12.02.2012, 19:35 Моe ќoшe
Што ќе одговори Груевски во Берлин
Ерол Ризаов
Кој е нашиот предлог за името и до каде ќе одиме со антиквизацијата
Премиерот Никола Груевски утре ќе се сретне со политичкиот лидер број еден на Европа и со најмоќната жена во светот, Ангела Меркел. Очекувањата од ваквите значајни разговори секогаш се големи. Очите на целата јавност се вперени во Германија со убеденост дека само таа и Америка можат да помогнат Македонија да ја надмине блокадата на нејзиниот пат кон европеизација. Досегашните средби на македонските премиери и претседатели со германските канцелари не донесоа пресврт или какво било забрзување на нашето членство во НАТО и во ЕУ. Вообичени се констатациите дека Германија и натаму ќе ја поддржува Македонија во нејзината определба за евроатлантски интеграции. Притоа, задолжителна е забелешката дека Македонија и Грција во билатерални преговори со посредство на ОН треба да најдат заеднички прифатливо решение за името.
Клучот за европските порти е во ваши раце, му рече канцеларот Хелмут Кол на Бранко Црвенковски при неговата прва посета на Германија како премиер уште пред 15 години. Канцеларот Герхард Шредер, пак, му нагласи на претседателот Борис Трајковски дека мора да ги завршиме домашните задачи. Во интервјуто за „Утрински весник“, Шредер на мое вчудовидување ќе рече одлучувате сами за брзината со која сака да влезе Македонија во ЕУ. За потоа експресно да ме врати во реалноста со зборовите - тоа зависи од брзината кога ќе ги совладате европските критериуми. И канцеларката Ангела Меркел при првата средба со Никола Груевски уште пред шест години упати на компромис со Грција. Значи, го нема она германско цврсто и арогантно удирање на маса без да праша никој од членките на ЕУ кога нејзините политички, економски и историски интереси налагаа Словенија и Бугарија да влезат во ЕУ и во НАТО.
Кои се очекувањата од утрешната средба на македонскиот премиер Груевски и германската канцеларка Меркел. Дали има нешто што може битно да ги насочи германските интереси кон Македонија. Не. Останува цврстиот став дека нема отстапувања од европските критеруми кои не дозволуваат со новото членство во ЕУ да се внесат и нерешени меѓусоседски проблеми. Премиерот Груевски мора добро да се подготви за две можни прашања на канцеларката Меркел: прво, кој е нашиот конечен предлог за името на државата и, второ, до каде ќе одиме со антиквизацијата. Нашиот премиер може да избира дали ќе почне да го троши или ќе го зачува и натаму својот најголем политички капитал како непопустлив патриот во одбрана на името и како главен инспиратор на антички идентитет на Македонците. Ако изрази подготвеност за компромис да се најдеме на половина пат со Грција, можно е мало чудо во Чикаго. Но, не со спектакуларен прием на Македонија во НАТО, туку со откривање на грчката лага пред целиот свет кога ќе се види дека Грција нема да го прифати ни сопствениот предлог за географска одредница за Р. Македонија, ниту, пак, референцата Поранешна Југословенска Република Македонија на што ја обврзува пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
Посебно внимателен треба да биде Груевски што ќе одговори во врска со несфатливата на Запад антикоманија во Македонија и за политички стимулираната потрага по пославно античко минато. Груевски е неопходно да го има предвид фактот дека од Германија, од Ероним Волф, германски хуманист, уште во почетокот на 16 век тргна патот за запознавање на Европа со античката историја, кој води преку Византија, бидејќи таа како источен дел на Римското Царство го зачувала културното наследство на антиката. Цели три века научната мисла на Европа е обземена со Византија, за жал, само како дел од грчката историја. Германците, Французите и Англичаните и другите западноевропски народи го сметаат тоа како историски потврдена вистина и како стремеж на Европа за запознавање на старата грчка култура што се разбудил на Запад за време на ренесансата. Таа вековна антиквизација на Европа во корист на Грција, како реакција на отоманското владеење, колку и да е со големи пропусти и погрешна, во делот дека Грција е единствен наследник на целата византиска и античка култура и историја најмалку може да се измени со политичка интервенција во науката, со квазиисториска и шарлатанска кампања, кич-споменици и лажен барок. Тие македонски обиди на Запад се смешни, а за нас многу штетни. |
|
Статијата �� прочитана 4764 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 13.02.2012 00:20:45 | Jas mislam deka Gruevski ce go izvadi glavniot adut: ce i objasni na Merkel deka Makedonija e portata preku koja Germanija moze da vleze vo ogromniot pazar od 650 miloni potrosuvaci. Preku solunskoto pole, vardarskata dolina i stipskiot kargo. |
| Hari, 13.02.2012 00:29:30 | Najgolemata laga sto ja siri propagandnaata masinerija kaj nas, deka sme gi ispolnile kriteriumite za EU, vece e otkriena ne samo od EU tuku i kaj nas. Toa mu doagja kako ona papagalskoto Branko e kriv. |
| seirdzija, 13.02.2012 01:11:21 | Kako i drugite poozbilni drzavi taka i Germanija e odlicno informirana za slucuvanjata vo Makedonija,pa otuka Gruevski nema nikakov prostor za manevriranje posle 6 godisna pogresna politika.Ic da ne se lazeme deka mozeme da ocekuvame nesto,naprotiv rabotite se poloso ke se odvivaat za Makedonija,kako na politicki taka i na ekonomski plan,a enormnoto zadolzuvanje vece ni stoi kako mac nad glavite.Edinstvena realna rabota na ovaa vlada e da gi placaat ludje kako Dodovski,Golubovski,Petrovski so nasi pari za da gledame cirkusko okrupnuvanje vo predvecerieto na lokalnite izbori...se drugo e totalno promasena rabota i toa od temel!!! |
| Firer od Makedonija, 13.02.2012 01:57:41 | Ne otide da bara vlez vo NATO i EU, nego dozvola za spomenik na Firerot vo centarot na Skopje i vosochna figura vo muzejot na zrtvite od komunizmot, bidejci ushte samo toj fali, a e najgolemata zrtva na komunistite. Uf, uf, uf, ne da e istoriska, nego super istoriska lichnost, ramen na Aceta. Nego ce go stavime na tenk i ce go krstime,,Voin na tenk,, da ne prokuzat evreite. Vo sekoj sluchaj, ovaa poseta e dobar povod za ednooki ili K-15 i vo stilot na Alo, Alo da se iznasmeeme, poshto drugo ne ni preostanuva. |
| Ljubotan Trade Name, 13.02.2012 03:02:59 | Dragi Erole! Nekogas, treba da bides otvoren kako,;Sto na Um ,Toa i na Drum! 1] Republika Makedonija nikogas nema da bide primena so ovie Drzavni ,Nemakedonski Granici. Kumanovo,Skopje,Tetovo,Gostivar,Porec,Gostivar,Kicevo,Debar i Struga ne se ni geografska Makedonija.a za populacijata e, izlisno i da se zboruva! Zarem nekoj misli, Albancite ce aminuvaat da se nivnata Tatkovina Vika Makedonija 2] Bugarija, vece so godini ja predupreduva Republika Makedonija, treba da se odkaze od ;Jazikot i Istorijata za Goce Delcev,Jane Sandanski,Gjorce Petrov i siaset drugi Bugarski Dejciu,Bugarija ova go ima vece spremno.Za NATO i EU za Jazikot i uzorpirane na Istorijata od strana na Republika Makedonija. Bugarija mnogu pati ova go potencira. A vlasta na Grujo, se pravi kako ne go slusnala Bugarskite Signali !! |
| od mene, 13.02.2012 03:18:32 | Pa dobro be i toa ti smeta pa se gradi pa i lugeto gledat deka nesto ubavo se slucuva. Sto trebase da praime kuki kako vo cair na sred plostad da napravime i da barame da odime vo evropa. Aj ne odrabotuvaj tugi direktivi. Nemaat tie veke pari ni za sebe a ne za tebe da im se lizes. |
| milko, 13.02.2012 05:08:17 | koj od koj poglupav komentar. ako ne znaete nesto pametno da kazite ve molam ne kinete zeleni(za komentatorite) poz |
| Janakiev Nikola, 13.02.2012 07:51:30 | 13.2.2012god.
Gosp.Erol,Kolku Zemji i kolku Narodi so Vizantiska Kultura zboruvat Grcki. |
| до Ерол, 13.02.2012 08:01:07 | Самиот знаеш дека,не Грција,туку НАТО и ЕУ не ја прифаќаат референцата ПЈРМ,затоа што таа,според Рез.817 и според нивната одлука,НЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА ПРОБЛЕМОТ!Тие бараат решение,а реф.БЈРМ според Рез.е само привремено име ЗА УПОТРЕБА ВО РАМКИТЕ НА ОН,се`додека не се дојде до конечно решение.Конечно решение е име кое ќе го прифати и Грција и нашата држ.Значи не е само Грција таа што одбива Македонија како ПЈРМ да влезе во НАТО и ЕУ,но би требало да објасниш зошто мислиш дека Грција нема да го прифати ни сопствениот предлог,име со географска одредница? |
| Rezzilov, 13.02.2012 08:11:12 | Авторот повторно инсистира на промена на името на нашата држава.Несватливо за еден граѓанин на Македонија.Цел свет знае з о ш т о јужниве бараат промена на името (“... идентитетско прашање“) ,само на авторот не му е јасно!?!А,знаеме дека му е јасно!Се чини дека сеуште живее во минатиот систем кога историјата се пишуваше по декрет. |
| pameten, 13.02.2012 08:19:35 | Кој е нашиот предлог за името и до каде ќе одиме со антиквизацијата? Nitu edna drzhava, nitu eden svetski nauchnik nema da priznae Antichki koreni na deneshnite MAkedonci. No kako so Grchkiot dolg, Zapadnite drzhavi imat uloga vo torturata so identitetot. Po Vtorata svetska vojna, za da go sporat ednash za sekogash Bugarskiot iridentizam tie mizhea pred falsifikatite na Jugoslvenskot Makedonizam. Po negoviot totalen poraz (kako Slovenite se zaselile vo zemja koja shto togash ne se narekuvala Makedonija, a stanale Makedonci?) i neprifakjaneto na istorijata kakva shto bila se rodi antikvizacijata (Bugarite se Tatari, nie sme Antichki Makedonci, Slovenobugarskiot narod voopshto postel!) Arno ama ovo go donese konfliktot so Grcite, a denes nikoj ne se plashi od bozhem Golemobugarski fantom. Site ja znaat vistinata za nasheto podeklo i kje mora i sami da si go priznaeme! |
| Миле - Охрид, 13.02.2012 09:02:24 | Се надевам дека Груески ќе одговори дека Македонија ги исполни сите услови за да отпочне преговори за влез во ЕУ и дека името не го менуваме. Ќе побара од Меркел да направи храбар потег и да ја прифати одговорноста за исполнување на нивниот дел од обврските. Доколку не го стори тоа, ќе сметам дека се приклучил на вашата група, заговарачи на идејата прифаќање на грчките шовинистички уцени. Доколку и Меркел мисли дека промената на името е сеопфатно решение за сите проблеми во државава, ни нема спас. Секако ќе ќе не нема од картата на светот. Ако го промениме името соседите ќе не изгризат како пирани. Ако се обединиме во напорот да го сочуваме името, потпирајќи се меѓународното право, со сила ќе ни го сменат името. Ама нема доброволно да се откажеме од него. Тогаш некои идни генерации ќе можат да се повикаат на правото и да си го вратат. |
| igor, 13.02.2012 09:12:11 | grujo e mizerija... |
| milan, 13.02.2012 09:40:48 | G-ga Merkel e fina i kulturna dama,a germancite kulturen narod.Ta nema valda na nasiov premier da mu natrlat usite, za antikvizacijata i brojnite drugi gluposti. |
| девичанецот, 13.02.2012 09:46:33 | Kога Меркел беше во една соседна земја, медиуните во таа земја излегоа со тезата не што ќе каже Меркел, туку што ќе каже нивниот претседател или премиер.
Меркел ги застапува интересите на Германиј, а ние како држава имаме свои интереси, кои треба да ги застапуваат нашите раководители. А не што ќе каже Меркел..и ние ајде, да си го свиткаме рбетот, во стилот : Така ТРЕБИТ? |
| patriot po potreba, 13.02.2012 10:30:13 | Eh be Koljo cel svet ja razbra tvojata taktika pa sega Merkel ke ti pomogne(ke promeni neshto).....dodeka site ne plukaa ti veleshe -vrni!!!....sega ,,seriozno se zafativme da go reshime problemot so imeto ama CEL SVET znae deka Grcija sega nema um vo glavata kako da opstani vo EU a ne pa so nas ke se nadmudruva......te molam zimimajka!!!!!!!ne se igra 8 godini mizitatara-ednash kete fatat i..... |
| pile, 13.02.2012 11:24:02 | Vo sreda popladne a najdocna do petok,sekoj parlamentarec od DPMNE ke si go postavi prasanjeto,lugje sto napravivme, no vo obratna konotacija od nasite kosarkarski heroi,a vo sekoj slucaj podobro tie otkolku Makedonskiot gragjanin da se prasuva lugje sto ispustivme.Referiranje so aufiderzen od politickata scena ke e epilog na posetata na Germanija, oti celofan politikata vodena od ovaa Vlada pretstavuvana od najpatriotskiot Premier, ne samo sto e prozirna i polna so diletantizam, a posle posetata ke se vidi kolku lesno e i kinliva.Nemozje da go spasi opstojuvanjeto na Gruevski na politickata scena, nitu pripojuvanjeto na sestrinskite partii kon DPMNE, vo stilot eve site se slozjuvaat so mene.Najnoviot politicki cinizam nasocen sprema megunarodniot faktor, a namenet za vnatresna upotreba, prezentiran od Gruevski ke go cini OSTAVKA i politicki zaborav.Nitu Ministerot za vnatresni raboti na denesnata interpelacija ne mozje da mu pomogne,taa barem se pomiri i zapea, prva ,,A sad adio.. |
| gjoko, 13.02.2012 12:41:02 | Pa nesto vo stil deka vo Makedonija e zabraneto apsenje na vrvni, dolgogodisni novinari, pod somnevanje za korupcija, kako vo Velika Brtanija denovive.Pet , i so brojki, 5 , najistaknati novinari na Rupert Murdoc ,se uapseni pred nekoj den.
Ni bukva vo nasive mediumi za ova. |
| mile, 13.02.2012 12:59:07 | Повторно Груевски ќе вергла за пресудата од Хаг.........исто така ќе ја извести за Програмата во 100 чекори дека е исполнета 98% (кај ли ги најдоа богати).........дека Проектот Скопје 2014 надмина 300 милиончиња, дека му требаат пари да го заврши...........и..........ќе си се врати домаааааааааа................. Во Чикаго нема ни да не спомнат.............. |
| Mark, 13.02.2012 13:18:00 | Se razbira devicanec-taka TREBIT-I TAKA KE BIDE, miluvale vie ili ne... |
| КАКО МОЖЕ МАКЕДОНИЈА ДА Е ГРЧКА А ВО 1913 БИЛА МАКЕДОНСКА ПОД ТУРСКО, 13.02.2012 20:57:11 | Односно во 1913 во Македонија не живееле повеќе од 10% Грци. Грци нема во Александрова Пела ниту во најголемиот град до Пела Воден каде се 80% Македонци. А се вика Воден оти има многу вода. А од Пела е нашиот Мисирков а Грција нема јунаци од македонскиот дел. А А нтиквизација прави Грција со лагите за нивна античка Македонија ама ние сме полни со предавници и јас ви порачувам сиктер од Македонија ако не ви се допаѓа. Од девет милиони луге со македонско потекло само еден и пол сме во сопствена држава и уште памет ќе солите. Само лојалност или ајде од тука. |
| objektiven, 13.02.2012 22:40:26 | Gruevski kaj Merkel, ke pomine kako Sanader. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 2°C
Делумно облачно
|
Петок
Делумно облачно
Макс: -2°C, Мин: -9°C
|
Сабота
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: -8°C
|
|
|
|
|
|