17.02.2012, 15:30 Професор натепал ученици на голем одмор
Професор по физичко воспитување во средното училиште „Кочо Рацин“ во скопската населба Ѓорче Петров нападнал двајца ученици, соопшти полицијата. Инцидентот се случил вчера околу 15 часот на големиот одмор во училишниот двор. Според МВР, шеесет и тригодишниот професор им пришол на двајца ученици на возраст од 17, односно 19 години и на едниот му удрил шлаканица, а другиот го фатил со раце околу вратот, при што и им се заканувал. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Во СУГС „Кочо Рацин“ вчера беа изненадени од инцидентот.
„Нема да коментираме додека не заврши истрагата“, ни изјавија од училиштето. Во изминатите неколку месеци се случија неколку инциденти во кои професори со шлаканици делеле воспитни мерки. (Г.А.) |
|
Статијата е прочитана 1462 пати.
|
Испрати коментар
|
|
XXY, 17.02.2012 17:06:42 | a da seesed godisen covek napravi takov prekrsok navistina se nadevam imal razlog...!! Iako ne e za opradvduvanje... koga deca na taa vozrast gi gledam sto pravat na ulica i avtobusite mislam deka trebe da gi tepaat roditelite tri pati na de da im dojde umot...Bezobrazie ruzni psovki vulgarno povedenie ..nepocituvanje na osnovnite moralni i eticki kodeksi ..toa e sekodnevie na nasata mladina za zal ...Kaj se tie denovi i godini koga pred roditelot i negovite soveti si bil so navednata glava i pocit ..profesorite bea za ucenici mali bogovi...a koga ke porasnea ucenicite so blagodarnost se sekavaa na niv i nivnite napori da gi napravat LUGE...!! |
| tripun, 17.02.2012 18:03:55 | vreme bese ucitelite i profesorite da prezemat merki vo ucilistata i da gi vospitaat ucenicite,koga toa ne go pravat roditelite |
| во името на вистината, 17.02.2012 18:40:57 | Полека.Полека со вреднувањето на злосторството и давањето на казната.Кога веќе немајќи со што да се полнат странициве,па морало и со вакви баналности,барем епилогот умешно доведетего до крај.Прашајтеги барем родителите што мислење имаат за карактерите на децава.Имаат ли пробвлеми со нив.Ако се чесни и ако им мислат добро на родените синови ќе знаат да ја истераат вистината до крај.Инаку не сакам ни да помислам дека е во прашање некоја си ујдурма.Со ујдурми со сигурно си ја подкопуваме свесно целата инфраструктура која го прави животот нормален. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 0°C
Претежно облачно
|
Сабота
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -9°C
|
Недела
Сончево
Макс: 4°C, Мин: -5°C
|
|
|
|
|
|