Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Писма
Македонија
12.02.2012, 19:32

Ангела Меркел е омразена во Грција

Антигерманската клима расте како плима во Грција. Меркел не попушта - Атина мора да ги прифати условите на ЕУ

Од нашиот дописник Миркица Поповиќ

Атина - Грција ни годинава нема да и' прати картичка за Св. Валентин на Германија. Наместо убави желби, демонстрантите во Грција изминатава недела на првиот голем протест во 2012 на самите скали на парламентот во Атина со едната рака го палеа германското знаме, а со друга страна држејќи старо нацистичко знаме извикуваа пароли против Германија повикувајќи ги „нацистите“ да ја остават Грција намира.

Континуираното разгорување на антигерманска клима станува очигледен факт. Германија полека се претвори во симбол за најголем и најсуров непријател на Грција за време на финансиската криза, а мавтањето со нацистички знамиња и палењето на германското знаме беа само кулминација на ваквите чувства кон Германија кои се градеа и преку германско-грчкото препукување со провокации преку насловните страници. Тешко ќе се заборават насловните на германски „Фокус“ со скулптурата на Венера од Милос која покажува среден прст со наслов „Измамници во ЕУ“, или насловот во Билд „Продадете ги и вашите острови вие банкротирани Грци“ од интервјуто со еден гермаски политичар кој потенцира дека на Германија и е преку глава да плаќа за долговите на другите европски држави. Со сето ова не е изненадување што германската канцеларка Ангела Меркел е најмалку популарната личност во Грција и една од главните мети на народниот гнев.

Поради ова престојната средба на премиерот Никола Груевски со Меркел, случајно предвидена за вторник на Св. Валентин, исто така беше дочекана на нож во Грција. Весникот „Етнос“ анализирајќи ја колумната на македонскиот премиер за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ оценува дека ваквиот потег е подмолна пропаганда против Грција. „Со еден потег кој сам по себе покажува како Груевски гледа на добрите односи со Грција, премиерот во неговиот текст за големиот германски весник се обидува да ја искористи непријателската клима против Грција која владее во Германија, за да изврши притисок против грчките позиции“, пишува „Етнос“. Останува да се види дали моменталната заладена ситуација меѓу Германија и Грција ќе има некакво влијание на позицијата на германската канцеларка за поддршка на македонските аспирации за ЕУ и НАТО. Меркел по нејзината прва средба со Груевски во 2006 одлучи да остане во сенка и да не се инволвира во македонско-грчкиот спор.

Во грчкото општество може да се забележи широк дијапазон на активности кои јасно демонстрираат нула толеранција за германскиот однос кон Грција во ЕУ поради грчкиот државен долг. Група грчките граѓани јавно повикаа на бојкотирање на германски производи. Здруженија на доктори, правници и инженери по неколку одржани состаноци излегоа и јавно објавија дека ќе бојкотираат секакви германски производи, што според некои од аналитичарите веќе е зачеток на антигерманско движење во државата.

Покрај оваа граѓанска иницијатива, самите политичари и политички партии водат битки против Германија на посебен фронт. Имено, пратеникот и лидерот на Панхеленското граѓанско движење, Јанис Димарас пред една недела испрати писмо до германскиот политичар Зигфрид Каудер кој предлагаше поставување на европски комесар-старател на Грција за нејзините финансиски активности. „Ако барем малку читавте историја ќе знаевте дека оваа земја е змеја на која вие Германците, но и останатите Европјани и' го должите своето постоење со векови. Ако го имавте анализирано Гете, на пример, ќе го знаевте ова. Благодарение на мојата земја вие од диви и нецивилизирани Готи станавте народ, само што се чини дека она што ви е во гените не ве напушта. Оваа земја не е за продавање, не е за купување и не е плен за освојување“, пишува Димарас.

Во 2010 весникот „Елефтерос типос“ како одговор на провокациите на германски „Фокус“ пушти насловна страна со фото монтажа од статуата на победата во Берлин која во рака држи свастика. Од тогаш па до денес, на голем шок на многумина, нападите на нацистичкото минато на Германија се се' позачестени и од медиумска и од граѓанска, но и од политичка страна. Најголемиот дел од нападите во ваков контекст доаѓаат токму од ултра-националистите од ЛАОС. Само пред неколку дена ултра-десничарите ЛАОС подготвија кусо видео со фото-монтажа од Меркел во нацистичка униформа со кое испраќаат порака дека Грција никој не смее да ја допре, како и тоа дека Грција им припаѓа само на Грците. Ваква фотомонтажа од Меркел како нацист осамна и на еден од излозите на продавница во Атина, а над сликата на Меркел беа беше испишана паролата „Државна опасност“.

Лидерот на ЛАОС, Јоргос Караџаферис пред неколку месеци изјави дека германската канцеларка ги следи чекорите на Адолф Хитлер. „Меркел се однесува како да има фул асови во рака, а во суштина во оваа партија покер има само еден пар петки“, изјави Караџаферис. И вицепремиерот Теодорос Пангалос пред неколку месеци упати жестока критика кон германската влада за односот кон Грција, потсетувајќи ја дека и таа самата има голем долг кон грчката држава. Во интервју за Би Би Си, Пангалос потенцираше дека Германија не си го исплатила долгот за економската штета кон Грција од Втората светска војна. „Германија за време на нејзиниот нацистички перод ја уништи грчката економија. Ги украде сите пари и злато кои постоеа во грчката народна банка и до ден денес ги нема вратено“, изјави Пангалос.

Голем дел од граѓаните и организациите за заштита на човекови права жестоко реагираат против постојаните слики од Меркел како Хитлер кои осамнуваат на сите страни. Се смета дека ваквите дела на вжештените глави на ултра-националистите и дел од новинарите кои ги поддржуваат не може да донесат никаква добра промена во грчкото општество. На почетокот на изминатата недела, непосредно по кусото продолжување на крајниот рок за грчкото одобрување на новиот пакет мерки, Меркел отворено кажа дека не гледа како продолжување од ден или два ќе и помогне на Грција. „Грција мора позитивно да одговори на мерките веднаш и сега“, одлучно рече Меркел, додавајќи уште една тула во сивиот студен ѕид меѓу Атина и Берлин.


Статијата е прочитана 844 пати.

Испрати коментар



Што ќе одговори Груевски во Берлин
Карневалски маски за етнички мир
Канцелар со таинствена насмевка



Marioec od Azija, 13.02.2012 02:07:10
E dosta e i kaj Grcive klati vrati zemi plati.Germancite nese spremni vise da rabotat i placaat za drugite.Dosega stalno igraa na kartata na nacistite i custvoto na vinovnost kaj Germancite.No novite generacii si ja srabotija rabotata,prvo raskrstija so minatoto(DDR i Nacistite),ja vidoa vinata i se izvinija za storenoto od nivnite prethodnici i imase obestetuvanje na ostetenite.Sega se koncentrirani na ekonomijata i nadgreduvanje na nivnoto drustvo,a i evropskoto.A pogolem rabotnik od Merkel nesum videl na politicka scena dosega.Kamo kaj nas da ima nekoj slicen ko sto e taa.A za komsine ne se sekirajte sakale nejcele ce morat da pocnat da rabotat,ne im preostanuva nisto drugo isto kako i nam.
P.Petar, 13.02.2012 08:29:21
Licno nemam problemi so Germanija no edno obicno istorisko vrakanje nanazad zboruva deka sekogas bile voinstveni no za zal okupatori!Normalno za toa si dobija po gazot povece od dva pati!Da se nadevame deka imaat transformacija na svojot germanizam vo pozitivna smisla! No vo sekoj slucaj koga so niv se sorabotuva treba da se bide vnimatelen!!Na Gruevski mu preporacuvam da bide SVOJ ,bidejki vo minatata vojna tie ne sakaa predavnici i takvite otkako ke gi iskoristea vednas potoa gi strelaa!!
dobar den, 13.02.2012 09:29:23
Sekogaš e naj ednostavno da se pokaže na nekoj drugi, koj božem e kriv za moite problemi. Koj saka da si priznae, deka sam si ja svaril kašata i sega bi trebalo i sam da si ja jade - a toa mnogu godini, nevkusna, gorčliva...
omraza, 13.02.2012 12:23:48
Ja mrazat Merkel, gi sakaat nejzinite pari.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, -2°C

Делумно облачно

Петок
Делумно облачно
Макс: -2°C, Мин: -8°C

Сабота
Ведро
Макс: 3°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Писма |