03.10.2012, 14:43 Расмусен реизбран на челната позиција во НАТО
Северноатлантскиот совет соопшти денеска дека поддржал нов едногодишен мандат за актуелниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.
Одлуката е донесена по консултации и со него, а мандатот на Расмунсен е продолжен до 31 јули 2014 година.
Претходно, Расмунсен не ги потврди информациите дека побарал продолжување на мандатот. Согласно утврдените правила, редовниот мандат на генералниот секретар е четири години и постои можност за продолжување за една дополнителна година. |