Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
На прво место

Квотите за малцинствата се враќаат во игра

СДСМ ќе предложи 10 места во парламентот за малцинствата

Оливера Војновска

Идејата за гарантирани пратенички мандати за претставниците на помалите етнички заедници повторно се реактуелизира, овој пат од опозицијата. СДСМ најави дека ќе поднесе измени на Изборниот законик, со кои на Турците, Србите, Ромите, Бошњаците и Власите ќе им се гарантираат вкупно 10 пратенички места во Собранието. Тие ќе се избираат според пропорционалниот модел, а Македонија ќе биде една изборна единица. Притоа 120 пратеници ќе се избираат како и досега, според пропорционалниот модел, во шест изборни единици.

Вакво идентично решение пред три години предложи ВМРО-ДПМНЕ, но тогаш социјалдемократите беа против. Во СДСМ тврдеа дека „дополнителниот начин на избор на два, три или повеќе списоци може уште повеќе да ја подели Македонија“. Споменатото решение беше неприфатливо и за ДУИ, која тогаш во него препозна „тенденција на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ да го девалвира Бадентеровото мнозинство“. За да го минира донесувањето на овој закон, ДУИ во 2007 година поднесе 4.000 амандмани. Овој закон остана запаметен и по тоа што во финишот на општата расправа се случи и скандалозната тепачка меѓу пратениците од албанскиот политички блок. Седницата беше прекината и точката никогаш повеќе не дојде на дневен ред, а Владата предложи нов закон со кој се воведе гласањето на дијаспората.

Пратеникот од ДПТ, Ќенан Хасипи, вчера кусо коментираше дека му е драго што СДСМ еволуирале во ставовите за ова прашање.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, вчера ги потсети социјалдемократите дека тоа е нивна иницијатива, која СДСМ ја одби пред три години.

„Тоа е добра идеја затоа што на помалите етнички заедници им овозможува поголема и посилна застапеност во институциите на системот, а со тоа и значително поголемо политичко влијание. За носење на еден ваков закон, потребен е консензус од сите релевантни политички партии. Кога тој ќе биде обезбеден, ние веднаш ќе донесеме ваков закон“, изјави Димовски.

Мотивите за ваквиот предлог СДСМ сега ги гледа во пореалното отсликување на мултиетничкиот карактер на државата.

„Како единствен можен правичен критериум за распределба на мандатите на малите етнички заедници го сметаме резултатот од последниот попис на населението. Според резултатите од тој попис, Турците би имале четири загарантирани пратенички места, Србите и Ромите по две и Бошњаците и Власите по еден пратеник. Со тоа, во иднина, Собранието би го сочинувале вкупно 133 пратеници. Постојните 120, новите 10 претставници на малите етнички заедници и уште тројца пратеници од дијаспората“, соопшти потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, на вчерашната прес-конференција. Притоа, тој нагласи дека измените се во функција на поголема демократизација на општеството и поголема репрезентативност на сите етнички заедници.

„Со ова решение се намалуваат евентуалните тенденции Македонија да се претставува како бинационална држава, а се зајакнува нејзиниот мултиетнички карактер. Со усвојувањето на ваквиот предлог, СДСМ ќе изгуби дел од своето гласачко тело, но цениме дека потребата за поголема демократизација на македонскиот политички простор е поважна од теснопартиските интереси, па макар биле тоа и интересите на најголемите партии“, додаде Георгиев.

За тоа зошто сега излегуваат со предлог за кој своевремено беа против, Георгиев вели: „СДСМ смета дека во овој специфичен момент во кој се наоѓа Македонија има голема потреба од гарантирани пратенички места заради унапредување на правата на малите етнички заедници“.


#
Статијата е прочитана 1098 пати.

Испрати коментар

Од: m&m
Датум: 15.05.2010 01:26:32
po itno(poradi nemanjeto covecki kapacitet) treba da se namali brojot na pratenici na ne poveke od 60. Se drugo e glupost........ istoto se odnesuva i na brojot na sovetnici po opstinite . Site pogorenavedeni i taka glasaat po diktast n aprtiite taka da ne ja gledam poentata od tolkav broj na "narodni pretstavnici" koi mislat isto
Од: stavre od gevgelija
Датум: 15.05.2010 07:36:57
Ova ti bil specificen moment! A be ajde gonite se!
Од: Stojan
Датум: 15.05.2010 08:21:06
Gluposti,duri 133 pratenici.Ako se predlaga dopolnitelno neka se skrati na postojanite i pa vo Sobranieto da ostanat 120 pratenika.Do koga ovoj beden narod će odvojuva od svoja usta pari samo za državni službenici i parlamentarci.Hrvatska so 4,5 miliono žiteli ima 140 pratenika a nie so 2 mil.133?Čuknete toa glavite g-da pratenici što predlagate.
Од: Nikola-Vlav od Germanija
Датум: 15.05.2010 08:41:36
Edino argumentot deka so garantiranite pratenicki mesta za malcinstvata -vo koi ne gi vbrojam nas Vlasite,zosto nie ne se samo po Drzavjanstvo,tuku kako latinizirani naslednici na Trakite i po rod sme Makedonci-ke se odbegnuva formalnata opasnost MK da se definira "binacionalno".Inace,od financiski aspekt ne gledam logika na pokacuvanje pratenicki mesta (="Lapaci");dovolno bi bilo od postoeckite 120te mesta da im se otstapat na malcinstvata i pri badinterovoto glasanje da se pazi na toa,sto Albancite kako eden Blok i ostanatite etnikumi vo zaednicki blok KONSENZUALNO(!) da se soglasat za zakoni koi gi zasegnuvat zaednicite.Pa na toj nacin bi se sproveduval i konsenzualnata demokratija kako sto neli posakuvaat Albancite vo Makedonija:-)).Za Dijasporata nema potreba od pratenici-taa prvo da se preseli vo Makedonija,pa posle da soli "nacionalromanticki" pamet!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 15.05.2010 09:11:46
Добро е што некој се освестува и после три години,страшно е ако никогаш него стори тоа.Доста се комични образложенијата,тогаш не бил соодветен терминот а сега ептен созреано да се прифати она што политичкиот противник го беше предложил.Сепак ваквото ,,удварање,, на виножитните кон етничките заедници е ептен прозирно а и плус стануваат досадни со играње на картата викана амнезија.
Од: torbes
Датум: 15.05.2010 10:27:05
znaci ona sto stalno go tvrdam e i ostana taka deka vo Makedonija voljata na narodot ne se pocituva . eve poftorno covekovite prava se gazat so noze .najgolemoto i treto po broj malcinstvo i voopsto nese spomnuva,, TORBESITE,, koj vo makedonija brojat nekade od 150 000 do 200 000 , samo nie greskata ja gledame kaj biznismenot Fijat koj mnogu ja otvorase ustata i gi prelaza Torbesite na koj im vetuvase i vlez vo ustavot kako ,,Posebna etnicka zaednica,, a od toa ni traga ne ostana , znaci toj si gi ostvari negovite planovi i gi zacvrsti biznisite i gi legalizira site sivi raboti poveke nego interesira sega Torbesite nese nikade se igraat pogolemite partii so toa malcinstvo klockapa, Fijat blagodarime
Од: Dobra ideja, no vo postojniot sostav
Датум: 15.05.2010 11:02:16
Toa e dobro, pred se zaraqdi stopiranje na zanrzaniot proces od strana na albancite za pretvoranje na Makedonija vo binacionalna drzava, sto bi bilo tragicno za makedonskiot narod bidejci ja izgubi ovaa malo parce na koj vo 1945 godina komunistite i vistinskite patrioti ja sozdadoa ova drzava. (Da taka e, segasnite tnr doktori po istorija i zapalenite neobrazovani vmrovcinja neka kazat zosto bugarite i grcite ne dozvolija makedoncite vo egejska i pirinska da sozdadat svoi federalni edinki vo tie drzavi, kako sto Srbija dozvoli da se sozdade SRM vo federalnata Jugoslavija.). NO, za parlamentot, Hrvatska skoro 5 milioni ima parlament od 140 pratenici, Bugarija so skoro 10 milioni ima 220 it. a makedonija so 2 milioni ce ima kolku Hrvatska. Znaci treba makedonskiot parlament da se namali na najmnogu 80 pratenici i vo niv da se obezbedi nacionalna kvota, no na nacin kako sto toa e napraveno vo Hrvatska i Romanija. Inaku, site drzavjani na RM ce staneme pratenici.
Од: nacional-patriot
Датум: 15.05.2010 17:09:32
Do torbes.Torbesite po nacionalnost se Makedonci koi za vreme na otomanskoto vladeenje bile islamizirani.Niven majcin jazik e makedonskiot,bidejki se Makedonci.

Најди! во Утрински
На прво место
Во Стразбур зборуваат за „техничка грешка“
Магла за Филип Гордон
Инвестициите бегаат од Македонија