Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Скопје

Среде зима се остриме за градска плажа

Градот Скопје интензивно се подготвува за изградба на втора градска плажа

Деспина Трајковска

Среде зима градските власти со мислите се веќе во лето, па интензивно се подготвуваат за летниот проект, втора градска плажа. Овој пат на левиот брег на Вардар. Со морски песок и лежалки, пливање на суво, разладување под тушеви и на шанкови, повеќе терање кафе-шема отколку враќање на духот на градските плажи на кои се сеќаваат старите скопјани. Вака ќе изгледа и оваа плажа, чија изградба се очекува да започне најдоцна до пролет. Ќе се протега на левиот брег на Вардар од мостот „Гоце Делчев“ до Камен мост.

Практично, ќе се гради нова плажа со имиџ ист како на таа што беше отворена летово. Иако за првата градска плажа што беше изградена зад Градски парк, според официјалните изјави се потрошија 100.000 евра, за втората во буџетот за 2011 година се предвидени 150.000 евра. Иако поскапа, сепак, нема да се разликува од постојната. Ќе има шанкови, кои бесплатно ќе се издаваат на избрани угостители. Новина за оваа плажа е тоа што во нејзина непосредна близина ќе има и сплав со кафулиња, кој е дел од проектот на Градот за изградба на четири сплава на реката Вардар.

Според објаснувањата од Градот, ангажираниот изведувач „Алкон“, истата фирма што ја изгради и првата плажа, ќе има обврска да ја уреди плажата. Тоа значи дека ќе треба да донесе морски песок и да го изведе потребниот систем за водоснабдување, електрика и системот за отпадни води. Градот, пак, ќе се погрижи за урбаната опрема и за одржувањето на плажата.

„Проектот е речиси идентичен, единствено станува збор за нова локација. Плажите нема да се разликуваат по начинот на функционирање и изгледот. Единствено се' уште не го знаеме бројот на шанкови“, велат од Градот задоволни од интересот на скопјани за плажата што се отвори летово.

Токму тој факт, но и основната идеја за плажите, покрај Вардар лете да се обезбеди место за одмор како во минатото е причина и за изградба на втората плажа. Градоначалникот Коце Трајановски неколкупати досега изјави дека со овој проект Градот се обидува да го врати духот на старо Скопје, па од тие причини ги избира и истите локации на кои некогаш имало градски плажи.

Иако во Скопје некогаш имало неколку плажи, меѓу нив најпосетени Руската плажа, Градската плажа, Офицерската и плажата „Лебед“, засега, барем како што тврдат од Градот, не е планирана локација и изградба на евентуално трета и четврта плажа.


#
Статијата е прочитана 3092 пати.

Испрати коментар

Од: Tick tack
Датум: 28.12.2010 12:34:16
"Среде зима градските власти со мислите се веќе во лето, .." plazi vo zima a za sto ke se zboruva na leto za zima ...!!???? Abe od normalni gi pravite nenormalni? ili tolku mnogu pari ima da se e napraveno za zima pa se pocnuva od leeeto..leelee?!! Ova we napredno neli ajde objasni mu go ti ova na ovoj narod ako mozes?
Од: skopjanec
Датум: 28.12.2010 13:25:56
Crna Gora prodava podmornici za eftini pari. Koce Trajanovski ni napravi Grdaska Plaza sega ima sansa da zeme i edna podmornica. Moj predlog e da ja kupi podmornicata ''Vardar'' sto im je prodadeno na Slovencite.
Од: sime
Датум: 28.12.2010 14:44:02
Jas pod plaza podrazbiram kapenje vo voda,tus si imam doma.
Од: skopjanka
Датум: 28.12.2010 15:01:12
Sakam da prasam kade pustanjeto na plaza vo zima go videl nasiot selski gradonacalnik bidejki toj nema isvoi idei tuku samo prevzema i krade. ke pocneme da licime na se no bez merka, vkus i usul
Од: Трпе
Датум: 28.12.2010 16:08:27
Во нашата земјичка се е испревртено.Имаме морнари без море.А сега ке имаме и плажи без капачи.Само во случај ако некои на шанковите не се капат во алкохол.Недајбоже да се малолетници.
Од: osman
Датум: 28.12.2010 17:42:21
toa da rabatis pred vreme barem ova leto ke bideme vo leserna sostojba ke se kulirame
Од: kapac
Датум: 28.12.2010 18:24:20
koce kockica se zamisli deka e gradonasalinik na rio de zeneiro i ce pravi plaza na kopa kabana gladna kokoska proso sonila pravi plaza kopa kakana pokraj vardar tece ama sto se vlece ne bil za banjane ama ce ima morska pesok ajde koce na sukcesija od bivsa sfrj zemaj podmornicata vardar taa rdzosana vardar beter turisti plipot
Од: Od fakelaki
Датум: 28.12.2010 19:22:39
Pa normalno treba planiranje posle zima dovaga i leto koj raboti i ima...........
Од: Генела Митре
Датум: 28.12.2010 19:40:42
Ако разбрав добро оваа плажа ќе биде на потегот помеѓу мостовите Г Делчев и Камени мост значи испред Новиот театар и тоа музејот. Добро бе има ли логика? Овие у купаќи ќе ги посматраат оние у смокинг кој во театар ќе одат а државните делегации место во музејот по плажата ќе зјапаат. Боже мили, има ли крај на овој човек? Скопјани разбудете се!!!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 28.12.2010 21:33:44
Перење пари и шанкови за пијанчења за да си ги делат парите...затоа бесплатни шанкови...Криминалотр продол=ува ...насекаде и се сешто...секаде е вовлечен...Парите мора да остават трага...
Од: MKD
Датум: 29.12.2010 00:40:01
pozdrav za idejata. Mislam deka gradot treba da razmisli za t.n. montazni korita ili bazenti vo rekata, vo samata voda, kade ke se precistuva vodata na lice mesto, ke se hlorira i ke moze bezbedno da se kape vo nea....
Од: Ја
Датум: 29.12.2010 01:36:12
На Коце какакабана еве му уште една идеја:„Да направи и ски стаза за зимно време (ама на тротоарите низ град и онака се лизгајци)“.Ќе исперат уште пари.Тик так,тик так,море ајде СИКТЕР бре!

Најди! во Утрински
Скопје
Новогодишната магија се прелеа по улиците
По 30 години, пожарникарите се подновија со опрема
„Пелистер“ и „Тренд“ први ќе добијат барокни фасади
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks