08.02.2012, 16:30 Уште еден студен туш за македонскиот раст
Додека македонската Влада упорно стои на ставот дека домашната економија годинава ќе порасне за 4,5 отсто, од светските институции и истражувачки центри постојано стигнуваат песимистички прогнози. „Економист интелиџенс јунит“ ни прогнозира раст од 1,5 отсто
Додека македонската Влада упорно стои на ставот дека домашната економија годинава ќе порасне за 4,5 отсто, од светските институции и истражувачки центри постојано стигнуваат песимистички прогнози. Најнова е онаа на „Економист интелиџенс јунит“, специјално одделение на угледниот „Економист“, чии процени се дека оваа година македонскиот бруто-домашен производ ќе има раст од само 1,5 процент.
Тоа е три пати помалку од она што го предвидуваат домашните власти. Ова е коригирана прогноза на „Економист интелиџенс јунит“ за земјава, откако претходно очекувале дека нашиот раст годинава ќе оствари позитива од 2,2 проценти.
„Економист интелиџенс јунит“ е исклучително реномирано специјално одделение на „Економист“, кое се занимава со истражувања за економските и политичките движења и ризици за сите држави во светот, а неговите прогнози се сметаат за сериозни и многу влијателни.
Во нивната анализа се наведени и оценки за сите видови ризици во Македонија, при што оценката ААА се дава за најмалку ризик, додека Д е оценка резервирана за најголем ризик. Притоа, за суверениот ризик на Македонија се смета дека ја заслужува оценката Б. Истата оценка е дадена и за валутниот ризик, како и за ризикот на банкарскиот сектор. Многу полоша оценка, односно ЦЦЦ, добиле политичкиот ризик, како и ризикот за економската структура. Ризикот на земјата е оценет со Б.
Намалувањето на прогнозата на „Економист интелиџенс јунит“ е последица на проблемите со кои се соочува еврозоната и опасноста од рецесија.
Во анализата се прави осврт и на најавата на Владата за пакет од 50 мерки кои би ја подобриле деловната клима. „Иако мерките ќе ги подобрат техничките аспекти на оперативното милје за бизнисот во Македонија, малку е веројатно дека тие ќе се справат со поструктурните проблеми. Тие, пак, ги вклучуваат неефикасната правна рамка која не овозможува ефикасна заштита за сопственичките права, корупцијата, како и политичкото мешање, кое често се забележува во административниот и судскиот систем“, се наведува во истражувањето.
Оваа прогноза на „Економист интелиџенс јунит“ следува откако меѓународните финансиски институции од поодамна предупредија на забавување на македонската економија. Прво Светска банка излезе со проекција за раст од 2,5 отсто, а уште поосвестувачка беше онаа на Меѓународниот монетарен фонд, кој очекува годинава нашиот БДП да порасне за два отсто. Европската банка за обнова и развој, пак, за земјава очекува позитива од 1,8 проценти. Најновата прогноза на „Економист интелиџенс јунит“ од 1,5 отсто е најниска во моментов.
Но, не е исклучено и другите светски институции пак да ги ревидираат надолу своите прогнози за Македонија.
На домашен терен, пак, минатата недела ситуацијата ја разбранува Народна банка на Македонија, чии прв човек, гувернерот Димитар Богов, соопшти дека монетарната власт за годинава очекува раст од 2,4 отсто, што е безмалку двојно пониска проекција од онаа на Владата.
Но, тоа не беше причина Владата да ги смени своите оптимистички очекувања. Неколку дена по настапот на Богов, премиерот Никола Груевски изјави дека за евентуална корекција ќе се размислува дури откако ќе се следи состојбата најмалку еден квартал. (Н.Н.Ф.)
|
|
Статијата е прочитана 2581 пати.
|
Испрати коментар
|
|
македонец, 09.02.2012 00:28:41 | Ептен се сигурни економските експерти... не успеаја да ја предвидат економската криза, па ќе предвидуваат економски раст... на крајот нема да се оствари ни едната ни другата прогноза... |
| jovan, 09.02.2012 00:40:06 | Pred nekoj mesec edna druga stranska organizacija (ne se sekavam koja bese) ni prognozirase 1,8%. Togas napisav deka i toa e mnogu, deka i toa ke go revidiraat nadole. Sega i za ovie 1,5% istoto go tvrdam. Ovaa godina ke bideme srekni ako zavrsime i so pozitivna nula. Ne e cudo taa nula da bide i so minus. Veke i najobicniot laik znae i svaka deka ovde e katastrofalno loso, a i odi na uste poloso. |
| bez trag, 09.02.2012 01:26:54 | Koja e slednata laga Stavrence??????? |
| jimmy1, 09.02.2012 07:08:38 | Dali bil Stavreski, Grujovski ili bil koj drug VMRO-ovec na funkcija so prvoto zucnuvanje ni plasiraat lagi. Toa tie: falime usto oti ke te raskinam. Niedna ustanova ne funkcionira kako sto treba, a za obrazovanieto, sudstvoto, zdravstvoto, policijata i korupciska da ne zboruvame, prav pasibuzuk.
Samo Zrak i tie kako nego nemozat toa da go vidat. Zrak, ako nee tajna kolku godini imas??? 9 ili 15???? |
| mile, 09.02.2012 07:15:55 | За ова Латас нема да коментира......... тој коментира за квазиуспесите на ВеМеРО......... |
| od ostrijot, 09.02.2012 07:45:17 | vo skoloto koga nekoj ucenik e mnogu slab ucitelot
muveli sedi drvo na drvo sega toa vazi i za ministerot. |
| Od koj raboti i ima, 09.02.2012 08:20:20 | Cel svet odi vo minus a kajnas vo plus i pak necini videtegi vasite brajka vejke 5 god. vo bankrut koj raboti i ima.............. |
| bb, 09.02.2012 08:44:46 | dodeka cel svet e vo kriza kaj nas se e vo podem cveta kako nikogas dosega .me potsetuva na vremeto na enver hodza koga toj na svojot napaten narod( sto ne izleguvase od svojte granici)im velese deka kaj niv e se naj...... |
| Mirko, 09.02.2012 08:45:59 | Imase edna ubava makedonska pesna Lazi lazi Vere lazi kogo lazes samo mene Vere nemoj da me lazes.Znaci se blizi krajot na populizmot i lagite znaci nema vise pari vo keseto se potrosija a i ovie od EU i ostanati prakaat poraki losi samo sto porakite nesakase da gi slusne Stavre i Grujo Jas predlagam zemetego Nikola poposki edna godina neka vi ja sredi sostojbata pa pak ke imate uste nekoj mesec da trosite i da se falite.E nikoj ne se slozuva no koga velea so deca ne se srka mastenica portokalovite be vo sostojba da te lincuvaat a sega kade nema stopansto go unistivte bankite namesto da davat krediti vie im gi zemate parite i od kade ke se polni kasata vi ostanaa uste benzinot i kaznite nazdravje makedoncina kade i da ste za nikade ste siromasi i gladni uplaseni i stradni. |
| мене, 09.02.2012 09:30:57 | Што знае Економист!!!
|
| pero, 09.02.2012 09:41:12 | Што е вака задлабен во мисли Вицепремиеров??????? Дали знае Феликс?????? Јас знам.......... се мисли што да излаже, а боранијава да поверува !!!!!!!!!!!! |
| од мене, 09.02.2012 10:25:28 | Кој ли ќе биде коментарот??????Па секако кризата која ја зафати европа таа е крива за се иначе Ставревски е докажан експерт што предвиде тоа погреши!Експерт нема што! |
| Tina, 09.02.2012 12:32:59 | Cudno mi stoi da slusam za nesigurna ekonomija vo Makedonija. Zar Evropa nas ne izdrzuva?
Ne. Taa nas ne zaglabuva so dlgovi. Vo nepovrat.
A sto pravat nasite vo drzavniot sistem? Koga tije ke se zblizat da kladat pari kon ekonomski idei na poljoprivreda i nauka, i umetnost i muzika?
Mer tie se plateni da zboruvat na prazno so EU? i da go trosat vremeto? Ne mi e jasno koga Makedonac e protivu Makedonac. So izvinuvanje, oti e vo druga partija? Ke se izmenuvat po radni staz, a ne da izmisluvat novi partiji i da izmisluvat vnatresni problemi? Kamon, ljuge. Edna e Makedonija. I edna treba da bide vlada.
Koga ke se odvojat prchklite, lesno ke se skrshat.
A zaedno, nikoj nemoze da ne skrshi.
Ama na koj da zboruvam? |
| Avstriec, 09.02.2012 13:02:09 | A be pak Grujo zameshal prsti.... Mu rekol na Stavre... pravi sto kje pravis ama 4,5% mora da bide... So 5 rentabilni firmi vo Makedonija ne se pravi porast na Ekonomijata, a i toa sto navodnogo izmislile ili podobro kazano prepisale kako zakon, ne mozat da napravat porast zatoa sto se nepismeni i ne znaat kako se primenuva. Najpametnite glavi od oblasta na Ekonomijata mu sedat vo NBRM (a nekoi se vekje otideni i nadvor), lugje zo znaenje i skolo,lugje koi sto, toj istiot Stavre i Grujo ne gi tretiraat ni 2%. E se dodeka e taka, rastot na Ekonomijata kje ni bide kolku visinata na Grujo... |
| murto, 09.02.2012 14:26:44 | More im cveta nim ekonomijata na sekoe pole.Cicaat bracata od site strani, i od budzetski sredstva ,a bogami i od privatni firmi, ne daj boze da namirisaat deka dobro im odi.Koga bivsi izbacivaci od kafici im se najgolemite biznismeni moze covek da zamisli sto ostanuva za drugite.Taka da procentite im se tocni ako ne i povisoki |
| Трпе, 09.02.2012 15:08:45 | Што им се може,решиле да бидат одлични 4,5 и готово.Ако кум Ставре ја кажува вистината ќе ,че,че,ќе има храброст народот да го гледа во лице.Тие не лажат,тие не ја кажуват вистината.За да имаме добра економија прво треба да престанат со реќетирање на фирмите.Голем дел од бизнисмените се збунети.Не знат дали појќе да се залагат или барем да опстанат. |
| Mudrec, 09.02.2012 15:23:33 | Sto se palite tolku na procenki? A sto ako realnosta e pobliska do vladinite proekcii otkolku do stranskite? Strancite prognoziraat vrz osnova na globalnoto opkruzuvanje, no nemaat tolku dobar uvid vo Makedonskata ekonomija kako Vladata. A i ne se bitni procenkite, bitno e sto ke izleze na kraj. |
| Goran, 09.02.2012 15:27:46 | Ovaa izjvava dovagja od isto mesto kade sto rekoa deka krizata so Grcija e resena...
Za poltronite ovde. otvorete recnik i proverete go zborot prognoza
|
| Trajce, 09.02.2012 17:03:19 | Gospodine Stavrevski Vie mnogu dobro znaete deka Makedonija nema odrzliv razvoj,djabe zboruvate za nekakvi rastovi od 4-5 pa i poveke%. Za zal narodecov ne go razbira toa a vie lazete go dodeka mozete i gledajte vie da si imate rast tamu vo vasite djepovi. Ama ako se e do.... |
| deko, 09.02.2012 23:02:03 | A da pocekame da pomine barem eden kvartal od godinava,pa posle ke komentirame malku porealno za rastot na ekonomijata.Vie na neroden petko kapa mu kroite.Kako moze vo site stranski institucii da veruvate bezrezervno no vo nasata vlada ne veruvate.Jas od koga sledam politika ne se sekavam barem za Gruevski da kazal nesto a izlazal normalno ako zavisi od nego.Sto mislite vie koga najgolemite ekonomii kako pr.evropskite drzavi najavuvaat rast od najmnogu 2% togas alal da mu e na Grujo ako ima pogolem rast od niv. Koga e kriza e kriza bez razlika kolku ke plukate vie. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -18°C
Делумно облачно
|
Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -11°C
|
Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -8°C
|
|
|
|
|
|