|
|
|
|
|
|
„Пелистер“ и „Тренд“ први ќе добијат барокни фасади
Зградата на „Пелистер“ и онаа кај кафулето „Тренд“ се првите од неколкуте планирани што гравитираат околу градскиот плоштад што ќе добијат барокни фасади. Фасадите во стилот на градбите од „Скопје 2014“ ќе бидат изведени најдоцна до лето. Градските власти веќе бараат фирма која ќе ги поднови зградите, за што од градската каса беше најавено дека ќе се издвојат 15-20 милиони денари.
Реализацијата на проектот за обнова на фасадите ќе се врши етапно и со тоа практично Градот Скопје, покрај обновата на оградите на мостовите, ќе го заокружи своето учество во владиниот проект „Скопје 2014“. Иако идејните решенија за изгледот на фасадите се избрани пред повеќе од три месеци, градските власти не сакаат да ги презентираат, единствено кажуваат дека се стилски, соодветни да се вклопат во околниот амбиент. (Дс.Т.) |
#
|
Статијата е прочитана 1509 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Професорка |
Датум: 28.12.2010 13:03:59 |
|
А дали градителиве чуле за изразот: “имаш барокна фаца“? Не верувам, од секоја шеста задолжителна лектира не мрднале. |
|
|
|
|
|
|
Од: stanimir |
Датум: 28.12.2010 13:22:51 |
|
Idejnite resenija se izbrani, ama grdot gi krie! Pa da ne si gi pravat za svoi pari, a ne so parite na gragjanite.Arno ama, gragjanite se idealen slucaj, glredaat seir i kjutat. |
|
|
|
|
|
|
Од: Srgjan |
Датум: 28.12.2010 14:50:11 |
|
Pa toa da ti kazat imas barokna faca e kompliment ,profesorke. |
|
|
|
|
|
|
|
|