04.10.2012, 12:58 САД бараат шест млрд. долари од Иран за 11 септември
Американски суд донесе одлука од Иран формално да биде побарана отштета од шест милијарди долари за жртвите од нападите во Њујорк на 11 септември 2001 година.
Одлуката на Окружниот суд во Њујорк е донесена бидејќи Иран се наоѓа на списокот наводни виновници за нападот од пред 11 години, меѓу Ал Каеда, талибанците и Хезболах. Сепак, одлуката повеќе се оценува како симболично барање.
Судот како една од причините за одлуката го наведува податокот дека некои од напаѓачите кои ги киднапираа авионите, пред пристигнување во САД престојувале во Иран. |