Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
24.02.2012, 18:08

Кој е Џејмс Бериша, „летачкиот Албанец“?

На мисијата „Летајќи за Косово“ низ светот, пилотот од Ел Пасо лобира за признавање на својата земја

Иако за македонската јавност ова име е целосна непознатост, кај Албанците во Косово, во Македонија во дијаспората и во Албанија, Џејмс Бериша е прилично славна личност со ореол на неуморен борец за човекови права и пилот кој со лет околу светот лобира за меѓународно признавање на независно Косово. Тој се сретна вчера во Тетово со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Моментно Бериша е топ-тема на албанските медиуми по веста за неговото ослободување од шестемесечен притвор во Еритреја во кој западнал под многу чудни околности лани на 15 август на една од неговите летови со „авион околу светот“ во мисија во која лобира за признавање на Косово. Лично потпретседателот на косовската влада и познатиот мултимилијардер Беџет Пацоли лобирал кај еритрејските власти за негово ослободување и пред една недела одново лично тој ја известил јавноста дека Џејмс е слободен. Од Еритреја, Пацоли и Бериша преку Истанбул заедно се вратиле во Косово.

Во официјална информација од кабинетот на вицепремиерот беше соопштено дека Пацоли го исполнил ветувањето дадено на неговата мајка дека нема да запре се' додека нејзиниот син не биде ослободен и додека не триумфира правдата.

На социјалните мрежи ослободувањето на човекот чија животна максима е „Летајќи за Косово“ е дочекано со одушевување. Од 15 август минатата година контактите со летачкиот Албанец биле прекинати откако принудно слетал на некоја непозната локација во Судан и откаде, најверојатно, бил уапсен и фрлен во затвор.

Четириесетгодишниот Џејмс Бериша, кој е постојан жител на Ел Пасо, Тексас, САД, во 2009 година (една година по признавањето на Косово) решил да ја почне својата мисија „летајќи за Косово“ и во агендата на својот лет околу светот утврдил триесетина држави. Пилотска дозвола стекнал во Флорида (Flight Safety Academy in Vero Beach) и веќе имал еден лет со авион со еден мотор од Алјаска до Скопје во 2008 година.

Себеси се претставува како албанско-американски пилот, американски државјанин со потекло од Косово.

Роден е во 1972 година во Косово, каде што, како што стои во биографијата на неговиот официјален сајт (Flying for kosovo), останал до својата шеснаесетта година, односно до моментот кога сфатил дека неговиот сон да стане пилот не може да се реализира „во комунистичка Југославија“ поради неговата „расна припадност“. Заминува, значи, во Швајцарија каде што почнува да работи две работи, како градежен работник и во многу престижен хотел. Учи и добива диплома која му овозможува да напредува во менаџментот во хотелот и некаде во исто време ја добива и својата швајцарска приватна пилотска дозвола.

На 20-годишна возраст Бериша е веќе во Австралија (нема објаснување како и зошто) каде што посетува англиски колеџ за да го научи англискиот јазик, „вештина која е неопходна на секој што сака да стане пилот“.

Три години подоцна, на 23-годишна возраст, Џејмс Бериша, конечно, ја добил пилотската диплома на Флорида. (Н.Р.)


Статијата е прочитана 2204 пати.

Испрати коментар



Клеветата, најпосле, декриминализирана
Прво ратификација, па екстрадиција на осомничените
Аиво Орав од четврток во Скопје
Кој е грчкиот пријател на Метју Нимиц?
Ставрески



Objektiven, 25.02.2012 09:40:55
Ako sakal da uci raboti dve raboti mozel i vo Jugoslavija, kade togas skoluvanjeto bese skoro besplatno... Бериша е веќе во Австралија (нема објаснување како и зошто) .... Sto ponatamu da se zbori - matno, matno, matno
Tina, 25.02.2012 10:35:29
Sekoj si ima son, pa i toj. Prvo Makedonija, pa ke vidime za etnicki Albanci. A po istorija, se mislam kako tie ja preveduvat vo skolite na malecki Albancinja.? Vojna na postojanje ke se vlece se dodeka Makedonskoto prasanje trae. Taka zboruva Maja kalendarot. 2012 ke pocne promena na svetsko razbiranje na pravda, ili vojna, na site nerazumnici.
Објективна, 25.02.2012 16:28:17
Објективен,не знам која генерација си,ама се цини незнаес дека во бивша Југославија школувањето беше бесплатноа ама имаше факултети и професии кои едноставно не им се дозволуваа на малцинствата,а изговорот секогаш беше дека не ги исполнуваат условите.И не знам зошто за тебе,за Тина и за многу други успехот наа другите,различните од себе,посебно на Албанците е секогаш „матен,матен“???И, зошто треба „тие да ја преведуваат историјата“ а да не ја учат и својата историја???!!!Се додека не почнеме да го цениме и успехот на различните,по било која основа, од нас тешко дека ке може да одиме напред!
aleksandarmkd, 25.02.2012 17:09:04
Spij un na Amnesti international
tija, 25.02.2012 17:28:56
Mizi da ti bajam, ha, ha:) Ovoj Dzejms Bond Berisa poveke mi lici kako parodija za Lesli Nilsen, otkolku za 007:)
realen, 26.02.2012 18:46:06
Ova e primer kako se raboti,nemal koj da kreni telefon za nego kako kaj nas.
fani, 26.02.2012 20:23:02
cudno za tolku kratko vreme tolku mnogu da postigne...bil gradezen rabotnik ama pocnal da uci menagment!!!pa Avstralija,pa Florida!!!ne moral deckoto da uci angliski vo dalecnata Avstralija,toa mozel da go napravi direktno vo Florida kade se obucuval za pilot.Se ova mi deluva na mnogu brzo,uspesno???Covekot bil ispraten vo nekoja druga funkcija,mnogu jasno ni kazuva tekstot-

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 11°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 10°C

Петок
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (17)
Тито под притисок да се повлече - Јованка го спасува. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кој е новиот шеф на Грузија
Биѕина Иванишвили, со богатстство од 6,4 милијарди долари, живее во вселенска палата од челик...
Ексклузивен и шарен 31. „Скопски џез-фестивал“
Периодот од 19 до 23 октомври, во МОБ, Универзална и Сити хол-центар ќе биде исполнет со европски и американски џез...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |