patrioti" koi ne ubeduvaa deka Makedonija moze da pretsedava so SO samo pod imeto makedonsko pretsedatelstvo.Ako nekomu ne mu e jasno neka malku razmisli koj na Milososki mu bese sef.Bugarinot,poranesen Pretsedatel na VMRO-DPMNE ( imeto ne sakam da mu go spomenam). Bese,ostana i ce ostane Sef na Milososki.Se prasuvam sto uste argumenti mu trebaat na g.g Gruevski za da go trgne ovoj Bugarski element.Kolku li samo kako nego ima vo Taa nivna partija.Arno ,taka i ni treba.Zenite edno vreme kosite gi kubea po BUGARINOT,od radost kon "vojvodata".
Од: gv
Датум: 15.05.2010 10:39:30
Sto mislese AM deka se navogja na zena park koga strajkuvase protiv visokoto obrazovanje za albancite so paroli.Tesko na RM so vakvi diplomati.
Од: "Bura vo casa voda"
Датум: 15.05.2010 10:49:00
Posle onaa golema i nekriticka euforija, na " patriotive" kako sme izvojuvale golema poveda so presedatelstvuvanjeto so SE , koga balonot puuuf !!!Ne istusiraa so ladna voda da se osvestime. Ova e samo iznenaduvanje za neiformiranite i izmanipuliranite, dodeka Milososki i site vo diplomatijata toa go znaea, samo onaka za podiganje na patriotizmot se sirea lazni informacii.Starite rekle: Prvo meri, posle seci , ili prvo ripni posle vikaj opaaa ! E sega ce sme se bunele, a evropjanite ponovo toa nase bunenje ironicnoi ce go narecat " bura vo casa voda".Sega sto ponatamu? Ce si presedatelstvuvame pod imeto FYROM , a i tolku si se naviknavne na toa BJRM da za ziva glava ne go davame. Samo mie e zal za onie portokalovi. kako bea zaneseni i vo kakva radost, a ne gledaat od nosot podaleku. So sto gi opivaat vo nivnite stabovi sto se onaka narkotizirani?
Од: spase
Датум: 15.05.2010 11:06:02
abe dosta bese daj krenetesigi gakite i begajte smo so lagi ne se zivej za 500 ambasadori i pratenici so gi jadat ovie pari za da se smejat i na bivsa jug repu mak plakati 2.000000 narod strada samo za vas i uste vo borc gi klavate
Од: Atanasija
Датум: 15.05.2010 11:25:54
Jas mislam,dali pak samo jas,deka makedonskite politicari nadvor od svojata drzava se odnesuvaat kako deca na svadba:odvaj cekaat nekoj da gi fati za raka i da gi vnese vo oroto Toa vo makedonija ,so nasmevka,go kazuvase i Pretsedatelot nadrzavata,.Ivanov,i premierot Gruevski,a eve go nasmean,zad zemjata koja ja pretstavuva,i vo kioja se kolne,pa duri ima i modrinki na gradite,ministerot za nadvoresni raboti.Dali,mozebi,od ponesenost deka vo makedonija ke go gledaat kako pretsedava so SE ne videl kogo pretstavuva!?Mozebi:na decata im e vazno nekoj da gi vnese v o oroto-a dali ke go vlece i ke go podgazuva-pa toa koj gleda.Gorcina do gorcina.
Од: тим
Датум: 15.05.2010 13:18:04
Македонци, научете кирилица.
Од: mene-63
Датум: 15.05.2010 14:26:36
Ke ve molam nemojte vinovnicite za vakviot skandal da gi barate vo lugeto sto rabotaat vo sovetot na Evropa. GlVNIOT VINOVNIK ZA SE E NASIOT MINISTER ANTONIO , NA KOJ NE SAMO STO MU SMETA IMETO MAKEDINIJA, TUKU MU SMETA I NASATA DRZAVA Se razbira seto podpompgnato i ovlasteno od t.n. premier GUJO Neka stoese napred imeto BLGARIJA togas naseto ministerce ke bese prezadovolno. AJ NZDRAVIE NEKA VIE ( NIE ).......
Од: kole
Датум: 15.05.2010 14:40:31
Makedonskoto Pretsedatelstvo iscezna kaj belite Bumbari na Tanja Bumbarkata...... se utepaa VMRO-vcinjata od delenje beli Bumbari.... kako Mitre od Bituse, Aleksandar od Triangla, Makedonka od Veles, cicko Jugo, cicko Ilija od Lakocerej.......
Од: Мила Македонијо
Датум: 15.05.2010 16:13:34
Едноставно не и верувам на Европа. Таа е неправедна кон Македонија. Нема демократија. Ме нервираат наши евровљубеници без и малку критики кон вакви неправди. И за ова ли ке не убедуваат овие евробирократи.
Од: SMK
Датум: 15.05.2010 21:05:34
Sekoja Strategija za Imeto koja ne vklucuva sudska razvrska pred Megunarodniot sud vo Hag e krajno amaterska, neozbilna i utopisticka! Treba da primenime srpskoto scenario: 1. akcija vo Generalnoto sobranie na OON za Sovetodavnoto mislenje od Megunarodniot sud za pravda; 2. pravno deluvanje vo Megunarodniot sud za pravda za dobivanje Sovetodavnoto mislenje. Preispituvanje, pravno, treba da sodrzi prashanje za legalitet na specificni dopolnitelni uslovi za RM pri priemot vo OON: 1. Referncata (BJRM); 2. pregovorite za sopstvenoto ustavno ime. Po dbivanje mislenje od sudot, Generalnoto sobranie na OON ke vospostavi RM vo svojata rabota i vo rabotata na drugite tela i organi vo OON.
Од: od Francija
Датум: 16.05.2010 10:28:04
"makedonskoto pretsedatelstvo"ne bese samo za vnatreshna upotrebe.Dobro znaeme deka site onie "evropejci" sto pominaa niz Mk. ne ubeduvaa i ni vetuvaa deka spored site pravila na ostanatte pretsedatelstva, naseto ke se vika "makedonsko". Dali imam simpatii ili ne za ovaa Vlada,nema da si dozvolam pogresno da go cenime trudot na nasiot mlad minister Miloshoski koj OSAMEN se borese vo Strazburg da se socuva zborot "makedonsko.." , osamen bez pomok od slabata mak. delegacija vo Str.( so isklucok na Zernvski)koja ne pokazuva nekoja pojaka aktivnost. Vprocem, neka Mloshoski prtsedava so( gorka) nasmevka, namesto da place, oti odlukata za imenuvanje na pretedaelstvoto,ne e sé uste definitivna i se nadevam deka upornosta na mladiot ministero,ke pobedi.A pznato e i deka uste od Berlinskiot kongres,preku 1912, Versaj i "smtta " na SFRJ, naseta zemja i narod, vo klucni momenti bese narecena" i OSTANATITE "namesto Mak.. Spored toa, Milososki samo gi trpi pogresno udarite na"tehnickata greska

Најди! во Утрински
На прво место
Квотите за малцинствата се враќаат во игра
Магла за Филип Гордон
Инвестициите бегаат од Македонија