Број 3464  четврток, 23 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
На прво место

За трговци со луѓе - 90 години затвор

Вкупна казна затвор од 90 години добија 20 обвинети за трговија со луѓе и шверцување мигранти во случајот "Албатрос". Кривичниот суд во Скопје вчера сите ги прогласи за виновни. Првообвинетиот Даути Фљамур ќе одлежи 13 години затвор, а братот на Дилавер Бојку, Башким Бојку е осуден на 12 и пол години. Исмаили Алфрет ќе лежи 8 и пол години, а по 13 години затвор доби ја и тројцата албански државјани, кои по издржувањето на казната ќе бидат протерани од државата. Меѓу осудените е и внукот на Дилавер Бојку, Бесфорт Бојку. Судскиот процес почна во јули годинава и беше затворен за јавноста, бидејќи меѓу обвинетите имаше малолетник. Обвинителството докажа дека Башким Бојку заедно со Даути Фљамур и Исмаили Алфрет и албанските државјани Дели Ликај и Гентијан Ѓона ја организирале меѓународната група. Од септември до декември минатата година тие организирале 26 транспорти на илегални мигранти по цена од 1.500 до
2.500 евра по мигрант. Мигрантите биле пренесувани од
Албанија во Македонија, а потоа во Грција. Бојку и Ислами остварувале телефонски контакт со Ликај и Ѓона
кои организирале превоз во Албанија, а потоа организаторите од Македонија ги прифаќале кај гр��ничниот премин Ќафасан. Илегалците потоа продолжувале кон Гевгелија, а потоа во Грција. Во акцијата што полицијата ја спроведе во февруари
се апсеше во Велешта, Кичево, Охрид, Битола, Скопје, Гевгелија. (Х.Р.)


#
Статијата е прочитана 753 пати.

Испрати коментар

Од: dobrinka
Датум: 23.12.2010 15:01:54
trgovci so luge ili shverc na migranti?
Од: ана
Датум: 24.12.2010 01:48:58
не постои кривично дело шврцување на мигранти туку криумчарење на мигранти. Кривичен Законик член 418.в
Од: skopje
Датум: 24.12.2010 02:48:29
trgovija so luge e prodazba na luge a sverc na migranti gi prevezuvaat ot edno mesto do drugo za nivni pari oni sakaat.......... se veli si plakaat pa sega treba da se razgranicat mnogu raboti vo zakonot .........

Најди! во Утрински
На прво место
Нашата Црква не дава Божик на 25 декември
Исчезнатиот Дарко Ангелески пронајден мртов
„Диригент“ ја среди франкфуртската мафија
Политичката сцена стана арена
СДСМ готви задграничен разгранок во Австралија