04.10.2012, 16:03 Сирија и се извини на Турција за вчерашниот напад
Сирија денеска ја призна одговорноста за вчерашниот минофрлачки напад од своја територија, во кој загинаа петмина цивили во Турција и се извини поради тоа, изјави во Анкара турскиот вицепремиер Бешир Аталај.
- Сирија призна што направи и се извини, нагласи Аталај.
Сирија соопшти дека испитува како се случил прекуграничниот напад и го изрази своето сочувство до семејствата на жртвите и „пријателите - турскиот народ“.
Турција рано изутринава продолжи да го бомбардира сирискиот дистрикт Тел Абјад, кој е 10 километри оддалечен од турската граница. Сириски гранати вчера го погодија турскиот град Акчакале, при што загинаа пет лица, меѓу кои мајка и три деца. Веднаш потоа турската Армија го возврати ударот.
НАТО одржа итен состанок на кој и даде поддршка на Анкара и ја предупреди Сирија да го почитува меѓународното право. Сирискиот напад го осудија и САД и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун. |