Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
17.02.2012, 18:20

Поглед

Самрак на претседателот

Љупчо Поповски

Да останеше македонската владина свита во Берлин уште три д��на, ќе можеше да биде сведок на драматични настани поврзани со демократијата, моралот и одговорноста. Оставката на германскиот претседател Кристијан Вулф беше очекувана откако ден претходно обвинителите најавија оти ќе бараат од парламентот тој да биде ослободен од неговиот имунитет за да може да ја спроведат истрагата поврзана со корупцијата за времето кога беше претседател на покраинската влада на Долна Саксонија. За Вулф тоа значеше дека е целосно стеснет кругот од кој не може да скокне надвор и да ја спаси својата политичка кожа.

„Направив грешки“, изјави вчера Вулф во својот четириминутен проштален говор. И, навистина, Вулф направи многу грешки. Прво, како покраински премиер зајми 500.000 евра од сопругата на еден контроверзен бизнисмен за да купи нова куќа. Потоа, набрзина зеде кредит од една банка по услови многу поповолни од оние за обичните граѓани за да го врати заемот. Обвинителството води истрага и за друг случај – кога еден филмски продуцент го платил одморот на Кристијан Вулф во луксузен хотел додека тој беше покраински премиер. Канцеларката Ангела Меркел го бранеше сето време, затоа што беше нејзин избор. Меркел го протурка изборот во парламентот и сега ќе ги собира плодовите на гневот.

Германската јавност како кнедла во грлото ќе ги чуваше обвиненијата за корупција на Вулф, но кога тој му се закани на главниот уредник на влијателниот таблоид „Билд“ со „војна“ ако ја објави приказната за неговиот морален пад, на германскиот претседател почнаа да му се одбројуваат деновите. Германската јавност не може да прифати еден шеф на држава да го земе телефонот и лично да му се заканува на уредник во медиум. Едноставно, тоа е незамисливо. Кристијан Вулф падна затоа што помисли дека може да им командува на медиумите.


Статијата е прочитана 2061 пати.

Испрати коментар



Јавноста и нејзините проблеми
Митот за смалената корупција
Купи стан ако најдеш и ако можеш
„Царот“ и „чираците“



Predavnik, 18.02.2012 00:58:20
Kakov predavnik! Nishto kriminalno ne storil, a podnesuva ostavka. Abe nie cela drzava opljachkavme, TV pozatvaravme, osvoivme prvo mesto vo mizerija, pola narod ni e tokmu kaj ovoj predavnik na ,,ekspoloatiranje,, i ne ni teknuva takvo neshto. Naprotiv, patriotski se drzime i ne se davame. Napred vo novi porazi, pardon, pobedi!
bivshi struzanec, 18.02.2012 05:07:34
Da da taka e za malce isto kako i vo Makedonija, samo vo Makedonija mediumite propadjaat a ne predsedatelite. Na zdravje!!!
milan, 18.02.2012 08:40:01
Germanskite politicari se mnogu naivni.Trebalo da ja zemat nasata ministerka, naseto obvinitelstvo,naseto sudstvo,na privremena rabota.Prvo da gi zatvorea vlijatelnite mediumi,vo parlamentot da napravea red,site sluzbenici da rabotat vo interes na partijata na vlast,pa preku sopstvenite mediumi da forsirat populisticka politika, da izgradea eden kup spomenisi,na site novi gradbi od posle 1945 da im stavea barokni fasadi.Ah da zaboraviv Latas,Mirka,Milenko,i Janko ke im gi dadevme gratis.Togas razbira se nemase da frcat ostavki.
kumanovec, 18.02.2012 08:54:03
Uste tri godini da ostanea ovie nashi so obraz od gjon nema takvo neshto da im tekne.
koki, 18.02.2012 12:51:44
Гревовиве на Германскиов Претседател во однос на нашиве главешини изгледаат смешно????????? Позајмил 500000 евра????? Кај нас дрпаат милиони и никому ништо. чесни ли се пречесни........ и што е потрагично овој народ им се воодушевува?????? Боже мили, зар заслужуваме ние држава????????????????
bez trag, 18.02.2012 13:29:10
Nemaat takva viuga nasive politicari da go svatat ova za niv e naucna fantastika...Moralot i kulturata na segasnive mu e zaboraven ili nikogas go nemale ni vo domasniot ambient...
Ајван Доктор®, 18.02.2012 13:31:48
Приказна за легендарната изрека во Македонија „така е и на Запад“,со која се оправдуваат сите глупости што ги направија досегашните власти во Македонија!Од „к’о на Запад“,нема ниту ронка од позитивните работи што се случуваат таму!Македонските власти упорно ги увезуваат најцрните нешта од таму!Претседателот на Германија се зајмил 500.000 евра,а кај нас политички конвертит јавно се пофали како имал „само“150.000 евра кредит „како и секој просечен Македонец“,цела владеачка гарнитура се фали како зела бланко меници со кои пастиwот им ја одредува судбината,се претопуваат парички преку „Скопје-2014п.н.е.“во приватни џебови,а народот во делириум ги воздигнува во небесата:„Градат“!Се сеќавате,таму падна и обединителот на Германија,Хелмут Кол,заради нелегално финансирање на партијата!Кај нас владеачката багра фрлила 3 милиони евра,за кои никој не знае каде се и од каде се,но прокорупциска нè убедува дека сè е легално!Молк за 4-те стана на мама Наде,молк за фирми вон земјава!Прекрасен Чудоленд!
respekt, 18.02.2012 15:35:33
Ама упоредба.Демек Вулф со Ѓоре потрчко, Меркел со Грујо патриотот.Државата Германија со бананата Македонија! Боже, боже! Баби со баби се упоредуваат а жаби со жаби се упоредуваат.Нашиве жабари може да ги упоредуваме само со афричките. Не слушајно на нашит народ катадневно му се труби дека жабјакот е нашата иднина.
od ostrijot., 18.02.2012 19:35:20
e toae gi razlikuva germancite od nas oni greskite gi priznavat a zanasite greski e drug vinoven.
Nemaat nasi kadri da im pomognat, 18.02.2012 20:21:20
E taka e za kutriot pretsedatel Vif. da si go imaa vo Germanija Svrgovski i da ja imaa onaa nasa procuena Antikorupciska so onaj poranesen cinovnik vo MVR kako pretesedatel na istata, nemase ni bolva na go kasne. Se ce si pominese glatko . Koga kaj nas pomina glatko slucajot so Telekom, onaj so Okta, ona sise so 750.000 evra , a naseto obvinitelstvo nisto da ne pronajde., togas ovaa rabota sto ja napravil Vulf e obicna kijavica

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Обилни врнежи

Недела
Обилни врнежи
Макс: 4°C, Мин: -3°C

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |