Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Култура
03.10.2012, 17:49

Академик Ристовски - Прашањето за идентитетот не е новина

„Матица ексклузив“ ги промовираше првите пет тома од планираните десет од капиталниот опус на академик Блаже Ристовски

Тина Иванова

Монографските изданија посветени на стожерниците на македонската национална свест, Крсте Петков Мисирков, Димитрија Чуповски, на Македонското научно- литературно другарство во Петроград, на Кочо Рацин и Никола Јонков Вапцаров, како и „Историјата на македонската нација“ од академик Блаже Ристовски вчера ја доживеаја својата промоција во новоотворениот простор на издавачката куќа „Матица“ - „Матица ексклузив“. Станува збор за промоција на првите пет тома, од планираните десет, кои во наредните години ќе го заокружат обемниот и капитален научноистражувачки опус на академик Ристовски.

Директорот на „Матица“, Раде Силјан, кој ги промовираше изданијата, рече дека академик Ристовски континуирано, со многу љубов, трпеливост и посветеност веќе шест децении ги проучува појавата, развитокот и афирмацијата на македонската национална мисла. „Како верен и доследен следбеник на Мисирковите идеи, познатиот научник се придржува на фактите и во својата научноистражувачка работа секогаш поаѓа од нивната изворност, автентичност и неодрекување. Тој темелно ги истражи и научно ги согледа централните пројави во нашата историја: словенската писменост и христијанизацијата, државните формации во Македонија во средновековието, почетоците и развитокот на преродбенскиот процес и борбата за обнова на Охридската архиепископија. Голем е влогот на академик Ристовски во афирмирањето на Македонското научно-литературно другарство во Петербург, кое е основа на новата епоха во македонската културно-национална мисла и акција“, истакна Силјан.

Академик Ристовски е автор на 70 одделни публикации, со над 20 илјади страници.

„Се работи за избор од моето научно дело, кој треба да опфати десет тома. Предизвик за мене беше токму изборот, односно што да вклучам во овие десет тома од сето она што сум го работел. Бидејќи досега имам објавено многу книги и да се собере сето творештво во десет тома е многу битно“, рече академик Ристовски на вчерашната промоција. „Прво се определив за монографската обработка на личности. Овие пет првопромовирани тома се оние каријатиди од нашата културна и национална историја, од половината на 19 век, па до ослободувањето. Се надевам дека интерес ќе предизвикаат и оние томови што се занимаваат со македонскиот фолклор кои подоцна ќе бидат објавени. Мислам дека тоа ќе биде посебен придонес во осознавањето на идентитетот на македонскиот народ“.

Тој додаде и оти големо внимание им посветил и на процесите во развитокот на македонската литературна реч. „Јазикот и литературата се основата и на нашата современост“. И се запраша: „Како денес да се сфати борбата за идентитетот?“ Рече дека македонската книжевна историја, борбата за македонската државност, ќе бидат застапени во посебни томови. „И прашањето за идентитетот не е новина. Тоа е залеано со многу крв, а таа вековна борба е регистрирана во делата на нашите дејци“, истакна академик Ристовски, кој додаде дека десетте тома ќе бидат заокружување на неговата научна дејност, но и наследство кое, рече, се надева дека ќе придонесе во самоосознавањето на Македонците во иднина. „Нашата национална свест во голема мерка е корка. Треба да придонесеме кон осознавањето на македонскиот народ. Нашата наука се' уште стои пред многу предизвици“, истакна Ристовски


Статијата е прочитана 1238 пати.

Испрати коментар



Ана Дурловски повторно ја воздигна Лучија
Музејски простор отворен на скопскиот аеродром
„Бела ноќ“ во сабота во Скопје
„Тајното полициско досие на Ѓорѓи Доцев Ордев-Банев“
Емил Шулајковски изложува во Њујорк
Во КИЦ изложба на Љупчо Самарџиски
Македонската филхармонија го откупи делото на Илија Илиевски



ivan trposki, 04.10.2012 00:23:43
Cestitki do akademik Ristovski. Pozdra od Sidnej Ivan
fasar, 04.10.2012 01:18:44
Ристовски е историчар колкото Груевски е архитект. Цел живот лажи, лажи, лажи . . .
Весна.С. од Прилеп, 04.10.2012 02:21:52
Личности како академикот Блаже Ристовски кои неуморно ја промовираат вистината за Македонија - нејзината култура и историја-потрбни се и во политиката .Кога ќе имаме политичари кои ја сакаат Македонија како него тогаш иднината ќе ни стани и посветла
Bogomil(ec), 04.10.2012 07:50:20
ДО ФАСАР И од ушите ти истекува омразата кон оние што не подлегнале на фикциите за ,,бугарските корени,, на Македонците. Таквите како тебе, на нож ја дочекуваат вистината дека Македонецот не е потомок на хановите Аспарух, Омуртак... Академик Ристовски не е од таборот на софискиот историчар Божидар Димитров, и бројните слични на него, кои се уште го вртат тркалото на бугарската пропагандна машинерија за негирање на посебноста на македонскиот етнос, неговиот самороден јазик, култура, фолклор... А таквите како тебе се дежурни стрелци, со испроблематизирана национална свест.
jole, 04.10.2012 10:34:09
i jas sum istoricar ama prv pat slusam blazevski bil istoricar,ovoj komentar na blazevski e nekako diplomatski a 5 ili 10 toma sekoj moze da napise se se tpa prepiski i davanje svoe mislinje,vistinata za makedonecot e samo vo originalnite dokumenti t.e . izvorite a trite toma dokumenti za nacionalnata istorija na makedondkiot narod od 80etite se najverostojno delo de druga e dvenvo politicki menu.
Mirjana, 04.10.2012 12:38:14
Цел живот препечатува исти томови се е исто само менува корици и става свои фотографии на нив. Аман-доста е.
Nikola, 04.10.2012 17:30:33
Kole 4.10.2012god. Do Bogomil.Sto mu falese na nasio Klimentovijo pravopis,koj mu dade pravo na B.Koneski da bide fnuk na Klimen,B.Risteski da kazuva za nasta Makedonska Istorija e taka e vak ne taka ne vaka.Jas ne sakam,nitu zasluzuvam da bidam drugo SAKAM DA ZASLUZUVAM DA SAM MAKEDONEC.
Никола, 04.10.2012 18:09:08
Интересно ми е дали академик Ристовски ги вклучил информациите од најголемата творба на Мисирков - дневникот му од Балканската војна. Или пак е премолчал дека Македонецот на 20 век се самоидентификувал како Бугарин / Македонски Бугарин.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Претежно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 8°C

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 22°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)
Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кога Менхетен се врати во камена доба
По најмногу еден ден без греење и струја, без вода за туширање и да се пушти вода во тоалетот, Њујорк не е воопшто забав...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |