Број 3464  четврток, 23 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
На прво место

Нашата Црква не дава Божик на 25 декември

Ставот на македонските духовници за ова прашање е зацементиран, не сакаат промена на црковниот календар

Билјана Јовановска


Во врвот на Македонската православна црква нема клима за промена на црковниот календар. Или попрецизно, ставот на македонските духовници по ова прашање е зацементиран. „Нема никаква причина да го менуваме црковниот календар и за ова не само што не се разговара, туку воопшто и не се размислува“, јасен е портпаролот на Синодот на МПЦ, дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј.

Иако Јулијанскиот календар се применува само во уште неколку православни цркви - Српската, Руската, Украинската, потоа кај старокалендарците во Грчката црква и во Ерусалим, во блиска иднина кај нас нема ни да се иницира вакво нешто, зашто тоа е сериозна промена што не минува безболно. Речиси нема црква што Јулијанскиот календар го сменила со Грегоријанскиот, а тоа да не предизвикало расколи, бидејќи секогаш и секаде има конзервативни струи што не се подготвени за промени.

Затоа, се тврди, противник на преминување на друг црковен календар е и архиепископот Стефан, и покрај тоа што пред три години категорички не го одби барањето на група македонски бизнисмени, соопштено преку една бизнис-комора, и МПЦ да се усогласи со западниот свет, зашто вака им трпи бизнисот. Тогаш, архиепископот за да не остави впечаток на конзервативен духовник, дипломатски одговори „календарот не е догматско прашање и кога би се прашал би посакал заеднички календар за сите христијани и православни цркви“, меѓутоа, јасно е дека чепкањето во календарот и тој го доживува како тектонско поместување, по кое којзнае кој би „преживеал“. Конечно, никој не сака да му се заниша тронот. Но, великодостојниците тогаш сериозно им забележаа на бизнисмените што го иницираа ова дека тие „не стапнале в црква ниту на 25 декември ниту на 7 јануари“, а на Црквата и' е важно мислењето на нејзините верници, кои, како што велат, жестоко се спротивставуваат на менувањето на Јулијанскиот календар со Грегоријанскиот.

А мислењето на верниците, како што покажа една анкета, е јасно - речиси никој не би сакал да ги менува навиките. Зашто на православните цркви што го напуштиле Јулијанскиот календар им требало многу време и објаснување дека сите верски празници се поместуваат за 14 дена напред. Значи, не станува збор само дали Божик ќе го славиме на 25 декември или на 7 јануари, туку Петровден, на пример, веќе не би бил на 12 јули, туку на 28 јуни, Св. Илија од 2 август би се „преселил“ на 19 јули, потоа Св. Василие, кој е на 14 јануари, на Стара нова година, би бил на традиционална Нова година...

За голем број духовници, евентуалното менување на црковниот календар би значело своевидно огрешување од Првиот вселенски собир и кон славењето на Пасхата, работа што ја сфатиле православците што го применуваат Грегоријанскиот календар, па затоа Пасхата се слави по јулијанската таблица.

Дека посегнувањето по црковниот календар не е наивно прашање покажаа случувањата во нашето опкружување. Во Грчката црква, која важи за прилично конзервативна, и сега постојат зилоти, старокалендарци, за кои, со исклучоци, календарот има догматско значење. Сепак, старокалендарците се прилично разединети и расцепкани, а мнозинството верници го почитуваат ставот на официјалната црква. Расколи се случија и во Бугарската црква, додека најбезболно прифаќање на Грегоријанскиот календар се случи во Романската православна црква.

Духовници, со кои и порано сме разговарале на оваа тема, велат дека и по ова прашање Света Гора е посебна приказна. Кога светогорците излегуваат од своите метоси или, пак, служат во градски цркви, го практикуваат новиот календар, а поради фактот дека Света Гора нема тврдокорен став по ова прашање, не ги сметаат за еретици. Вселенскиот патријарх Вартоломеј го користи Грегоријанскиот календар, но кога оди на Света Гора ги почитува различностите и богослужи по стариот.

Објективно, Македонската православна црква е далеку од ова прашање. Пред себе го има нерешениот автокефален статус и евентуалното преминување на новиот календар, како своевиден адут би го користела С��пската православна црква во регрутирањето на истомисленици што се за останување на Јулијанскиот календар. Оттаму, и не чуди што врвот на МПЦ не сака ни да размислува за оваа тема, па евентуалната промена остава да ја решат некои повисоки инстанци. Конкретно, на идниот православен собир. (Б.Ј.)


#
Статијата е прочитана 4705 пати.

Испрати коментар

Од: Свилени Ракавици
Датум: 23.12.2010 14:28:35
Незнам ни зошто се прави муабет за ова прашање... Што е следно Божик на 7 јули за да се бањаме на море?
Од: Pirin
Датум: 23.12.2010 14:29:00
Do pomeruvanje koga togas ke dojde toa e nezapirliv proces, sepak treba bozik i veligden da se spojat I sitE hristijani da slavat vo isto vreme, nie sto sme na zapad da recam nasiot bozik go spomnuvaat samo postarite zasto ja nema ona atmosvera od mediumite vesnicite i lugeto sto sme opkrizeni, ako pred 10 veka bile zaedno zasto i sega da ne se zaedno a kkao sto se gelda od seto ova na zalost hristijanstvoto izumira i ne sto ke bideme progoneti tuku i sega na nekoj nacin ne progonuvaat nasite hristijani koi se cepkaat a od drugata starana islamot sve pozabrzano ja prezema ulogata vo religijata.
Од: Danny
Датум: 23.12.2010 14:37:31
Konecno da se slusne edna dobra izjava od MPC. Mislam deka bi bilo mnogu 'opasno" da se brcka vo ovie raboti,posebno sega koga crkvata uste ne nie e priznaena od ostatokot napravoslavniot svet.So menuvanje na nestata samo bi im napravile golema usluga na Vraniskovski islicnite na nego.
Од: jean luc picard
Датум: 23.12.2010 14:38:12
Благодатниот оган (оган кој го пали Светиот Дух, а не човечка рака) на Исусовиот гроб во Ерусалим се пали само кај православните верници, што е доказ повеќе дека нашата православна вера е единствена исправна и дека ни под разно не треба да го напуштаме Јулијанскиот каледнар, затоа што на некој си папа пред многу векови бил убеден дека постоечкиот (јулијански) календар е погрешен. За воља на вистина ниту новиот грегоријански календар не е совршен и тоа е научно докажано. Според астрономите и со новиот календар имаме утка икс денови напред или назад не знам точно. Лунарниот (месечев) календар по кој се раководат евреите и муслиманите е е далеку попрецизен во мерењето време но ниту тој не е 100% совршен.
Од: Горан - М. Каменица
Датум: 23.12.2010 14:45:25
Кога србите ќе го сменат датумот за Божик наредната година и МПЦ ќе го стори истото.МПЦ го изгуби својот легимитет да кажува што било.За неколу години народот сам ќе го смени терминот и за Божик и за некој други празници.
Од: zocee
Датум: 23.12.2010 14:47:40
Јулијанскиот календар се применува само во уште неколку православни цркви - Српската, Руската, Украинската, потоа кај старокалендарците во Грчката црква и во Ерусали... хахахаха ако се преброи во население 80% од православниот свет
Од: Игор
Датум: 23.12.2010 14:52:40
А земјата сеуште е рамна и сонцето се врти околу неа... Не туку барајте промени туку одете оставете некоја пара во црква за да може да се купи некој нов џип. Не оди вака со стари џипови...
Од: Dragica Lapajkoska-Belchevski
Датум: 23.12.2010 15:18:41
Makedonskata pravoslavna vera,ne' slucajno e narecena taka,zasto e vistinskata vera na hristijanstvoto za da vo 1054 god. od taa vera se pojavi nova "Katolik". Gi pocituvam site veri,no si ja sakam najmnogu mojata vera. Ne smeeme da dozvolime da gi promenime datite za Bozik ili bilo koj drug praznik. Togas ne sme niti pravoslavni niti katolici. Dragica
Од: Коки
Датум: 23.12.2010 15:27:18
Само верниците може да дискутираат на оваа тема. Останатите се "свиркачи".
Од: мене
Датум: 23.12.2010 15:30:06
Cel svet slavi Bozic na 24 Dekemvri, nie treba da se prilagodime i nema nisto strasno vo toa. Nie vo se nazaduvame pa duri i vo slavenjeto praznici.
Од: Dilan
Датум: 23.12.2010 15:41:04
MPC ne e priznaena od niedna pravoslavna crkva a nie uporno se grebame kaj brakata nasi pravoslavni koi nema nikogas da ne priznaat kako makedonska pravoslavna crkva!!!! Tuku dobro pisuva Igor ke ima za novi djipovi pari a za narodot koj da mu ja misli ?????? Samo unija so Vatikan ako sakame zacuvuanje na imeto se drugo e utopija
Од: Нема менување на календар, име и тн.....
Датум: 23.12.2010 17:21:57
Не почнувајте провокативни теми по нарачка на Западот! Нашиот календар останува, но прашањето е зошто сега се отвараат овие теми? МПЦ си е МПЦ и точка! Тие што сакаат да ни ја нема државата гледаат да уништат се што има врска со неа, а календарот на МПЦ е еден голем и важен фактор на доверба на народот во својата Црква. Утрински нека си седи мадро...!
Од: sladj
Датум: 23.12.2010 18:41:52
MPC za se ima "zacementiran" stav, ne sakaat nikakvi promeni...ok..od magarinja i konji, pocnaa da vozat djipovi..ama toa..pu, pu ne vazi..!
Од: Слободан Аризановски
Датум: 23.12.2010 19:26:27
Наместо „Нашата Црква“ во насловот треба да стои МПЦ затоа што не сите ( се мисли на сите граѓани на Македонија, нели ) сме припадници на именуваната црква. Во Македонија има припадници на други вери и цркви а има и атеисти и сите заедно сме „ наши“.
Од: KireUSA
Датум: 23.12.2010 19:31:34
DO OVIE VO DIJASPORATA: Kako pirin , ne si ti kriv krivi se tvoite babi i dedovci sto bile nepismeni i ne znaele kako da ti objasnat, gledale gladni da ne ostanat..Zatoa "DOLZNOST" e na sekoj sto e Makedonec da si ja odrzuva kulturata vo stranstvo pogotovo . A ne za bozik i ne gi znaat adetite nego Misirka gospod da ne cuva od takvi...
Од: Od Aristid praveden
Датум: 23.12.2010 19:34:20
Никаков легитимитет нема МПЦ да одлучува за календарот. Првин треба да си го реши својот статус, па дури тогаш да одлучува за така важни прашања, а до тогаш е како лаѓа без кормила, која само лебди по море како глув по магла. До тука ја дотерала работата да решава за календар.
Од: Meto
Датум: 23.12.2010 20:04:50
Tesko e ova prashanje da se debatira duri i spomne vo Makedonija. No ako drugite crkvi go smenat i nie ke go smenime zaedno so niv. Naukata i crkvata se dve razlicni raboti, no ovde stanuva zbor za religiozna politikana pravoslavnata crkva sto pravi razlika megu pravoslavnite i drugite hristijanski veri. Julianskiot kalendar e star i netocen, Dokolku go pravilno primenuvame Bozik sega treba da e na 10 Dekemvri a ne na 7 Dekemvri. Nie vsusnost go sledime gregorianskiot kalendar so zaostanati Julianski dati sto totalno ne se sovpaga so naukata, no crkovnata politika sekogas e tvrdokorna. Dokolku inkviziciskata katolicka crkva go prifatila naucniot nacin na sledenje na vremeto ne gledam sto e problemot kaj drugite religii, vak ispaga deka nasata crkva ima polos odnos kon naukata vo odnos na drugite religii.
Од: mirko
Датум: 23.12.2010 21:40:40
Makedonskata crkva ke ceka kako ke reagira Srpskata crkva -ako Srpskata crkva go promeni utre kalendarot - Makedonskata crkva drugiot den ke go stori toa -So toa se gleda kolku e nezavisna nasata crkva -Site go promenija kalendarot a eden den i Makedonskata crkva ke go stori toa -samo se ceka na nasiot severen sosed.
Од: vasco beleski
Датум: 23.12.2010 22:32:12
pred 10 godini koga internet ne bese taka razvien ...mozebi po nekoj ke slusnese od televizija deka na 25 hristijanite go slavat bozik...denes se drugi vreminja denes e smesno da se razgovara na ovaa tema i ako ima demokratija togas ke recam deka nasata crkva ke tgreba da go pomesti bozil i veligden so drugite hristijanski crkvi...ne e nisto loso samo pomestuvnaje na datum mislam deka togas i nie konecno ke se osekame kako del od hristijanksoto semejstvo....mnogu makedonci vo svetot slavat dva bozicni praznici .....ne treba da se razmisluva crkvata ili celnicite treba da bidat svesni deka to mora da se sluci....
Од: Alexandros
Датум: 23.12.2010 22:42:56
Eden svet, sto Velikdena.
Од: Љупчо Толевски
Датум: 23.12.2010 22:51:31
Не треба да се изедначуваат зилотите со старокалендарците. Зилотите се едно а старокалендарците друго. Според кој календар се случуваат Божјите чуда секоја година, како што се слегувањето на Благодатниот оган над Христовиот гроб во Ерусалим, спуштањето на облакот на планината Тавор за свето Преобразение, и други, по стариот,јулијански или по новиот,грегоријански календар?Според кој календар се сметало времето додека Господ Исус Христос претстојувал на земјата? Ако сме вистински верници не треба да дозволиме да се смени стариот календар.
Од: pero magacinero
Датум: 23.12.2010 23:21:46
denesnite vladici na mpc nesamo sto bi go promenile kalendarot tuku se gotovi na sekakvi antimakedonski raboti,zemetego slucajot so vraniskoski,go pravat vladika,go pustaat vo grcija da se skolova,go financiraa od crkvata,go forsiraa da go podpise niskiot dogovor i koga maked pravoslaven narod reagira go razvladicuvaat za tajno da dobiva podrska od sinodot,vidovme kade so vrejki evra se nosea za hotelot izgrev,desetina miloni dol potroseni od dedoto petre po sudovite vo avstralija,makedonce osvestise!!!
Од: marjan
Датум: 24.12.2010 00:47:03
Па Божиќ и е на 25 Декември и по Јулианскиот и по Григоријанскиот календар! ...прашањето е кога е 25 декември?!? Ни едниот календар е точен ни другиот. И зошто би преминале од ена грешка во друга?!? Ова прашање секогја година излегува на површина од тотални и неважни причини, а најчесто е покренато од луѓе на кои малку или воопшто не им е важен црковниот живот! Не дека ке постат пред Божиќ ако се смени календарот. Затоа кој сака да му служи на Бога нека се спрема со пост , а кој не- нека си крка за нова година и нека ужива. ;)
Од: Верник1
Датум: 24.12.2010 03:37:34
Кај нас суштината е таа „новокалендарска“, а формата „старокалендарска“. Вака сме во тотален расчекор, повеќето прво слават Нова година (според новиот календар), а потоа Божиќ (според стариот календар). Не сфаќам како тоа мнозинството не е битно, туку е битно малцинството, помалиот број верници кои би продолжиле по јулијанскиот календар.
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 24.12.2010 04:45:48
@Meto. Mozebi Meto treba prvo da gi izuci paskaliite za vecniot kalendar,a specialno za napraveniot kalendar za Pravoslavnite Crkvi od Astronomot matematicar uste vo dvaesetite godini na minatiot vek. Dr.Milankovic Pravoslavni kalendar za sva vremena!Taka na primer ovoj kalendar sto go koristime ce vazi se do 2100 god. zosto 2100 god.nema da bide prestapna, razlikata na kalendarot Stari i novi ce bide 14deni. i taka vo 22 vek Bozic ce bide na 8 Januar,a Gjurgjev den na 7 maj..@
Од: dimitar
Датум: 24.12.2010 05:26:24
jas ziveam na zapad sekogas dobivam odmor od 23 dekemvri znaci perfrktno vreme da si ja posetam rodnata zemja no nikogas ne bi slavel bozik na 24 dekemvri zosto katolicite ne go smenat datumot i da se vratat vo vistinskoto veruvanje a ne da se prodavame samo zatoa sto sme posiromasi
Од: miro von wien
Датум: 24.12.2010 05:40:26
"STO BABICI KILAVI DECA " --- veli edna dobra stara izreka , pa taka i tuka milion resenija . Neka odlucuvaat kompetentni ludje za toa nesto , a ne laidi kako mene i mnogu mene slicni .Respekt do site no odlukite nemozeme da gi donesuvame coporativno . Dajte da bideme objektivni .
Од: jimmy1
Датум: 24.12.2010 08:43:14
Do Pirin: Pirin tebe ti treba nekoja lekovita vodicka ili bajacka. Vo zapadot nasiot Bozik se slavi nasekade kade sto ima makedonci. Ima mesta kade sto se slavi poveke i od nekoi delovi vo Makedonija, muzika, ora na site nasi praznici, a za Bozik, Vodici, Vasilica i Veligden ne stanuva zbor, so godini se odrzuva nasata tradicija, posebno vo Cringila Avstralija, me podseka na vremeto koga se slavese procka vo Skopje na kaleto. Ubavo ti rece nekoj deka ne si ti kriv, tuku tvoite postarite sto ne te naucile (zosto vo sekoj komentar samo tresis zeleni) a mozebi i tie se prodale kako teve za bes pari.
Од: Risto
Датум: 24.12.2010 08:52:19
Bidejki ova ovde se tretira se uste kako Srpska teritorija, sve zavisi sto ke naredat od Srbija. Ako Srpskata crkva go promeni datumot, togas i MPC ke go stori toa. Nie ne resavame, a tie sto se udiraat vo gradi kako patrioti,se vo ogromna zabluda.
Од: pero-baba
Датум: 24.12.2010 09:30:36
dobro be dosta neli vi e sram se sto imame od nasata bogata istorija da cepkate ,koi se tie{biznismeni} sto sakaat promeni vo nasiot pravoslaven kalendar,dali oni isti sto na rabotnicite im isplacaat redovno plati ,bonusi k-15,sto placaat redovno davacki kon drazavata ako e od nivDOSTA E.NARODOT E SO NASATA SVETA CRKVA I VELIKODOSTOINSTVENICTE ZNAAT DOBRO KAKVO E RASPOLOZENIETO NA MAKEDONSKITE PRAVOSLAVNI VERNICI
Од: марија
Датум: 24.12.2010 09:34:00
Да се смени посекако. Вака верниците наводно постат,а мрсат за Нова година , па пак постат. Што има календарот со верата.. Вака со неменување не стануваШ повеке верник.

Најди! во Утрински
На прво место
Исчезнатиот Дарко Ангелески пронајден мртов
„Диригент“ ја среди франкфуртската мафија
Политичката сцена стана арена
За трговци со луѓе - 90 години затвор
СДСМ готви задграничен разгранок во Австралија
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks