Хармонизирање на односите меѓу земјите во Југоисточна Европа била темата поради која премиерот Никола Груевски место да се сретне со американскиот помошник државен секретар, Филип Гордон, слета во Загреб на неформална лидерска средба со Јадранка Косор. Тој, сепак, не беше единствениот кој имаше поважна работа во четвртокот од тоа да се сретне со гостинот од САД, кој престојуваше во прва официјална посета на Македонија. Каков „облак“ го спречи министерот Антонио Милошоски да дојде во Скопје, и каде исчезна по престојот во Стразбур, не кажува никој од МНР и од Владата.
Како и да е, од американски извори вчера се минимизираше дипломатскиот гаф на македонските функционери, кои очигледно го разбраа гестот на премиерот, но повеќе сакаа да му ја пренесат пораката отколку да долеваат страсти. Во Загреб, конечно, дошло до средба, на која според Гуевски, немало конкретни сугестии, но имало длабинска анализа.
„Ги кажавме нашите заложби за поскоро зачленување во ЕУ и во НАТО и дека силно сме фокусирани побрзо да се најде решение за проблемот со името. Волјата е огромна, но треба да добиеме предлог што го очекуваме подолг период, кој ќе содејствува на реалноста и ќе биде прифатлив за двете земји, односно и за поширокото граѓанство со оглед на тоа што ние се имаме обврзано да излеземе на референдум“, изјави Груевски.
Своите пораки, пак, Гордон во голема мера ги изнесе за време на посетата во Скопје. Последното предупредување го даде за телевизијата Алсат, оценувајќи дека ако Македони��а ја пропушти и оваа година за евроинтеграцијата, процесот може да се развлече дваесетина години.
„Не е до нас да излегуваме со конкретни планови или со датуми и да им кажуваме на двете страни што мораат да направат. За нас, датумот за постигнување решение е јасен: колку што е можно побргу. Датумот е вчерашниот! Мислиме дека проблемот предолго се развлече. Страните мора да дојдат до договор, во интерес на двете земји е да го направат тоа.
Со секоја недела или месец што ќе помине без решение, губиме важно време. Го губиме фактот дека имаме новоизбрана грчка влада со силен мандат да дејствува, па ако чекате предолго, условите може да се променат. Во јуни е состанокот на Советот на ЕУ кој одлучува за кандидатскиот статус за Македонија. Ако спорот се реши пред тоа, можете да продолжите со интеграциите со кои, инаку, не би можеле. Ако спорот може да се реши наскоро, Македонија ќе ја оствари целта да се придружи кон останатите лидери на НАТО на самитот во Лисабон во ноември. Замислете, тоа би бил вистински триумф за оваа земја. Но, ако ја пропуштите таа можност, можеби целата работа ќе потрае уште нови 19-20 години“, изјави Гордон во интервјуто.
На прашањето дали гледа доволно активности во правец на барање решение кај двете земји, Гордон одговори дека верува оти е така.
„Мислам дека и двете влади се сериозни во движењето во таа насока. Многу посериозно од тоа што се правело во минатото. Не е лесно. Да беше лесно, проблемот одамна ќе се решеше. Имаме новоизбрана влада во Грција, која мислам дека сака проблемот да го остави зад себе и да оди кон регионална соработка. Мислам дека и македонското раководство разбира колку е важно да се реши проблемот. Правиме се' што е во наша моќ да го помогнеме процесот. Не сакам да претерувам, знам колку е тежок проблемот на двете страни, но мислам дека има нова динамика што треба да се искористи“, оцени Гордон. За отсуството на премиерот, Гордон ги прифа��и објаснувањата на кабинетот на Груевски дека облакот го спречил да дојде навреме во Скопје. „Јас секако ќе одев дома низ Загреб, а тој ќе одеше за Загреб. Изгледа дека логистиката барем еднаш беше во наша корист“, изјави Гордон. Од Владата вчера никој не реагираше на медиумските тврдења дека првпат Груевски не доцнеше, туку глумеше доцнење, за да избегне непријатна средба. (С.Ј.)
taa magla mu e zasluzena po negovata i grkot sto raboti so nego izjava deka Obama dal predlog severna! Bravo za Gruevski, ic ne trebase da se sretnuva i da objasnuva, na ovoj i na Hilari i na Obama im e se jasno, arno ama si odbiraat geostrategiski interesi pred pravda i megjunarodno pravo! toa ke bide niven problem, zatoa sto ako Obama misli deka racete sega mu se polni so Avganistan i Irak, togas neka poceka na novoto ime za Makedonija! lekciite od Prvata i Vtorata Balkanska vojna koi dovedoa do svetska vojna Amerika treba podetalno da gi prouci! i tie vojni pocnaa so negiranje na Makedonskiot narod, isto kako i denes! sekoe ime sto ne ja otslikuva drzavotvornosta na Makedoncite ke bide povtoruvanje na Balkanskite vojni!
Од: Лелелеле
Датум: 15.05.2010 00:13:02
Под условите/уцените кој ги нудат нетреба никогаш да влеземе а не за 20 години.
Од: vasco beleski
Датум: 15.05.2010 00:15:30
citam i nemozam da se nacudam kolkava omraza li ke imase vo ovaa slobdanka...da ne mozis da veruvas...pa zarem e mozno da postoi tolkava omraza prema svojot narod...od kade li e tolku sila samo, non stop da trubite protiv makedonija...pa dali ste vie normalni sto pisuvate...dosol nekoj pisar od amerika i sega trebalo premierot da go preceka, ok da dojdese obama vo red megutoa ovoj gordon vo belata kuka pravi kafinja za obama i e odogovoren za kuknata biblioteka nisto poveke....ostavete go premierot da si ja vrsi rabotata OK!
Од: Blue fighter: "Dal' da placham il' da peam"..
Датум: 15.05.2010 00:21:32
Ili da se smeam.Premierot,pobornik na zacuvuva anje na FIROM ,gi harmozniziral odnosite doma,pa se upatil kaj Kosor da pomogne vo istata nasoka,no na posiroko pole -Jugoistocna Evropa.Toj sto kontinuirano i so zgolemen intenzitet gi vlosuva megjucoveckite i megjunacionalnite odnosi vo svojata drzava,sega kje dava pridones regionalno?! No ,obidot za kamufliranje na vistinskiot motiv (da se izbegne pratenikot na Obama ) e procitana detska igra.Znaat i toj i Antonio deka se provaleni vo vistinskite nameri,pa ne sakaa da slusnat sto poraka im pratile od White house.Stom mu kazale deka mora de se realizra stranata kade sto e nabrojan referendumot kako nivno vetuvanje za ispolnuvanje,neka ja podisprzani pak kasata.Za hirot:Ostvaruvame.KOga vetil znael deka ima sam broj na + glasaci.Drugite ne zapisaa na niedena strana,pa kje si sedat doma.Toj i portokalite kje resavaat i gi pravdaat zaludno frlenite pari.Inaku,treba da si brcnat vo dzepot i da platat sami za site promaseni aktivnosti .
Од: Од Мирко
Датум: 15.05.2010 00:33:40
Нема бре аер од овој премиер.
Од: Мите
Датум: 15.05.2010 00:35:01
Доста од Робување на структурите на Нато и ЕУ кој добија клоца од Украина а сега Најново Франција се откажува од Еврото. Какво менување на име, то не е само понижување туку и скапа работа, промена на МОРЕ од документи.. Туку да се смени политиката на НБМ, курсот на Денарот да биде спрема кошница од барем 6 валути, држвните резерви да се конвертираат во уса долари и швајцарски франци, а да се повлечат војниците од Авганистан, нека се остават само 30 војници, останатите ни се потребни тука, да ги чуваат границите од платеници на ЕУ и Циа..
Од: suljo
Датум: 15.05.2010 00:40:21
Abe kakov gordon...se se toa piuni na Grckoto Lobby vo Amerika. Osvestete se nikoj ne vi posakuva dobro i ne ja kritikuvajte ni ovaa ni prethodnite vladi koi navisitna nisto ne napravija za Makedonija stane cvrsta demokratska zemja za poslednite 18 godini.
Treba da se borite za svoite interesi (NATO i EU ne se vas INTERES) koga od vas se bara da go smenite IMETO. Treba da se izgradi demokratijata i drzavnite organi da funkcioniraat besprekorno a ne da se meni IMETO. So grcite, albancite (shquiptary-te) i bugarite ke bide tesko, tie ne se dobri komsii - znaci Makedoncite vnatre treba da se OBEDINAT ako sakaat da opstojat
Од: Makedonec vo SAD
Датум: 15.05.2010 00:43:12
"Ако спорот може да се реши наскоро, Македонија ќе ја оствари целта да се придружи кон останатите лидери на НАТО на самитот во Лисабон во ноември. Замислете, тоа би бил вистински триумф за оваа земја. Но, ако ја пропуштите таа можност, можеби целата работа ќе потрае уште нови 19-20 години“, изјави Гордон во интервјуто."
Kje im dademe na Grcija, SAD i EU kolku shto im e potrebno vreme da se soochat so realnosta deka Makedonija i Makedonskiot narod postojat i se tuka na ovoj svet da ostanat.
Од: italia
Датум: 15.05.2010 00:44:03
abe luge na gujo go ima udreno vo glava deka toj e gazda i covekot se odnesuva taka koj gi ... amerikancite.a seto ova so namera da gi zaladi odnosite so USA pa da moze da ja dotolci makedonija i posle da rece "maslo na B.C.i na USA".tesko na makedonija koj ja vodi...."MKD razbudi se".POBRZO.dodeka ima uste malku vreme,zasto gujo moze da i objavi vojna na USA.
Од: abe ajde
Датум: 15.05.2010 04:59:55
Ajde dosta so pretnji bez nikakva logika. Shto mu znachi ova deka problemot kje se razlechel ushte 20 godini ako ne sme go smenile imeto pred samitot na NATO? Ako go smenime denta posle samitot, shto? Kje prodolzhat da ne driblaat uhte 20 godini?
Од: Petar Pan
Датум: 15.05.2010 07:53:22
Neznam zosto se trudat da ni ukazat, deka morame da najdeme kompromis.Neznam zosto tolku ni e vazno NATO, vaka e ubavo malku pripukaj, malku sverc na oruzje ,malku sirenje strav, ubistva na glasanje,sverc na droga,grabezi na deca, prostitucija,i sto uste ne od ubavo poubavo.Pa uste ke go brkale nekojsi premier da mu kazele vo lice, abe trebalo da go isamaraat, ili ke pokaze zrelos i odgovornost ili neka si odi.Nesum partiski opredelen no ova veke ne se gleda, ne blamiraat decistava na megunaroden plan kaj ke stignat.
Од: Nikola-Vlav od Germanija
Датум: 15.05.2010 08:01:04
"Но,ако ја пропуштите таа можност,можеби целата работа ќе потрае уште нови 19-20 години"->Strancite i nivnite stitenici,MK-ALcite(=5ta kolona),vo nas Makedoncite gledat straslivci,pa zatoa davat izjavi koi ustvari se nameneti za nedokvakani.Na gore spomenatite treba preku masoven sobir (>250.000!) na plostadot vo SK da im davame do znaenje deka nie ne im se plasime,pa ako treba po cena na opstanokot na Drzavata!Setite se na 2001god.koga javniot revolt doprinese vo toa vo preambulata da stoj povtorno deka "MK e Drzava na MKskiot narod";Resenie moze samo da bide zamena na referencata "FYROM" so n.p.Nova Makedonija,sto ja otslikuva realnata interpretacija na istorijata.Vladata e blagoreceno prepasivna vo ovoa prasanje.Sporot treba da se resi za dobroto i idninata na MK,a ne zaradi clenstvo vo EU i NATO.Da bese MK clenka na NATO,nemase da se slucat Blace,Radusa,Novo Selo i tn.,bidejki Kriminalcive ke znaea deka MK e zastitena-a taka kako sto e sega,pravat i terat kako sakat i umeat!Pozdrav
Од: sasho
Датум: 15.05.2010 08:59:32
дали некогаш ќе ни ја објаснетѕе ситуацијата вистинска дали барем еден напис од ваша страна ќе биде во интерес на македонија.се што е странско за вас е закон и точка, па нели времето течеше и пред територијалната поделба и после ние сме и во нато и во еу.нели беше доволно да се смени уставот и знамето еве не во нато и во еу. Ве молам ако добро се укотвивте и си ги наполнивте мешините и не можете да помогнете, бидејќи и сега грција за вас е се и сон недосонет очигледно, не инсистирајте да му го земете тоа што не можете да му го дадете.Идентитетот и името не ни ги дала грција за да може да ни ги земе.
Од: mene
Датум: 15.05.2010 10:16:18
jas mislam deka ako ne se najde reshenie seka sigurno ke imame mnogu problemi i ne znam dali ke postoime
Од: Sudija na apelacioniot sud
Датум: 15.05.2010 11:23:48
Problem so Imeto ke se zatvori samo na Megunarodniot sud za pravda i vo Generalnoto sobranie na OON koe ke prifati Sovetodavnoto mislenje od ovoj sud. Refrerncata BJRM e nelegalna, i, konsekventno, ke se vospostavi ustavnoto ime RM vo ON, preku Generalnoto sobranie na OON.
Од: Павле
Датум: 15.05.2010 11:53:13
Изгледа овие од нашата Влада не ги читаат добро дипломатските пораки од светот.Во својата забеганост и самобендисаност забораваат дека се на власт во земја која е на раб на провалија.И не сакам да бараат од нас (од мене поточно) да ја бранам.Тоа што ни го дробат,самите нека си го јадат.И нивните деца „ПАТРИОТИ“ нека ја бранат.
Од: malo dete
Датум: 15.05.2010 12:27:22
Bruka nevidena. Nie mu vrtime grb na SAD. Zar sme svesni sto pravime? DA DA Svesni sme. NESAKAME NATO i EU, NESAKAME MIR VO MK.
Ova za kratko ke ni se vrati kako bumerang. I Milososki zaluta vo oblacite. A sto kaza Gjole? Sigurno razumen kompromis
Од: Do kusogledite vmrovcinja
Датум: 15.05.2010 14:32:16
Ako e interes na Makedonija da se izolirame od svetot, i da mu dozvolime na Firerot da ja kompletno unisti zemjata togas vie si imate seriozen problem, Ako pod itno ne vlezeme vo NATO I EU Makedonija ce se raspadne sto e i edna od celite na DPMNE, oni segogas rabotele protiv MKD. Do site usijani glavi od DPMNE. Imeto Makdonija e aktuelno od 1945 godina, pred toa na ovie teritorii imalo Gjauri, srbi, bugari vlasi , romi itn. Bolno za vas no toa e vistinata,
Од: osman
Датум: 15.05.2010 15:16:07
vo lisabon mora da vlezeme ili polsle 20 godini treba da cekame porakata e jasna majtap nema da ne zvoni crveniot telefon posle da se cadime 20 godini
Од: Mitre od dolno dupeni
Датум: 15.05.2010 15:22:26
Овие, квази патриотиве таман се набилдани да ја уништат државава.
Нема послеп од оној кој не ска да види и поглув од оној кој не сака да чуе.
Не го мерете патротизмот со количините на парите кои сте ги добиле од власта.Се разбира, без да ги заработите.
Од: Ристо Андов, Скопје, Македонија
Датум: 15.05.2010 15:31:18
Бескрајните совети да сме го решеле проблемот со дивеењето на Грците еве продожуваат. Никој не кажува што подразбира под компромис и разумност, ама сите очекуваат, алогорички речено, сами да си скокнеме во стомак, Односно, да си го промениме името на задоволсво на Грците, за да станеме никој и ношто!
Всушност, што бараме во расклатената ЕУ, која еве го толерира грчкиот фашизам! Европа, на која правината, демократијата, антиколонијалноста, правата на народите итн. во кои вербално се колне, кога станува збор за Македонија, еве гајле и е како за ланскиот снег. Се гржи само за консензусот при носење одлуко, бидејки на сите во ЕУ, не дај боже, може да им затребе.
Добро е да станеме дел од ЕУ, но убавина со силе не бидува.
Впрочем, постојат во светот и други интеграциони можности, на кои добро ќе биде ако им се свртиме веднаш.
Крајно време е да се отфрли про грчката европска филозофија за стапот и морковот!
Не требе да се плашиме, Полошо од сега не може да ни биде!
Од: nacional-patriot
Датум: 15.05.2010 17:31:15
Ne se brani referencata BJRM,tuku se brani istoriskoto ime pod koe ne priznaa 130 drzavi od svetot i pod koe ne poznavaat so imeto Makedonija i onie drzavi sto ne priznaa pod BJRM.Referencata poleka se potisnuva,svetot znae deka sme Makedonija.Zatoa Atina e ispanicena i bara dodavka na imeto.Ama nikogas nema da se prifati dodavka na imeto.Imeto nova Makedonija ne ja otslikuva realnosta kako sto misli Nikola od Germanija.Ovaa teritorija se vika Makedonija so vekovi,a niz istorijata,Makedoncite veke imale drzava vo antikata,a i vo sredniot vek.Taka da ova e treta drzava na Makedoncite.
Од: University Professor from USA
Датум: 15.05.2010 18:20:52
Slobodnio kazetemu i na Gordon i na site kako nego mesetari deka ste se ispismanile i ne vi treba nitu NATO nitu EU. Kazetemu dek ake instalirate ruski odbramben stit naskoro! Toagas tie ke ve molat a ne vie da kolenicite pred taa skapana Evropa! Koja e Evropa? Site imate kompletno gresno mislenje za niv! Taa Evropa saka da ve zbrisi kako drzava, ane da vi pomogne!
Од: Миле - Охрид
Датум: 15.05.2010 23:00:36
Македонија ги исполни сите услови за пристапување кон НАТО И ЕУ. На потез се раководствата на тие организации. Изборот е нивен. Дали ќе продолжат да со нивната поддршка на шовинистичките барања на Грција? Тоа е само нивна одлука. Македонија не може повеќе да им помага.
Доколку сакаат шовинизмот да го етаблираат како сопствена вредност, нека повелат. Вирусот на грчкиот шовинизм се заканува да ги инфицира и да го разори нивното ткиво. Колку е грција погубна за македонија , таа е уште попогубна за НАТО и ЕУ.
Колку и да сметаат дека упатувањето на Македонија да го реши проблемот со Грција е избалансиран пристап, грешат. Не постои алиби за нивната ретроградна и антицивилизациска стратегија. Таа ќе им се врати како бумеранг.
Од: Pace
Датум: 16.05.2010 00:13:03
Ај што бега овде на ТВ дуели, но да бега од закажана средба со висок претставник од САД која е наш стратешки партнер и со тоа да ја понижуваш оваа светска сила - тоа е невиден СКАНДАЛ. Ја ИЗРЕЗИЛИ МАкедонија до крај.
Од: Realen
Датум: 16.05.2010 01:50:05
Gledajci gi komentarite izgleda Utrinski stanal omileno cetivo na ludjeto od vlasta ili pak nesto drugo e vo prasanje.Za onoj od Amerika ic ne mora da se sekira za nas nega dojde ovde pa neka zivee do grob vo beda a ne da soli pamet.
Од: Filip Sumski USA.
Датум: 16.05.2010 04:03:41
Nedolikuva na eden premier na edna drzava da bega od sredbi so predstavnikod druga a posebno ako se zeme setuacijata koja se desi so nasiot premier i predstavnikot na belata kuka na Amerika koj ,ja nosese porakata koja e dosta vazna dase cue za nasata zemja.No poseto ova stose sluci se otkrija nekoi igri koi gi igra nbasiot premier koj vo RM se deklarira kako najgolem patriot makedonec a pred megu narodnite mfaktori e nenesto drugo i igra druga igra , mesto da izleze jasno i pred makedonskiot narod i pred megunarodnite predstavnici go stavi stavot na RMza promena na imeto odnosno ja kaze vistinata dokadee nasata crvena linija a ne da igra krienkaso sto go rusi ugledot i neserioznosta na nasata drzava.