Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
13.06.2012, 17:24

Го разубавија просторот, ја загрозија безбедноста

Фонтаните и параклисите кај „Скопјанка“ како меч со две сечила, коментира дел од јавноста

Деспина Трајковска



Не помина ни еден месец откако проработеа фонтаните со параклиси на раскрсницата кај „Скопјанка“ во Аеродром, жителите од околината и возачите што често минуваат по овој дел реагираат дека новото уредување на потегот ја загрозува безбедноста во реонот. Жители од блиските станбени објекти тврдат дека речиси двојно се зголемил бројот на сообраќајните незгоди, оти како што велат, фонтаните и црквичките го одвлекуваат вниманието на учесниците во сообраќајот. Особено, коментираат, тоа е случај во вечерните часови кога фонтаните се осветлени во разни бои. Проблемот го усложнува и фактот што се работи за брза сообраќајница, па возилата со голема брзина влегуваат во кривината, која е опасна и без да има фонтани на неа.

„Речиси да нема ден, а да не се случат по две-три незгоди. Живеам во ’Скопјанка‘ и сведок сум на разни ситуации. На пример, некои што ретко го возат овој дел наеднаш ја намалуваат брзината за да ги видат фонтаните и комплетно ново уредената раскрсница, а мајки со деца често застануваат околу фонтаните, некои дури и да се освежат, што воопшто не е безбедно. Сметам дека тука не им е место на параклисите и фонтаните и покрај тоа што тие сами по себе убаво изгледаат и го разубавуваат просторот“, коментира жителка од „Скопјанка“.

За неодамна преуредениот простор слично мислење имаат и некои сообраќајни проектанти. Сопственик на едно проектантско биро, кој не сака да го открие идентитетот, не може да разбере како надлежните институции дале согласност за ова сообраќајно решение, и уште повеќе за поставување на параклисите и фонтаните среде раскрсница.

„Навистина не ми е јасно и кој проектант го изработил решението. ��осема поинаку е да се работи за кружен тек, па во негова средина да се постави некој објект или, пак, споменик. Во случајов, се доведува во опасност безбедноста, пред се' на пешаците, оти факт е дека тие се задржуваат на местото гледајќи ги црквите и фонтаните, а на чекор од нив буквално прелетуваат возила. И стручно гледано, просторот не е издржано осмислен. Во зона на раскрсница не е дозволено поставување објекти како посочените“, коментира друг сообраќаен проектант.

Наспроти ова стручно толкување и реакциите на жителите, градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, има сосем спротивно мислење. Дури, тврди, откако просторот е преуреден бројот на сообраќајните незгоди бил намален и тоа поради осветлениот простор.

„Тоа го потврдуваат и официјалните статистики. Од друга страна, проектот за уредување на раскрсницата ги има добиено потребните согласности и од МВР и од Град Скопје“, вели Коневски.

Тој истовремено коментира дека параклисите и фонтаните се само декорација на просторот, а не катче за одмор, па затоа апелира пешаците да не се задржуваат на местото.

„Во Аеродром има доволно убави паркови каде што жителите можат да се рекреираат“, коментира градоначалникот Коневски.


Статијата е прочитана 4657 пати.

Испрати коментар



Заштитенa пештерата Крштална
Се урива натстрешницата од која настрада двокатниот „57“
Жонглерска претстава среде раскрсница



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 24°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 12°C

Среда
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 10 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Венлок маскота на Игрите во Лондон
Негова улога е приближување на Олимпијадата до најмладите и поттикнување на нивниот интерес за занимавање со спорт...
Американски и австралиски олимпијци се „загубиле“ во Лондон
Американците се пожалија дека патувале дури четири часa од аердоромот до своето сместувалиште, додека спортистите на Авс...
Добредојде за првите олимпијци
Лондон ја почна борбата против допингот
Киднапиран претседателот на „Олимпискиот комитет“
Игри со 5.000 допинг-тестови и 150.000 кондоми

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |